Македонија
Дескоска на Меѓународна конференција на врховни и уставни судии во Индија
Министерката за правда, Рената Дескоска, деновиве како почесен гостин учествува на 20. Меѓународна конференција на врховни и уставни судии од светот, која се одржува во Лакнау, Индија.
Темата на овогодишната конференција е „Обединување на светот за правата на децата преку применливо меѓународно право и ефикасно меѓународно владеење“.
Во рамките на конференцијата, министерката за правда ќе се обрати на првата пленарна сесија посветена на владеењето на правото и човековите права. На конференцијата покрај судии учествуваат и министри за правда, претседатели на парламенти и поранешни шефови на држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
