Контакт

Македонија

Демократски сојуз: Со францускиот предлог бугарските барања стануваат европски

Објавено пред

Демократскиот сојуз изразува сериозни резерви за францускиот предлог за деблокада на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ затоа што, како што наведуваат од партијата, тој во суштина ги апсорбира националистичките и негаторските барања на Бугарија и билатералниот спор, преку преговарачката рамка, го претвора во спор помеѓу Македонија и Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

„Според документите кои досега ги објавија медиумите, Предлог-преговарачката рамка за почеток на евроинтеграцискиот процес и предлог-заклучоците на Советот на Европската Унија, јасно е дека барањата на Бугарија стануваат дел од преговарачката рамка на ЕУ и од нивното исполнување ќе зависи нашиот напредок кон Европа. Тоа значи дека нашите евро-интеграции стануваат заложник на антимакедонските интереси во Софија, овојпат со европски печат.

Очигледно е дека предлогот е резултат на претходно усогласување на претставници на владите на Македонија и Бугарија, но фактот што постојат или се најавени повеќе документи кои се однесуваат на спорот, протоколи што треба да ги потпишат двете земји, како и Акциски план, кои треба во детали да опишат што се треба да направи Македонија, во суштина значи прифаќање нов договор, покрај постоечкиот Договор за добрососедство и пријателство, чие исполнување сега ќе го мониторира Европската Унија.

Со новиот договор на перфиден начин се оспорува македонскиот идентитет, историјата и јазикот и истовремено не се нудат гаранции дека Бугарија ќе престане да излегува со нови барања, уцени и блокади. Конечниот став ДС ќе го изгради по добивањето на интегралниот текст на предлогот и негова подлабинска анализа“, велат од партијата на Павле Трајанов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски: Власта на дивјачки начин прави дефокус од тешкиот живот, инфлацијата и предавството со Бугарија

Објавено пред

Срам за демократијата, очигледно дека некој ги охрабрува вака да се однесуваат, ова е чин на дивјаштво што можеше да се види вчера во комисијата за европски прашања. Мислам дека главната цел е да направат дефокус од реалните теми, а тоа е тешкиот живот, инфлацијата, предавството кое што го прават на дневна основа, преговараат позади очите на јавноста, преговараат двајца луѓе блиски на Бујар Османи, едната дури од Брисел долетана до Софија, а другиот од неговиот кабинет. Преговараат за македонскиот идентитет, јазик, македонската историја, култура, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при вечерашната посета на Општина Ѓорче Петров за вчерашниот настан во Собранието.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски посочи дека ова е исто така и дефокус од тоа што следи, одлуката на РКЕ за новата цена за електрична енергија, дефокус тешкиот живот и од власта не најдоа друг начин и се обидоа со дивјаштво да го направат.

„ Ги жалам тие луѓе на кои овој човек ќе им биде педагог и е ги образува да бидат утре академски граѓани. Наместо денеска да излезе и да се извини и да побара прошка од јавноста, го гледаме оправдувања, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека уште потрагично е што нивниот колиционен партнер СДСМ извади пратеници кои од 2020 досега немаат ниту една дискусија, но затоа вчера имаа статуси на социјалните мрежи како овој бил најдобар претседател на комисијата за европски прашања.

„ Катастрофална ситуација, но ќе се бориме, нема да се откажеме, одиме до целта до победа. Знаат дека им доаѓа крајот и во паника прават вакви дивјачки работи. Логично е да понесат одговорност но како се однесуваат СДСМ и ДУИ не очекувам дека ништо ќе се случи, но ќе дојде денот кога ќе има одговорност. Институциите ќе ги преземат луѓе кои се демократски расположени, кои веруваат во европски вредности и нема да има вакви дивјачки чинови, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ламбе ќе биде гостин на музички хепенинг на општина Гази Баба

Објавено пред

Утре со почеток во 19:00 часот на плоштадот во Автокоманда, општина Гази Баба организира музучки хепенинг под мотото “Семејството столб на општеството – Децата иднина на светот”.

dobivaj vesti na viber

На музичкиот хепенинг ќе настапи група од детскиот фестивал „Поточиња“, а за дечињата е подготвено дружење со омилените ликови од цртаните филмови, како и кловнови и други детски аниматори.

Градоначалникот Бобан Стефковски во објава на официјалната страна на фејсбук најави дека естрадниот уметник Ламбе Алабаковски ќе биде гостин на музичкиот хепенинг.

