Македонија
Делегација на СДСМ оддаде почит на претседателот Борис Трајковски
Делегација на СДСМ во состав Диме Велковски, претседавач со ЦО на СДСМ, Цветанка Ласкова претседателка на Форумот на жени на ССМ и Дарко Давитковски член на ИО на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, во недела, на 13 годишнината од неговата смрт.
СДСМ, како и сите граѓани на Македонија, со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Трајковски кон Република Македонија, кој посветено работеше на соработка и заедништо и отвори нови перспективи за граѓаните. Овие вредности остануваат водилка за генерациите кои доаѓаат. СДСМе цврсто определена во негување и развој на соработката и заедништвото во интерес на добрата иднина на сите граѓани иРепублика Македонија. /крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
