Македонија
Десет починати и 280 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.929 тестирања, а регистрирани се 280 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 137, Прилеп – 24, Охрид – 18, Битола и Штип – по 15, Кавадарци – 13, Гевгелија – 10, Ресен – 9, Куманово и Струмица – по 8, Велес – 4, Валандово и Богданци – по 3, Кичево и Демир Хисар – по 2, Тетово, Гостивар, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 70,Кавадарци – 23, Битола – 17, Прилеп – 13, Штип и Гевгелија – по 6, Кочани, Крива Паланка и Крушево – по 3, Неготино и Свети Николе – по 2, Ресен, Богданци, Кичево, Гостивар, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица (75г), Куманово (79г), Охрид (71г) и Крушево (45г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 17.11-22.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Тетово (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62г до 69г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 3лица се починати во домашни услови.
Направени се 3.929 тестови преку: ИЈЗ-501, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–261,Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-96, Биотек-146, Систина-58, лабораторија Лаор-292, Синлаб-20, Ремедика-4, Плодност–69, Генеа-7, Никоб лаб-309, ВФВ Медикал-76, Ели Медика-48, Ројал Медика–62, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–17, Жан Митрев Струмица–26, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.632.
Досега во земјата се направени вкупно 1.574.100 тестирањана Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.211,бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904, а бројот на активни случаи изнесува 4.832.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Температурите во среда и четврток ќе паднат под нулата

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата.
Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и Тетово, – 2 во Скопје, Струмица и Кочани, -1 во Демир Капија и Штип, додека 0 степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува -4 степени во Крива Паланка, – 3 во Битола, -2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а -1 во Скопје и Прилеп.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.
Македонија
Лукаревска со новоизбраните претседатели на партиските комисии: Ветеното го исполнуваме, растат платите и пензиите

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска одржа работен состанок со новоизбраните претседатели на партиските комисии.
На средбата се разговараше за актуелни теми, процесот на комплетирање на составите на комисиите, динамиката на следните активности, како и степенот на реализација на Програмата од изборите во 2020 година по соодветни области.
„Комисиите се важен дел од функционирањето на партијата, особено во креирањето на мерките и политиките за Програмите на СДСМ. Огромен дел од клучните ветувања во Програмата за парламентарните избори во 2020 се веќе реализирани или се во фаза на реализација. Година и половина пред предвиденото минималната плата надмина 20.000 денари, а просечната стигна на 34.000 денари, истовремено го зголемивме и лимитот за поврат на Мој ДДВ на 2.100 денари по тромесечје. Тоа е доказ дека нашите комисии се капацитетни, дека знаат да направат сериозни процени и навистина да креираат остварливи решенија во интерес на граѓаните и државата“ порача Лукаревска.
Пред присутните Лукаревска најави дека во периодот што следи ќе започнат различни активности околу подготовка на новата програма, затоа што како што истакна таа, навременоста и инклузивниот процес се клучот за создавање одржливи решенија.
Македонија
Директорот на ДУИ во Државни патишта за косење трева склучил договор од 2 милиони евра, реагира Николоски и укажува на корупција

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски го обвини директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ, Ејуп Рустеми дека склучил договор за тендер за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во вредност од над 2 милиони евра.
„Ова е еклатантен пример за криминал и корупција кој што се случуваат во Македонија“, напиша Николовски на својот профил каде го прикажа и договорот за тендерот.