Градоначалникот Стефковски ги поканува жителите на општина Гази Баба со своите дечиња да земат учество на хепенингот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре топло време, со температури до 36 степени

Објавено пред

Времето утре ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=9

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, попладне со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 35 степени.

Продолжува периодот на многу топло време. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа43 минути

Ердоган попушти – постигнат договор за членство на Финска и Шведска во НАТО

Турција го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Нииниште. Во меѓувреме потврда...

Македонија1 час

Мицкоски: Власта на дивјачки начин прави дефокус од тешкиот живот, инфлацијата и предавството со Бугарија

Срам за демократијата, очигледно дека некој ги охрабрува вака да се однесуваат, ова е чин на дивјаштво што можеше да...

Свет2 часа

Макрон: Русија не смее да ја добие војната во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по самитот на Г7 во Германија изјави дека плановите на Русија во Украина ќе пропаднат....

Македонија3 часа

ИДЧПД: Адеми е недостоен да ги претставува граѓаните

Институт за демократија, човекови права и дигнитет – Скопје го осудува вчерашниот инцидент во македонското собрание. Оттаму жалат што повторно...

Македонија5 часа

И денес тензично на Комисијата за европски прашања, потпретседателката не дозволи процедурални обраќања

Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ побара процедурални обраќања, а не амандманска расправа за измените на Законот за работни односи. Таа...

Македонија5 часа

Силјановска-Давкова: И за лаик е јасно законот кој доведе до тепачка не може да одредува пензионирање на судии и обвинители

Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не и е јасно како на дел од судиите и обвинителите им се...

Македонија7 часа

Нови 168 ковид-позитивни – нема починати

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...

Македонија8 часа

Високи тонови и караница во Собранието, каде што вчера имаше тепачка

Со високи тонови и карање почна денешната седница на Комисијата за европски прашања, каде што вчера имаше тепачка. Координаторот на...

Регион10 часа

Одел во Грција на одмор со семејството, го уапсиле за воени злосторства

Соседна Грција одредила притвор за 59-годишен српски државјанин, кој е уапсен по европска потерница од хрватските власти поради воени злосторства...

Македонија11 час

Милошоски со кривична пријава против Азири, кој напиша „Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе“

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири. Ваквиот чекор доаѓа...

Европа12 часа

Поранешен функционер на ЦИА: Во Кремљ се подготвува заговор против Путин, би можел да заврши како Троцки

Даниел Хофман, поранешен висок офицер на ЦИА, кој служел како шеф на станица во Москва, тврди дека Путин би можел...

Свет12 часа

Во камион во Тексас починале 46 мигранти

Американските служби јавуваат дека најмалку 46 тела се пронајдени во приколка на напуштен камион на периферијата на Сан Антонио, Тексас....

Европа12 часа

Зеленски: Русите извршија терористички чин со нападот на трговскиот центар

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово ја осуди Русија за нејзините пресметани воздушни напади врз трговскиот центар во градот Кременчук велејќи...

Македонија13 часа

(Видео) „Како на Дивиот Запад“ – собранискиот инцидент во медиумите од соседството

Во Собранието на Северна Македонија дошло до физичка пресметка кога пратеникот на СДСМ-ДУИ, Арбер Адеми, со шолји за кафе и...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Адеми да си поднесе оставка како пратеник, а потоа да одговара за нападите

ДУИ си го брани криминалот со физички напади врз пратениците, Ковачевски да го осуди дивеењето на Арбер Адеми, реагираат од...

Европа14 часа

Медведев: Секој упад на Крим ќе биде објава на војна на Русија

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека секој упад на полуостровот Крим од страна на земја членка на НАТО може...

Македонија24 часа

Џафери свикал итна координација: Граѓаните самите ќе проценат од снимките кој го предизвика инцидентот

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, попладнево свика итна координација на која беа поканети сите координатори и...

Македонија1 ден

Вархеји очекува Скопје и Тирана во наредните денови да ги отворат пристапните преговори со ЕУ

Говорејќи пред членовите на Европскиот парламент и парламентите на земјите на патот кон членство во ЕУ, еврокомесарот за проширување Оливер...

Европа1 ден

(Видео) Ракетиран трговски центар во Украина

Најмалку две лица загинаа, а 20 се повредени во ракетен напад врз трговски центар во Кременчук, изјави Кирило Тимошенко, заменик-шеф...

Македонија1 ден

Димитрoв: Ако потрае играта со зборови од историското „Не“ ќе остане само прашина

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров повикува на итна реафирмација на македонските позиции во однос на спорот со Бугарија...