Контакт

Македонија

Демократски сојуз со писмо до Макрон: Со добивање датум сите реформски процеси ќе се одвиваат со многу поголем оптимизам

Објавено пред

Демократскиот сојуз во отворено писмо до францускиот претседател Емануел Макрон порача дека македонскиот народ и сите граѓани во изминатите 30 години направија многу компромиси и отстапки на патот кон ЕУ.

„Се откажавме од многу вредности и идентитетски прашања, ги менуваме уставот, знамето и, на крајот, името на државата, со надеж дека тие се пречки на нашиот пат кон ЕУ. Европерспективите се движечката сила на реформите и имплементацијата на преку 400 закони усогласени со евростандардите.

Постои граѓански и политички консензус за прифаќање на европските демократски вредности.

Свесни сме дека имаме уште многу работа на планот на реформите за достигнување на европските стандарди. Искрено се надеваме дека со добивање датум за почеток на преговорите, сите реформски процеси ќе се одвиваат со многу поголем оптимизам и позитивна енергија. Ќе се влијае на внатрешната и пошироката стабилност, за младите ќе се отворат нови перспективи во нашата држава и ќе се подобри економската ситуација.

Поради овие, како и поради илјада други причини, дајте ѝ шанса на Македонија да се движи напред. Се работи за преговарачки процес кој долго трае и во кој сме подготвени да ја оствариме крајната цел.

Вашиот позитивен став ќе има огромно влијание во Македонија и ќе остане врежан во колективната свест на граѓаните на Македонија.

Искрена благодарност!“ стои во писмото до Макрон.

Интервју/Дебата

(Видео) Дескоскa: Не само имот, ќе се испитуваат и влијанија врз судиите од адвокати и лоби-групи

Објавено пред

Министерката за правда во интервју за „Макфакс“ рече дека со идејата за проверката во правосудството нема да биде опфатено само испитување имот на судии и обвинители, туку и евентуално влијание од разни центри на моќ. Бегствата на обвинетите биле еден од мотивите за предлагањето на процесот на проверка.

„За да може да си објасниме зошто некои случаи се водат како што се водат, мора да видиме дали има влијание зад тие случаи, дали влијаат политичари, сегашни, поранешни, дали влијаат адвокатска фела, дали влијае криминално подземје, лоби-групи, бизнис-центри на моќ“, рече Дескоска.

„Се случуваат нелогични работи од правен аспект. Јас не сакам да коментирам судски и обвинителски одлуки, но јавноста веќе на големо почна да зборува за определени предмети и да го поставува прашањето што е причината и зошто на тој начин се однесуваат судии и обвинители. Ако тие прашања не си ги постават Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, тогаш ние немаме друга опција, освен да ги искористиме можностите, и тогаш сметам дека треба да се направи еден процес во кој ќе се испита имотната состојба на судиите, но ќе се испитаат и евентуални влијанија во носењето судски одлуки, а тоа важи и за јавните обвинители“, рече министерката.

Дескоска посочи дека е важно проверката да биде направена кредибилно: „Тоа да биде процес во кој ќе веруваат сите. Тука треба да присуствуваат и претставници на европски институции, да имаме не само мониторинг туку и активно учество на лица од европски институции, покрај антикорупционери и луѓе што го разбираат судството…“

На прашањето зошто не отиде во Судскиот совет за да присуствува на седницата и да им го пренесе на членовите незадоволството на јавноста за одредени постапувања во судовите, Дескоска рече дека ја почитува препораката на ГРЕКО, кое утврдило преголемо влијание на министерот за правда, а постапката за измена на Уставот, со која би се извадил министерот од член на Советот, е долга и е Пандорина кутија. „Министрите за правда не присуствуваат на седниците на Судскот совет не сакајќи да дадеме повод за тоа да биде протолкувано како влијание“, рече министерката.

Министерката рече дека Уставниот суд не е надлежен да ја оценува казнената политика во поглед на иницијативата за оценка на членот од Кривичниот законик за злоупотреба на службената положба и овластувањето при постапките за тендери.

„Ако ја анализирате праксата во минатото, ќе видите дека Уставниот суд има донесено судски одлуки во кои се вели дека не може да одмеруваат казнена политика, туку ценат уставност. Уставот никаде не кажува дали некој ќе биде казнет 3,5 или 7 години. Казнената политика ја остава на законодавецот, на Собранието. Лично не гледам основа за одлучување за висина на казна“, рече Дескоска.

Во поглед на барањата на граѓаните за постапувањето на извршителите, министерката за правда рече дека ги разгледала претставките од граѓаните и дека може да се размислува за дополнителни законски измени.

„Имаше предмет што сега го има доставено човек за побарување за кредит што го зел пред 9 години од Македонска банка. Таа банка сега не пости. Се чувал предметот девет години во фиока, сега одеднаш бараат да си плати, му ги бараат каматите и долгот станал голем поради тие камати. Тука реално треба да се размисли за отпис на каматите и долговите, но кога отпишувате долг и камата на приватно лице, мора да најдете средства да го надоместите од државниот буџет“, рече Дескоска.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Триесет дена притвор за дадилката што тепаше дете во игротека

Објавено пред

Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се прифаќа барањето на Јавното обвинителство за мерка притвор од 30 дена за дадилката што вчера тепаше двегодишно дете во игротека во Скопје.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор, денеска, доцна попладне, пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беше спроведена Ж. П. поради основано сомнение дека сторила кривично дело – запуштање и малтретирање дете од чл. 201, ст. 1 од КЗ. Потоа, постоењето на околноста дека може да влијае на сведоците во контекст на издадената наредба за спроведување истражна постапка и фактот дека осомничената и во иднина би можела да работи иста или слична работа, со што би се довеле во ризик други лица, судот донесе решение со кое се усвојува предлогот на Обвинителството и се определува мерка притвор во траење од 30 дена во согласност со одредбите од чл. 165, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од ЗКП“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Германија уапсен Јетон Љужа, третообвинетиот за убиството на Саздо

Објавено пред

Во Хамбург вчера германската полиција го уапсила Јетон Љужа, третообвинет за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо во Автокоманда минатата година, дознава „Макфакс“.

