Контакт

Македонија

Демократски сојуз: Францускиот нон-пејпер може да претставува забрзување на реформите во земјава

Објавено пред

Демократскиот сојуз верува дека најновиот француски предлог за редефинирање на пристапниот процес кон ЕУ претставува искрена намера со која се потврдува европската перспектива на Македонија, а не алиби за ветото дадено на Самитот на ЕУ во октомври.

Неспорен факт е, велат од партијата на Павле Трајанов, дека заостануваме во реформите во одредени области, особено во правосудството, администрацијата, како и во борбата против организираниот криминал. Според ДС, новиот неформален предлог од Париз кој се заснова на принципите за постепено придружување, построги услови, видлив напредок и реверзибилност, може да претставува вистинско забрзување на реформите во Македонија.

„Позитивната страна во предлогот е идејата земјите кандидати да имаат пристап до структурните фондови на ЕУ, како и построга контрола на реализацијата на преземените обврски на реформски план. Демократскиот сојуз потсетува дека новата француска методологија за проширување на Унијата, содржи многу недоречености, кои може да бидат изговор за бесконечно одложување на влезот на Македонија во ЕУ. Очекуваме документот да биде дополнет со акциски план за брза и квалитетна фазна имплементација на поглавјата испорачани од Унијата“, велат од Демократскиот сојуз преку соопштение.

Оттука препорачуваат Владата да направи сериозни стручни консултации и сугестиите што ќе ги достави до Франција да бидат во функција на имплементација на европските вредности и можност постигнатите резултати објективно да се оценуваат и вреднуваат.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ангелов ако ѝ мисли добро на Македонија веднаш да даде оставка

Објавено пред

Унапредувањето на статусот на Стојанче Ангелов од в.д. во директор на ЦУК од страна на Владата е само по себе скандал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, станува збор за човек кој, како што велат, ниту знае да менаџира, ниту да управува со кризи.

„Да го унапредиш, наместо да го разрешиш е бесрамен потег на власта. Не би сакале да веруваме дека Заев се опкружува со неспособни и непресмерливи ликови околу себе, само за да изгледа паметно и поспособно“, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат Ангелов ако навистина и мисли добро на Македонија доблесно да се замине и да отстапи место на некој кој е способен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Упорните пожарникари и граѓани го спасија манастирот Света Петка од пожарот во Пехчево

Објавено пред

Жителите, пожарникарите и сите инволвирани во гаснењето успеаја да го спасат манастирот Света Петка од пожарот кој повеќе од 10 часа беснее кај Пехчево.

Според информациите од терен, ситуацијата е под контрола, а гаснењето продолжува со помош и на четирите возила кои пристигнаа од Бугарија.

Паралелно продолжува гаснењето на пожарот во Делчево, кај маалото Пасјак каде едно од вкупно четирите возила кои пристигнаа како помош се вклучило во гаснење на огнената стихија над селото Нов Истевник.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се бара прогласување на кризна состојба на целата територија на државата

Објавено пред

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека дека Групата за процена попладнево одржала седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донела едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет да ѝ предложи на Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена.

„Управувачкиот комитет на седница која ја одржа предмалку го прифати предлогот на Групата за процена и ѝ предлага на Владата на РС Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија во траење од 30 дена“, посочи Ангелов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Се бара прогласување на кризна состојба на целата територија на државата

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека дека Групата за процена попладнево одржала седница на која поради зголемениот обем на...

Македонија7 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија8 часа

Пожарот во Пехчево засега не може да се гасне со хеликоптери, леталата се вратиле назад

Петте хеликоптери, два македонски и три српски, кои беа пратени да го гаснат пожарот во Пехчево, се враќаат назад. Ова...

Македонија9 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија9 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија11 час

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија13 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ16 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион18 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа18 часа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија18 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија18 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион19 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет19 часа

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ1 ден

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија2 дена

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија2 дена

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија2 дена

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија2 дена

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Досие