Македонија
Деспотовски предлага конкретни мерки за справување со корупцијата

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, повикува на заедничка борба против корупцијата и предлага конкретни мерки за справување со овој проблем.
„Денес, добив прашања за мојот став по повод Меѓународниот ден на борба против корупцијата. Нема да бидам нималку внимателен и политички коректен на оваа тема. Бидејќи корупцијата краде од моите, од нашите деца. Краде од нивната иднина за малкумина да живеат комотно денес. 25 години зборуваме, ама многу малку правиме. Граѓаните неодамна ја дадоа последната опомена“, напиша Деспотовски на официјалниот фејсбук-профил.
„Со #Концепт 28 воведуваме обврска за сите носители на јавни функции годишно да ја доставуваат својата имотна состојба. И таа ќе биде на увид на граѓаните преку механизмите на ДКСК не само на почетокот, туку и на крајот од мандатот како досега“, вели Деспотовски.
Тој упати и апел за заедничка борба против корупцијата.
„Ги повикувам и моите другари Фросина и Димитар, но и огромното мнозинство чесни членови на СДСМ и сограѓани, заедно да кажеме и да покажеме дека сме фронтот против ова зло“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Приремен прекин на сообраќајот на патниот правец Росоман – Кавадарци

АМСМ информира дека денеска сообраќајот на патниот правец Росоман – Кавадарци ќе биде во прекин во периодот од 10 до 14 часот.
Македонија
Зад смената на Јовев, апсолутно политика не стои, секаде каде што има злоупотреби, ќе има санкционирање, уверува Меџити

Смената на директорот на Клиниката за кардиологија, Сашко Јовев, кој ги предводеше трансплантациите на срце во земјат,а не е политичка, вели министерот за здравство, Фатмир Меџити. Тој, денес, по посетата на реновираните простории на Клиниката за ендокринологија, не сакаше да зборува за причините поради кои го разреши Јовев и најави дека попладнево на брифинг ќе ги изнесе сите детали.
„Политика, апсолутно, не стои зад смената на Јовев, секаде каде што ќе има злоупотреби со мене како министер, ќе има и санкционирање“, рече министерот Меџити и нагласи дека заедно со Јовев на успешните трансплантаци работел цел тим.
Меџити вчера го разреши Јовев од функцијата директор, а смената наиде на лавина неодобрување кај јавноста, особено кај пациентите со трансплантантирано срце и нивните семејства.
Македонија
Вмровски пратеници пред лидерската на Мицкоски: Уставни измени? Ма ни под разно!

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го потврдија веќе познатиот став околу уставните измени. Во објави на социјалните мрежи, тие реагираат, дека нема да дозволат преку уставните измени да се случи, како што велат, исполнување на поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта.
Со статус на социјалните мрежи, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески порачува дека нема наметнување на бугарски диктат и нема предавство на државата.
„Уставни измени??? Ма ни под разно! Нема наметнување на бугарски диктат и нема предавство на Македонија!
Владата и парламентарните групи на власта да престанат со сервилности и погазувањето на државните и националните интереси потсетувајќи дека Собранието во овој состав нема легитимитет за носење таква одлука против која е огромното мнозинство македонски граѓани“, пишува Јаулески.
Додава дека Собранието не треба да се доведе во позиција за исполнување поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта, туку да служи на суверенот – граѓаните.
Ние, како што рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, нема да го дозволиме тоа.
И неговиот сопартиец, Бојан Стојаноски го повтори вчерашниот став на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во пресрет на лидерската средба.
Нема промена на Уставот под бугарски диктат, напиша тој.
Според напишаното, уставните измени кои ги прифаќа македонската влада предводена од СДСМ и ДУИ се производ на диктат и под услови кои не се прифатливи за македонските граѓани.
Апелираат до Владата и парламентарните групи на власта да престанат со сервилности и погазувањето на државните и национални интереси потсетувајќи дека Собранието во овој состав нема легитимитет за носење на таква одлука против која е огромното мнозинство македонски граѓани.
„Собранието не треба да се доведе во позиција за исполнување на поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта туку да служи на суверенот – граѓаните“, се додава во ставот на ВМРО-ДПМНЕ.
И Мицкоски вчера на ист став со неговите сопартијци, дека кога ќе отиде на лидерска средба со Ковачевски нема да дозволи уставни измени.