Контакт

Македонија

(Видео) Дерковски: Тековните резултати покажуваат мртва трка меѓу политичките ривали

Објавено пред

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на прес-конференција соопшти дека според тековните резултати со кои располага Комисијата, очигледна е мртвата трка меѓу политичките ривали.

На речиси 70 отсто од обработените избирачки места, СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со еден процент разлика, односно 36,86 наспроти 35,96 проценти. ДУИ има освоено 10,17 отсто од гласовите и во моментот е на третата позиција.

Претседателот на ДИК упати извинување до јавноста за нефункционалноста на интернет-страницата на Комисијата велејќи дека според првичните информации станува збор за проблем предизвикан од надворешен напад.

Тој порача дека земјава имала добар изборен ден со фер атмосфера и покрај тешката и комплицирана ситуација со епидемијата на коронавирусот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Санкционирани 369 лица за неносење маски

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие (14/15.08.2020 година) на територијата на државата, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 369 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 л за 3 часа), со засилен ветер и со појава на град. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 степени, а дневната температура од 25 до 33 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 л за 3 часа), со засилен ветер и со појава на град. УВ=7

Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната температура до 31 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Во тек е реновирање на Клиниката за максилофацијална хирургија

Објавено пред

Клиниката за хирургија, вилици и врат – максилофацијална хирургија информира дека во тек е подобрување на условите во установата. Преку донација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, во вредност од 350 илјади евра комплетно се реновира целиот објект, со вкупна површина од 1500м2.

Проектот се реализира во три фази, согласно американските договорни регулативи, врз основа на барањата на командата за инженерство на морнарицата и поморските капацитети на САД.

„ И покрај здравствената криза предизвикана од Ковид-19 продолжуваме со подобрување на условите во јавноздравствените установи. На пациентите им овозможуваме квалитетна здравствена заштита на повисоко ниво. Досега реновиравме 32 установи, а во тек е подобрување на повеќе клиники и болници во државата. Првата фаза од реновирањето вклучува изградба на нов лифт, кој ќе ги поврзува приземјето, првиот и вториот кат. Поставување изолација и замена на таванот на вториот спрат, реновирање на болнички соби, простории за вработени, ходници и тоалети“, изјави министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.

Со дислоцирање на старата и дотраена опрема и инвентар, Клиниката доби 27 нови болнички кревети од Министерството за здравство. Исто така, со поддршка од Министерството установата набави агрегат за довод на електрична енергија.

Работниот процес на клиниката се одвива континуирано, согласно движењето на градежните активности.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

Во последните 24 часа во Словенијa 32 новозаболени

Во Словенија изминатите 24 часа се тестирани 1034 лица и се потврдени 32 новозаразени со ковид-19, или петмина помалку од...

Свет1 час

Русија почна со производство на вакцината

Русија почна со производство на вакцината против ковид-19, објави денеска агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на министерството за здравство. Русија соопшти...

Регион2 часа

Црна Гора ги отвори границите за македонските граѓани

Црна Гора од денеска ги отвори границите за државјаните на Западен Балкан. За влез во оваа земја од денеска е...

Свет3 часа

Најбрзата развиена вакцина некогаш била готова за 4 години

Четири години биле потребни за најбрз развој на вакцина во историјата, иако обично тој процес трае од 10 до 15...

Регион3 часа

Колона од возила – илјадници Албанци се обидуваат да влезат во Грција

Неколку илјади Албанци кои работат во Грција, заглавија денеска на границата меѓу двете земји. Тие се обидуваат да ја преминат...

Македонија4 часа

Од денеска задолжителен ПСР тест за влез во Србија

Српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои: Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе...

Македонија16 часа

Протест против поскапувањето на струјата: „Во криза им се помага на граѓаните, не на богатите капиталисти“

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Собирни места за граѓаните беа Жена парк и паркот во...

Економија20 часа

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска ја обвини Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката...

Македонија21 час

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија21 час

Според ДУИ, албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии, кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија23 часа

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Топ1 ден

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ1 ден

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија1 ден

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија1 ден

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ1 ден

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет1 ден

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет1 ден

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет1 ден

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет2 дена

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Досие