Контакт

Македонија

Диво Насеље памети, и по четири години траумите сè уште свежи  

Објавено пред

По четири години од вооружениот конфликт во кумановското Диво Насеље, животот тече нормално. Наместо разрушени и изрешетани куќи, на улицата Перо Илиевски, каде што се одвиваа вооружените престрелки, животот тече нормално. Изградени се нови домови, во модерен стил,  со средства од држвата и од донации. Но, жителите велат – да, точно е, нови се куќите, но свежи се сеќавањата на кобните настани од 9 и 10 мај. За разлика од тогаш, овој пат жителите на Диво Насеље не беа многу расположени да евоцираат спомени. Велат дека им паѓа тешко да се враќаат назад затоа што вооружените престрелки им ги враќаат траумите.

„Никогаш повеќе да не ни случи Диво Насеље, не само на Куманово, туку никаде во светот. Овој настан засекогаш ќе остави трага во нашите животи, колку и да сакаме да зборавиме, не е возможно. Ние и ден-денеска се прашуваме што навистина се случи, од каде и зошто, кој се обиде да ни го наруши мирот? Но, среќен сум што не нè поведеа омразата и гневот, останавме разумни и не дозволивме никој да нè во вовлече во таа игра ако можам така да ја наречам“, изјави претседателот на Месната заедница „Тоде Мендол“, Шабан Демири, за „Макфакс“.

За настаните од 9 мај неми сведоци останаа четири куќи изрешетани од шрапнели, кои не беа реновирани поради вмешаност на сопствениците во терористичкиот напад.

Куманово во кобните денови

Звуци од истрели и пукотници од бомби… Пред точно четири години на 9 мај жителите на Куманово вака го дочекаа утрото. За само неколку часа, стана јасно дека во близина на градот, поточно во кумановското Диво Насеље, се одвива вооружена престрелка. Гореа куќи, градот го надлетуваа полициски хеликоптери, а оклопни возила на полицијата и специјалците ги блокираа влезот и излезот од населбата. Од мирно и раздвижено, Куманово се претвори во место на страв, паника и загриженост.

Вознемирени жени и лица на расплакани деца беа сликите што го одбележаа кобниот 9 мај кога полицијата ги извлекуваше од куќите каде што се одвиваше акцијата за разбивање на терористичката група.

„Се водеше војна, летаа куршуми на сите страни. Се скривме во подрумот и молчевме. Не знаевме што се случува. Децата цело утро плачеа“, вака некои од жителите на населбата Диво Насеље го опишаа почетокот на крвавата престрелка.

Светла точка во приказната за настаните од 9 и 10 мај е што тој не успеа да ги раскара граѓаните и да заврши со меѓуетнички конфликт. Напротив, во овие денови Македонците и Албанците беа заедно и порачуваа до т.н. нарачатели на настанот дека идејата за земање пушка во рацете нема да им успее. Тензичните 28 часа додека траеше акцијата, жителите ги поминаа заедно на неколку пункта, каде што се делеше вода, храна и меѓусебно се храбреа дека оваа е само кошмар кој набргу ќе заврши.

Хронологија и епилог на настаните

 

На настаните од 9 и 10 мај им претходеше инцидентот во караулата „Гошинце“ кон крајот на април 2015 година. Четириесет маскирани и вооружени лица со ознаки на УЧК ја нападнаа караулата во која имаше четворица дежурни полицајци и ги разоружаа. На тројца од нив им ги врзаа рацете со лисици, почнаа да ги удираат, а сетоа тоа го снимаа на камера.

Тогашниот портпарол на МВР, Иво Котевски, изјави дека во два и пол часот по полноќ во селото Гошинце, општина Липково, бил извршен државен терористички напад.

Две недели подоцна, во населбата Тоде Мендол или меѓу кумановци позната како Диво Насеље, почна акцијата за разбивање на терористичката група. Вооружените престрелки помеѓу терористичката група и македонските специјални сили траеја 28 часа, од 4 часот наутро на 9 мај до 10 часот вечерта на 10 мај, по што групата беше разбиена.

