Контакт

Македонија

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

Објавено пред

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош. Некои од учесниците во протестот, кои биле маскирани, насилно ја турнале заштитната ограда и почнале со фрлање камења и пиротехнички средства и други предмети кон зградата на Собранието и полицискиот кордон обидувајќи се насилно да влезат во Собранието, велат од МВР.

„Околу 21.30 часот 50-ина демонстранти, движејќи се во група, се упатиле кон плоштадот Македонија и насилно влегле во два угостителски објекта, каде што искршиле дел од инвентарот и предизвикале паника и страв кај присутните гости, а во еден објект демонстрантите врз гостите фрлиле солзавец. Во близина на хотелот „Холидеј ин“ запалено е комбе „фиат“, а огнот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита“, соопштија од МВР.

На синоќешниот протест полицијата употреби солзавец и повеќе шок-бомби за растерување на толпата. Демонстрантите реагираа дека полицијата употребила прекумерна сила.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈП „Градски пазар“ во Охрид наместо доизградба на затворениот пазар донесе повисоки цени за тезгите

Објавено пред

ЈП „Градски пазар“ претрпе финансиски потешкоти и отежнати услови за работа во пазарот со една година катастрофално менаџирање.
Директорката Кристина Крлеска-Деспотоска набројаните активности во отчетот да ги поткрепи со фотографии за да можат граѓаните да видат навистина што и колку сработиле. Градбата на затворениот пазар досега требаше да биде завршена и дополнително да биде поставен нов покрив, нова фасада и поделба на Хала за текстил на две нивоа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„Дали намерно се одолговлекува заради тоа што не се дислоцирани тезгите во пазарот за да може инвеститорот да ги започне и заврши другите обврски од договорот со фасадата, покривот и халата? Дали заради тоа може да се доведе во прашање нормалното работење на пазарот?

Директорката Крлеска-Деспотоска и градоначалникот Стојаноски зошто го толерираат изведувачот и дали навистина не му наплаќаат пенали? Со тоа свесно нели го прекршувате Законот?

Дали Претријатието поседува основен проект и одобрение за градба за малото пазарче и кванташкиот пазар или овие градби се дивоградби со што е прекршен Законот за градење и направено е кривично дело?
Дали оградите на мостови, детски и спортски игралишта ги изработувате по Проект основен, одобрен од институција и дали имате квалификувани луѓе со соодветно образование и сертификати, за поставување, градба и заварување на огради и за изградба на огради на мостови?

Наместо доизградба на затвгорениот пазар, охриѓани добија повисоки цени за тезгите, стагнација и беда. СДСМ и градоначалникот Стојаноски од животот што го ветуваа донесоа само уназадување на Охрид, обвинуваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Во судот се изведуваат писмени докази за настаните од 27 април

Објавено пред

Со получасовно задоцнување во Kривичниот суд утрово продолжи судењето за настаните од 27 април. На почетокот од судското рочиште, обвинителката Вилма Рускоска повлече дел од предложените писмени докази.

Меѓу нив беа наредбата за вештачење на телефонот на ослободената од кривичен прогон, Жаклина Пешевска, цедеа од крим техника чија содржина веќе била изведена порано, цедето со препознавањето од новинар како и доставениот акт за одземени предмети од обвинетиот Михаил Младеновски.

Предметот е во фаза на доказна постапка. По сите докази предложени од Обвинителството, судот ќе ги изведува доказите на одбраната на обвинетите. За случајот обвинети се 33 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, од кои двајца како помагачи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Објавено пред

Денеска го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување обвинетиот е недозволиво да се одреди притвор. ЗКП точно наведува дека секое лице треба да е сослушано пред да му се одреди притвор, рече адвокатот на Сашо Мијалков, Антонио Апостолски.

Апостолски изјави дека како образложение за одредување мерка притвор е постоење на опасност од бегство на обвинетиот Сашо Мијалков.

Мијалков е обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ на СЈО. Мерката притвор која е по наредба на Специјалното јавно обивнителство  е во време траење од 30 дена.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување обвинетиот е недозволиво да...

Македонија46 минути

Директорот на затворот „Шутка“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија51 минута

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет1 час

(Видео) Напад во Денвер, едно лице загина, двајца напаѓачи се уапсени

Доцна синоќа во центарот на Денвер две лица отвориле оган при што неколкумина беа ранети, а едно лице загина. Шефот...

Свет2 часа

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија2 часа

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија12 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија13 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија15 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија16 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized19 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија19 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски20 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија20 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски21 час

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија23 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет24 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија24 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“1 ден

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Досие