Македонија
Денеска сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 11 до 20, а максималната од 28 до 36 степени, соопшти Управата за хидерометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло, со слаб до умерен североисточен ветер и температури до 34 степени.
Во следните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус на оваа компанија излизган на пат кон Приштина. Автобусот два дена стоел покрај автопатот.
Косовскиот портал „Дреница прес“ лани на деветти март известил дека со полиција и кранови се извлекува автобус на оваа компанија.
„Иако инцидентот се случи вчера, полицијата денес се обидува да го повлече автобусот. ’Дурмо турс’ сообраќа секојдневно од Скопје до Приштина и обратно. Не е познато дали имало повредени патници“, јавил пред речиси една година овој косовски медиум.
Министерството за транспорт и врски денес информираше дека „Дурмо турс“ има 18 линии за меѓународен превоз и 36 сертифицирани возачи, покрај меѓуопштинската линија Скопје – Гостивар на која се случи несреќата во која загинаа 14 лица.
„Дурмо турс“, според Министерството за транспорт за меѓународниот и за меѓуопштинскиот превоз, има вкупно 40 автобуси.
Министерството за внатрешни работи денес потврди дека сопственикот на „Дурмо турс“ сам себе си прави технички преглед оти покрај на туристичката агенција, Дурмиш Белули е сопственик и на станицата за технички преглед на возила „АМЗ – Гостивар“. Белули денес не сакаше да одговори на прашањата од „Макфакс“ за несреќата и за техничкиот преглед на автобусите.
Македонија
(Видео) На денот на жалост ечи турбофолк од дискотека во центар

Од дискотеката „Муд најт клаб“ во центарот на Скопје на вториот ден на жалост поради автобуската несреќа во која загинаа 14 лица вечерва ечи гласна турбофолк музика. Жители кои живеат близу дискотеката до „Макфакс“ испратија видео на кое се слуша гласна музика од забава во дискотеката.
Вториот ден на жалост трае до полноќ, а музиката се пушта од 21 часот. Дискотеката се наоѓа веднаш до меѓуградската автобуска станица од каде за последен пат тргна кобниот автобус.
Владата прогласи дводневна жалост поради смртта на 14 лица кои загинаа на автопатот Скопје – Тетово. Според сознанија на „Макфакс“ од жителите кои живеат во близина, бучавата од дискотеката била пријавувана повеќепати во полицијата и во Инспекторатот за животна средина на општина Аеродром, но судејќи по вечерашното непочитување на денот на жалост, ефекти нема.
Македонија
Само претседателот Иванов не го промени името на државата на веб-страницата

Сите министерства и државни институции на своите веб-страници го сменија името на државата во Република Северна Македонија, освен претседателот Ѓорге Иванов, кој сè уште е претседател на Република Македонија. Комисиите, агенциите, министерствата, Владата, Собранието, во текот на последните два дена вршеа промени на нивните веб-страници, а прв тоа го стори претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Денеска на полноќ истекува рокот за промената на името на сите дигитални записи, логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб-страници, медиуми кои произлегоа од преспанскиот договор.
Шефот на државата не го ратификуваше Указот на договорот од Преспа, кој беше објавен во „Службен весник“ само со фуснота.
Освен веб-страниците, сите институции треба соодветно да ги изменат меморандумите, печатените материјали, папките и индикаторите во рок од 2 недели.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Афера „Банки“3 месеци
(Видео) Афера „Банки“ – Кичевец тврди дека го измамиле банка и локални моќници
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето