Македонија
Демократски сојуз: Стратегијата за ЕУ е во колапс, Османи да го информира парламентот за сите разговори со Бугарија

Демократскиот сојуз смета дека стратегијата на Македонија за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во Европската унија е во колапс и истата треба да се редефинира.
Од партијата велат: неразбирливo е тоа што министерот за надворешни работи пред некој ден објави дека имаме предлог-договор доставен до Бугарија и чекаме на нивна согласност, па покасно откако Бугарија изјави дека нема таков договор (или го отфрлиле), тоа било предлогот на Португалија, па Германија соопшти дека во 2020 година сме ја чекале Албанија за заедно да ги почнеме преговорите (сега Албанија сака да оди пред нас), па отворање на Културен центар на Бугарите, “Иван Михајлов” во Битола, изјавата на потпретседателката Јотова, дека досега од Македонија никој на барал признавање на Македонците во Бугарија, дополнително и изјавата на бугарскиот кодош, поранешен министер за одбрана :”Огин да ја гори Македонија без Бугари” итн.., се факти кои сугерираат темелно преиспитување на Стратегијата на Македонија за полноправно членство во ЕУ (ако воопшто ја имаме), која е очигледно погрешна, како и тајните разговори кои се водат со Бугарија за деблокада на овие процеси.
Демократскиот сојуз предлага министерот за надворешни работи Бујар Османи, да го инфирмира Парламентот за сите аспекти на нашите евроинтегративни процеси, како и за разговорите со Бугарија.
„Со Бугарија треба да градиме добри односи на реципрочна основа и да ги отфрлиме нерационалните историски барања, кои не кореспондираат со историските факти и 21 век“, додаваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Власта да покаже зрелост да не го блокира заемот од Светска банка за поддршка на општините

Моментално комисиите и стручните тела на ВМРО-ДФПМНЕ работат заедно со политичките партии кои се дел од коалицијата и многу скоро од денеска ќе излеземе со амандмани за ребалансот на Буџетот кои ќе бидат доставени во Парламентот. Дел од тие амандмани ќе бидат произлезени од народот и потребата на народот како подобра инфраструктура, паркови, спортски игралишта, канализација, водовод и подобри услови за живот за граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој потенцираше дека очекува власта да покаже зрелост и да ги поддржи амандманите кои ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и со истите да не се однесува неодговорно како што во моментов го кочи заемот од Светска банка за поддршка на општините во Македонија.
„ Очекувам од страна на владата одговорност и зрелост да ги поддржи тие амандмани, нешто што не е во случајот актуелно со заемот од Светска банка од 63 милиони евра кој го почнале уште во февруари 2021 мислејќи дека ќе победат градоначалниците на СДСМ на локални. И така секоја општина добива одредена сума на пари од Светска банка, потребни за подобрување на инфраструктурата. СДСМ доживеа дебакл на изборите и го кочи овој заем. Помина на комисија и сега Талат не ја става на пленарна седница, изјави Мицкоски.
Посочи дека со тој заем Гази Баба треба да добие отприлика милион евра и ако сега се вложени рекордни 50 милиони во асфалтирања на улици, ќе има нови 60 милиони денари за нови улици, канализација, водовод.
„ Но, тоа не доаѓа на дневен ред, наместо тоа има лиценца за втора лотарија. Тоа што е потреба на граѓаните, не доаѓа на дневен ред, приоритет има се поединци. Ги повикуваме и Талат и останатите да се надминат и да ја стават точката на дневен ред за луѓето да можат да добијат нови улици и тие во Гази Баба и Струга, Струмица и другите општини. Нека се покажат станува збор за 63 милиони евра кои ќе го подобрат животот на граѓаните, потенцираше Мицкоски.
Македонија
Црвенковски: Недозволиво е да немаме амбасадор во Вашинтон и да ни ги одбиваат предлозите

Апсолутно неодговорно и недозволиво е што Македонија во Вашингтон нема амбасадор цели 4,5 години, а уште полошо е што си дозволи во два наврати да предложи кандидати кои од страна на САД не беа прифатени. Ова го истакна поранешниот претседател, Бранко Црвенковски критикувајќи ја домашната надворешна политика.
„Постојано од сите институционални нивоа, и од власта и од опозицијата, се повторува дека САД се нашиот најважен стратешки партнер. Се истакнува во чие време бил потпишан Договорот за стратешко партнерство или пак во чие време ќе се води стратешкиот дијалог за продлабочување на партнерството, а се со цел во јавноста да се освојат одредени политички поени. И сега погледнете го следниот апсурд. Македонија во Вашингтон нема свој амбасадор цели 4,5 години. Тоа е апсолутно неодговорно и недозволиво. Но, има и од лошо-полошо. Република Македонија си дозволи во два наврати да предложи кандидати кои од страна на САД не беа прифатени. Ова е прв таков случај во историјата на независна и суверена македонска држава и тоа баш во однос на најмоќната, највлијателната држава во светот, во исто време и наш како што велиме најважен стратешки партнер. Штетата која со вакви неодговорни постапки се нанесува на угледот на Република Македонија е огромна“, рече Црвенковски за време на дебатата во организација на Советот на амбасадори на тема „Предизвиците на македонската надворешна политика“
Црвенковски во обраќањето рече и дека сме свдоци на постојани препукувања меѓу власта и опозицијата кој е одговорен за ваквата состојба, но последиците од овој неодговорен однос нема да ги сноси ниту само власта, ниту само опозицијата, туку државата Република Македонија во целина.
Експретседателот се осврна и на Договорот со Бугарија, коментирајќи дека формулацијата за „заедничка историја“ била голема грешка, а спорот може да трае и со години.
Македонија
Мицкоски: Примитивизмот на Џафери е фрустрирачки, тој сака да предизвика инцидент

Полн е за жал спикерот со примитивизам, и тоа навистина делува фрустрирачки за сите граѓани, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„ Тој примитивизам навистина згрозува. Но, морам да кажам не е наивен. Затоа што тој примитивизам има своја цел, а таа цел е да предизвика инцидент на лик на оној од 27-ми април, и да може овој примитивец заедно со сите тие кои што го поддржуваат да бидат претставени во едно поинакво светло од тоа што се“, истакна Мицкоски од Гази Баба, во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и нема да дозволи да надвладее примитивизмот на власта. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со активна блокада на се она што не е од интерес на граѓаните.
„ Треба да знаат тие сценаристите и организаторите дека ВМРО-ДПМНЕ е многу поискусна, и ВМРО-ДПМНЕ е многу поорганизирана, и ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ја продолжи оваа агонија во Македонија. И затоа ќе продолжиме одговорно да се донесуваме во Парламентот, да се однесуваме онака како што зацртавме со активна блокада на се она кое што не е од интерес на граѓаните. И нема да дозволиме да се повторат настани од минатото, со кои што ќе им дадеме вештачко дишење на овие би рекол примитивци кои што во моментот се на власт“, појасни Мицкоски.