Македонија
Демократскиот сојуз распишува јавен повик за кандидати за градоначалници

Претседателството на Демократскиот сојуз одлучило да објави јавен повик за кандидати за градоначалници и носители на советнички листи за градот Скопје и општините во Македонија, беше соопштено денеска на партиската прес-конференција.
„Како демократска партија сакаме да мотивираме кандидати за градоначалници и советници кои не се партиски определени, но се докажани професионалци, кандидати со менаџерски способности, а пред се со висок морален интегритет, отпорни на коруптивни влијанија, почитувани во средината каде што работат и ги познаваат потребите на граѓаните во општината“, нагласуваат од партијата.
Кандидатите за градоначалници ќе треба да подготват изборна програма (2021-2025) во која ќе бидат опфатени локалните проблеми – инфраструктурни, економски, образовни, здравствени, културни, спортски… и да предложат проекти и мерки за нивна реализација.
„Програмата треба да биде резултат на проучување и анализа на состојбите и да биде изработена во соработка со граѓаните, компаниите, невладиниот сектор и експертите. Таа треба да биде подготвена до август 2021 година. Кандидатите за градоначалници треба да ги прифатат основните идејни и програмски определби на Демократскиот сојуз, како и да соработуваат со носителот на советничката листа и останатите кандидати за советници и да ги поддржуваат во изборната кампања“, истакнуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без електрична енергија делови од Скопје

Денеска делови од Скопје ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, на 9.3.2021 година (вторник), без електрична енергија ќе останат следните корисници:
Од 9:00 до 13:30 часот, корисниците на дел од ул. Борис Сарафов, спроти поранешна полиција, ул.Борис Сарафов зграда 2 и зграда 4, дел од ул.Крсто Раковски, бул. Партизански одреди према „ЈСП“ (општина Ѓорче Петров)
Од 8:30 до 13:30 часот, корисниците од населба Драчево: дел од ул. Живко Фирфов бр.85, 38, 40, 42, 44, 48 (општина Кисела Вода)
Од 11:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на населба Драчево: ул.Чупино Брдо (општина Кисела Вода).
Македонија
Сопругата на Пендаровски се вакцинира против коронавирус

Сопругата на претседателот,Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, се вакцинира против коронавирусот.
Таа објави фотографија на „Фејсбук“.
„Детска и превентивна стоматологија – вакцинирани!“, напиша Ѓоргиевска.
Македонија
Марш за женските права – „Држава што не постапува е држава што силува“

Активистки и активисти, денеска, по повод Меѓународниот ден на жената, се собраа пред Министерството за внатрешни работи (МВР) и го почнаа петтиот марш за женските права, организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права.
Скандирајќи „Држава што не постапува е држава што силува“, активистките изразија поддршка на сите жртви на родово базирано насилство и потсетија дека нема да застанат сè додека институциите не се вклучат активно во разрешување на случаите и санкционирање на виновниците одговорни за родово базирано насилство.
„Виновни се за соучество во злосторство сите што имаат моќ, одговорност и ресурси да обезбедат достоинство, правда, безбедност и заштита на личната сигурност и животот на жените и девојките, а не го прават тоа; сите што се овластени да ги откриваат, спречат, гонат и затворат насилниците, а не го прават тоа; сите што се должни и платени да обезбедат услуги и поддршка на жртвите да ја преземат контролата врз сопствените животи, а не го прават тоа; сите што помогнале во опстојување на криминалот и предизвикале штета, свесно или несвесно, со сторување или несторување, а не смееле да го прават тоа“, изјави Марија Савовска од „Акција здруженска“ и Платформата за родова еднаквост, во говорот што го означи почетокот на маршот.
Таа нагласи дека е неопходно да се обезбедат поврзани институции, јасни правила и професионалци на кои ќе им поверуваме дека ќе му стават крај на насилството врз жените и родово базираното насилство, како и навремени, квалитетни услуги и поддршка за жените и девојките жртви на насилство.
Од Платформата за родова еднаквост побараа неодложно постапување од МВР и Јавното обвинителство по сите конкретни барања, кои и овој пат ги повторија: Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство, кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови што праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени, сексуалното вознемирување преку интернет, особено да се регулира и во Кривичниот законик, и професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции.
„Тука сме, ве следиме и нема да ве оставиме раат“, заврши Савовска.
По обраќањето на активистките, присутните продолжија по рутата до Паркот на жената борец, каде што со завршни обраќања и краток перформанс за подигање на свеста за родово базираното насилство беше означен крајот на годинешниот марш за женски права.
Маршот е кулминација на неколкунеделните реакции на Платформата за родова еднаквост во насока на бавната реакција на институциите во поглед на случаите на родово базирано насилство за што им дадоа рок на институциите да реагираат до 8 март.
Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 24 организации и мрежи што здружено дејствуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост во Македонија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија4 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“