Тој се наоѓа во екстрадициски притвор, а по него беше распишана меѓународна потерница. Германските власти треба да одлучат по барањето за негова екстрадиција и да им го предадат на македонските власти.

Обвинителството го гони Љужа за кривично дело убиство на свиреп начин.

Во април годинава Кривичниот суд ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири на 19 години затвор за убиство на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо. Третообвинетиот беше во бегство и не беше достапен за надлежните органи. Осудените треба да им исплатат и парична отштета за душевна болка на членовите на семејството на Саздовски.

Според Кривичниот суд, обвинетите, кои дејствувале заедно, се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски.

Според обвинителниот акт, на 29 јуни 2018 година, околу 17.45 часот, на булеварот Александар Македонски во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“, тројцата му пристапиле на оштетениот и му побарале лична карта. Кога оштетениот им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано почнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите. Од силните удари оштетениот загубил рамнотежа, паднал на тротоарот, по што обвинетите без милост, истовремено и со силни удари продолжиле со клоци да го удираат по главата и градите по што тој паднал во кома. Како резултат на повредите, на 9 јули 2018 година Саздовски починал на скопската Клиника.

Прикажи повеќе...

Најново

Интервју/Дебата53 минути

(Видео) Дескоскa: Не само имот, ќе се испитуваат и влијанија врз судиите од адвокати и лоби-групи

Министерката за правда во интервју за „Макфакс“ рече дека со идејата за проверката во правосудството нема да биде опфатено само...

Македонија1 час

Триесет дена притвор за дадилката што тепаше дете во игротека

Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се прифаќа барањето на Јавното обвинителство за мерка притвор од 30 дена...

Регион2 часа

Вучиќ: Му реков на Заев дека нема да има преговори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата со македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој денеска беше во прва официјална посета на Белград,...

Македонија3 часа

Во Германија уапсен Јетон Љужа, третообвинетиот за убиството на Саздо

Во Хамбург вчера германската полиција го уапсила Јетон Љужа, третообвинет за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо во Автокоманда...

Македонија5 часа

(Видео) Бучковски: Ги победивме Михајло, Филимена, судиите и обвинителите кои решија на наш грб да прават кариера

Во завршниот збор на експремиерот Владо Бучковски за предметот „Тенковски делови”, рече дека воделе 4:0 и победата била на дофат,...

Македонија5 часа

Пендаровски од Белград: Иницијативата мал шенген не е алтернатива за ЕУ

Освен независноста на Косово, Македонија и Србија немаат други отворени билатерални прашања, рече денес српскиот претседател Александар Вучиќ по пленарната...

Регион5 часа

Брегу: Повеќе од пет милиони граѓани од Западен Балкан заминаа во ЕУ во последните седум години

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, изјави дека повеќе од пет милиони граѓани од Западен Балкан емигрирале...

Македонија6 часа

Пендаровски: Односите меѓу Северна Македонија и Србија се одлични и без спорни точки

Односите меѓу Северна Македонија и Србија се одлични и без спорни точки, изјави претседателот Стево Пендаровски, по средбата со неговиот...

Регион9 часа

Откриен идентитетот на Србинот во шпионската афера

На видеото со рускиот воен разузнавач е потполковникот во српската војска З.К., а безбедносните служби проверуваат дали тој за пари...

Регион9 часа

Во БиХ годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот

Во Босна и Херцеговина, особено во Сараево, Тузла, Зеница и Бања Лука, годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот,...

Свет10 часа

Милијардерот Блумберг влегува во трка за претседател на САД

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој е поранeшен градоначалник на Њујорк, направи уште едeн чекор кон официјалната кандидатура за претседател на САД....

Свет11 час

Нетанјаху: Обвинението за корупција и земање мито е обид за пуч

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли обвинението за корупција и го нарече обид за пуч против него. Нетанјаху во јавно...

Македонија12 часа

Почнува бесплатната вакцинација против сезонскиот грип

Бесплатната вакцинација против сезонскиот грип почнува од денеска. Од Министерството за здравство вчера информираа дека оваа сезона се набавени вкупно...

Македонија12 часа

Пендаровски во официјална посета на Србија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија. Денеска во...

Македонија22 часа

(Видео) Приведена негувателката којашто тепаше дете во игротека во Скопје

Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопстеникот на кафулето „Дежаву“, е приведена од страна на полицијата....

Македонија1 ден

МЖСПП: Малите и евтини сензори не даваат сигурни резултати за квалитетот на воздухот

Во врска со сè позачестената појава на набавка и мерења на квалитетот на воздухот со мали и евтини сензори, кои...

Македонија1 ден

Зоран Заев е добитник на меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ за 2019 година

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната церемонија во...

Македонија1 ден

(Видео) Дескоска: Јанева ја носеа на маички, а ја урниса довербата на граѓаните

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју, кое утре ќе биде објавено на „Макфакс“, рече дека е многу разочарана од...

Македонија1 ден

Државата ќе им плати речиси 10 илјади евра на адвокатите на Груевски во „Траекторија“

Државата ќе исплати судски трошоци 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на експремиерот Никола Груевски на кого му...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски со нејасен одговор дали го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не даде јасен одговор на новинарско прашање дали го поддржува договорот со Бугарија, по објавеното...

Досие