Контакт

Македонија

(Видео) Дескоска: Не сум Никола Тодоров да ме шетаат по ресори

Објавено пред

Да се вратам во образование – нема. Сепак, не сум јас Никола Тодоров да ги шетам сите ресори, рече министерката за правда, Рената Дескоска, во изјава за медиумите.

„Дали ќе го напуштам Министерството за правда – не знам. Мојот пат е одење напред. Единствено место каде што можам да се вратам е Правниот факултет“, порача Дескоска пред новинарите.

Ваквата изјава на министерката за правда следува по најавата на премиерот, Зоран Заев, дека по претседателските избори, ќе следува чистка на функционери на високи владини и јавни функции, кои доволно добро не си ја извршувале својата работа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Хелсиншки комитет: Рекорден број на дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Објавено пред

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година, Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот ден на жртвите од криминал од омраза, на која беше презентиран Годишниот извештај за криминалот од омраза во 2018 година. 

Од комитетот порачаа дека во 2018 година регистриран е досега рекорден број на инциденти (123) споредено со сите претходни години. Трендот на зголемување на регистрирани инциденти сторени од омраза продолжува и во 2019 година, односно заклучно со јуни годинава, евидентирани се вкупно 109.
Бројот на инциденти извршени по основ на етничка припадност е алармантен и достигнува 64% од сите регистрирани инциденти. Скоро сите се случиле помеѓу припадници на македонската и албанската етничка заедница, а најзагрижувачки е податокот дека огромно мнозинство на жртви и сторители се малолетни лица/младинци.
Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска посочи дека Комитетот е единствен субјект во земјава, кој со поддршка на Мисијата на ОБСЕ го следи овој феномен, а Република Северна Македонија е единствена во регионот каде што државата не го прави тоа континуирано и систематизирано. Државата и понатаму не презема мерки за да ги спречи делата од омраза, но и говорот на омраза кој е главен фактор за предизвикување насилни инциденти. Според Пировска, главната забелешка е за Јавното обвинителство, кое не ги процесуира пријавите (ниту една од големиот број пријави поднесени од Хелсиншкиот комитет нема исход). Судовите, исто така, не ги третираат овие дела соодветно, односно не ја праќаат пораката дека државата се справува со овие дела. 
Хајди Штерјова Симоновиќ нагласи дека за 123 инциденти минатата година, поднесени се само 24 кривични пријави, и тоа за случаи каде се инволвирани јавни личности и политичари, но не и за оние каде сторители и жртви се малолетници. Таа посочи дека Скопје е најнебезбеден град, имајќи предвид дека најголем број инциденти се случиле во општините Гази Баба, Центар и Чаир.

Во однос на превенирањето и санционирањето на делата од омраза, Хелсиншкиот комитет ги даде следните препораки:

-Да се земе предвид искуството на државите членки на ЕУ во проширувањето во рамките на нивното кривично законодавство на опсегот/обемот на казнивите кривични дела од омраза и вклучувањето на другите мотиви на пристрасност позади овие дела;
-Да се осигура брза, ажурна и ефективна истрага и гонење на делата од омраза гарантирајќи дека пристрасните мотиви се земени предвид и во текот на кривичната постапка;
-Да се преземат соодветни мерки за да се потпомогне пријавувањето на делата од омраза од страна на жртвите, вклучувајќи мерки да се изгради доверба во полицијата и во другите институции;
-Да се соберат и објават сеопфатни и компарабилни податоци за делата од омраза, колку што е можно повеќе, вклучувајќи го бројот на такви инциденти пријавени од јавноста и евидентирани од страна на органите за спроведување на законот, бројот на осуди, пристрасните мотиви позади тие кривични дела и казните изречени на сторителите;
-Да се осигура дека жртвите на делата од омраза се поддржани и заштитени;
-Да се унапреди обуката на релевантните практичари кои доаѓаат во контакт со жртвите на дела од омраза, притоа овозможувајќи им ефикасно да им помагаат на овие жртви;
-Да се зајакнат превентивните мерки, меѓу другото, и преку рефлектирање на едукацијата за човекови права, наставните планови по историја и релевантните обуки, преземање чекори за едукација на јавноста за вредностите на културната разновидност и инклузија, особено на децата и младите луѓе.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ќе се изработи Катастар на зеленило во oпштина Кисела Вода

Објавено пред

Зеленилото во Општина Кисела Вода ќе добие своја лична карта. Од денес Градот Скопје заедно со УНДП почнуваат со изработка на Катастар на зеленилото во овој дел на градот.

За почеток, во сите основни училишта и градинки на територија на општината ќе бидат евидентирани сите зелени површини, дрва и останати насади. Сите информации за урбаното зеленило во Кисела Вода ќе бидат поставени на официјалниот Катастар за зеленило, кој ќе биде достапен и на официјалниот веб-портал на Општина Кисела Вода.

„Изработката на Катастарот на зеленило има за цел полесно и планско управување со истото, што подразбира негово подигање, одржување, заштита и реконструкција во насока на изработка на квалитетна стратегијата за развој на зеленилото на подрачјето на градот“, велат од Oпштината.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Објавено пред

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да му се одложи извршувањето на затворската казна од четири години и осум месеци.

Откако еднаш Судот го одби, Кочан, кој требаше да се јави во затворот во Идризово на 17 јули, поднесе уште барање да му се одложи казната поради нарушена здравствена состојба. Судот ја разгледал медицинската документација и донел решение со кое го одбил барањето на Кочан како неосновано.

„По добивање на целокупната медицинска документација неопходна за одлучување по барањето за одлагање на извршувањето на затворската казна на еден од обвинетите во конкретниот предмет, како и разгледување и ценење на истaтa, на 19.07.2019 година донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано“, соопшти Кривичниот суд.

Од таму додаваат дека решението е веќе доставено до странките во постапката кои имаат право на жалба до кривичниот совет, а по правосилноста на решението осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна.

Кочан е осуден за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Според пресудата, тој со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вредни 17 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Хелсиншки комитет: Рекорден број на дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година, Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Економија1 час

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина, односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините еуросупер БС-95...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија2 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет4 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет4 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет4 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет5 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет5 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет6 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија16 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија18 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион19 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија22 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија22 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија1 ден

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет1 ден

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет2 дена

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Досие