Контакт

Македонија

Дерковски: На избирачкиот список има околу 1,8 милион гласачи

Објавено пред

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, и министерот за внатрешни работи, Наке Чулев, на денешната заедничка прес-конференција истакнаа дека тие имаат високо ниво на соработка.

„Веројатно в среда ќе го заклучиме избирачкиот список. Се завршија сите потребни активности, обработката на податоците. Не можам да ви ја кажам точната бројка, но околу 1.814.000 гласачи ќе бидат на избирачкиот список на овие избори. В среда дефинитивно ќе ја соопштиме бројката“, изјави Деркоски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека засега нема голем број  барања за замена на членовите и замениците од избирачките одбори.

„Согласно Законот, познати се критериуми коишто треба да се исполнат за да бидете изземени од член и заменик-член на избирачкиот одбор. Јас сум задоволен од тоа што не е голема бројката на таквите барања. Сите треба да бидеме свесни дека треба да дадеме свој придонес како граѓани на оваа држава за да се спроведе избирачкиот процес на најдобар можен начин“, изјави Деркоски.

Членовите на избирачкиот список ќе можат да бидат изземени од изборите само доколку имаат сериозни здравствени причини, хронична болест од листата на хронични болести што е објавена на сајтот на Министерството за труд и социјална политика и сериозни семејни причини за кои треба да обезбедите докази.

„Избирачкиот список е чист, ги содржи податоците на сите полнолетни граѓани кои имаат државјанство на Република Македонија. Сметам дека континуираното чистење на списокот во ДИК доведува до тоа  овој список да има високо ниво на прочистеност, ако можам така да се изразам. Граѓаните не треба да се грижат дали избирачкиот список е во ред“, изјави Деркоски.

Дерковски соопшти дека избирачките места кои не ги задоволувале критериумите за овие избори се заменети со други локации за гласање.
Во помалите рурални средини каде што нема услови, ќе се гласа во приватни закупени објекти.

Гласачите од дијаспората не се пријавиле во доволен број и затоа тие нема да гласаат на овие избори.

Дерковски истакна дека соработката на ДИК со МВР ќе продолжи и понатаму.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја потенцираше важноста на одржување демократски и фер парламентарни избори и се заблагодари на ДИК за соработката.

Македонија

Од 13 јули „Кроација ерлајнс“ воведува линија Загреб – Скопје

Објавено пред

Хрватската национална авиокомпанија „Кроација ерлајнс“ објави распоред за летови за јули, според кој од средината на овој месец ќе воведе линија од Загреб кон Скопје.

Линијата Загреб – Скопје повторно се воведува од 13 јули со два лета неделно, секој понеделник и петок, а од 22 јули уште две поаѓања неделно, секоја среда и недела, пренесува SeeBiz.

Најавени се авиони А319 со капацитет од 144 седишта за сите четири летови неделно.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДОМ: Да продолжи отстранувањето на дивоградбите покрај Охридското Езеро

Објавено пред

Зелената партија ДОМ ја поздравува решителната акција на Општина Охрид за отстранување на бесправните објекти на плажите за кои се истечени концесиите.

„Секојдневно сме сведоци на ослободување на крајбрежјето од бетонски и челични градби што го нарушуваа пределот и правеа штета на природните вредности и биолошката разновидност. Конечно, се спроведуваат неопходните активности за да се стави крај на долгогодишна узурпација на крајбрежјето. Затоа, даваме силна поддршка на Општина Охрид и инспекциските служби да продолжат со борбата за зачувување на вредностите на Охридскиот Регион и неговиот УНЕСКО-статус.

Вчера, Советот на Општина Струга донесе одлука за продолжување на мораториумот на градби и легализација на бесправни објекти, три месеци по носењето на оваа одлука во Охрид. И покрај големото доцнење, сметаме дека тоа е мал чекор во добра насока. Сепак, недозволиво е владината уредба со законска сила за плажите да не се применува на струшкото крајбрежје!

Ја повикуваме Општина Струга да го следи примерот на Охрид и да го ослободи и западниот дел на езерото од парапетчиња, платформи и други нелегални градби. Апелираме Државниот пазарен инспекторат и УЈП да обезбедат доследно спроведување на уредбата на Владата“, велат од ДОМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Објавено пред

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по изборите.

Предвремените парламентарни избори и оваа година ќе се одржат без да се знае точниот број на жители во државата. Проблемот за неспроведениот попис минатата година Османи го гледа во немањето консензус во Собранието.

„Ние на Влада постигнавме договор и донесовме закон за попис, што значи дека за првпат имавме етничко усогласување за начинот на кој ќе се спроведе пописот. Знаете дека во 2012 година пропадна поради начинот на читање на законот од двете етнички заедници. Тој консензус се постигна, но не и вкупниот политички консензус во Собрание за да го усвоиме законот. Јас мислам дека решението донесено на Влада е добро решение, коешто треба да се спроведе, но би било добро сите да бидат вклучени во пописот. Би требало веднаш по изборите да почнеме со подготовките за организирање на пописот“, истакна Османи.

Пописот во 2002 година е последниот спроведен во нашата држава.
Тоа значи дека во Македонија, 18 години се одржуваат избори без да се има реален број на населението во државата. Во 2011 власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со закон во Собранието го прекина веќе започнатиот попис.

Предлог за спроведување на пописот имаше и од СДСМ за во април 2020 година, но и тој не се случи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет2 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет2 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија2 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет2 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија2 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет2 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет2 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет3 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет14 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија20 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија20 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија21 час

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија21 час

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија21 час

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион23 часа

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија23 часа

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Економија24 часа

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и...

Македонија1 ден

Ременски бара обвинителката Русковска да биде изземена од судењето за „Меѓународен сојуз“

Фросина Ременски, третообвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, бара да се изземе обвинителката Вилма Русковска од...

Македонија1 ден

Лицата со Ковид-19, во самоизолација и хронично болните можат да се пријавуваат за гласање за изборите

Почнува пријавувањето до општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за...

Досие