Во првичните разговори со лицата, кои претходно ѝ се предадоа на полицијата, било посочено дека цели на групата биле напади на државни и цивилни цели, кои би почнале со спроведување од средината на мај.

Во вооружената престрелка од страна на македонските безбедносни сили загинаа осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а беа повредени 37 други полицајци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба. На страната на терористите на самото место беа пронајдени 10 мртви тела во униформи. По извршената обдукција, беше потврдено дека се убиени девет косовски и еден македонски државјанин.

Лидери на акцијата беа убиените Мирсад Ндрецај и Бег Ризај со Мухамед Kрасниќи, познат како Командант Малишева, Сами Укшини познат како Командант Соколи и Дем Шаху – Командант Јануку. По акцијата, МВР информира дека оваа група била закана за целиот регион, која претходно извршила многубројни напади, а нејзините членови биле барани со меѓународни потерници.

Една година подоцна полицијата ја спроведе акцијата „Молња“, во која уапсени беа седум лица на возраст од 20 до 74 години, од кои три се од кумановското село Отља, две од скопско Брест и по едно од Арачиново и Матејче. Во домовите на осомничените беа пронајдени карти на голема Албанија, оружје и муниција.

По ова, следуваше судска постапка, во која беа обвинети 40-ина лица за кривично дело тероризам.

Процесот заврши со првостепена пресуда од 7 доживотни затворски казни, 13 казни од 40 години затвор, шест се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, а по двајца затвор од 14 и 13 години. Четворица од групата се ослободени од обвиненијата поради немање доволно докази, а на шеснаесет обвинети судот им изрече и казна протерување странец засекогаш од територијата на државата. Предемотот е обжален на Апелација и се очекува седница за затворските казни.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно, а претежно во западните делови од земјата ќе има повремен дожд. Локално се очекуваат услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.

Во западните делови ќе дува западен ветер, додека долж Повардарието ќе преовладува северен ветер, кој на места повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Според прогнозата, и во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ученикот кој беше прободен во училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели Стефковски

Објавено пред

Од

Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Нападот го извршил поранешен ученик, а повредениот е ученик во деветто одделение.

„Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен ученик кој минатата година го завршил своето образование во ова училиште, дошол и повредил ученик од деветто одделение. Во разговор со членови на семејството на повредениот ученик информиран сум дека детето е во добра здравствена состојба и се наоѓа на болничко лекување“, објави Стефковски.

Лицето кое го извршило нападот е уапсено. Според информации во јавноста, нападот се случил во основното училиште „25 Мај“. Од МВР известија дека 15 годишник вчера со остар предмет влегол во училиштето и повредил ученик.

Стефковски го осуди нападот и вели дека насилството не може да се оправда со ништо.

„Општина Гази Баба, останува во постојана координација со надлежните институции кои превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, вели градоначалникот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во завршна фаза е изградбата на боксерската сала во Битола

Објавено пред

Од

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола.

Центарот за спорт и спортски активности е еден од шеснаесетте проекти финансирани од Владата на Македонија преку Министерството за спорт со вкупна вредност од над 43 милиони денари.

Надвор во завршна фаза е довршувањето на фасадата на објектот, а во внатрешноста на објектот се довршува подот.

Објектот е на два ката со површина од околу 930 метри квадратни. Има сала за тренинг со боксерски ринг и фитнес справи. Објектот има и соблекувални машки и женски со сопствени тоалети и бањи и тоалет за лица со посебни потреби. На источната страна се просториите за спортско качувачки клуб идентични како на боксерскиот клуб, со сала за тренинг и соблекувални.

Околината на објектот ќе биде партерно уредена и ќе има паркинг.

„Ова ќе биде место за тренинг и подготовка на битолските и македонските боксери. Битола има своја боксерска историја, а во сегашноста и свои шампиони, кои ќе добијат современи и модерни услови за нивните предизвици“, велат од Општината.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава2 минути

Хороскопски знаци на кои не им се допаѓа Евровизија

Некои хороскопски знаци едноставно не можат да се пронајдат во евровизискиот хаос и спектакл, па го гледаат на сосема поинаков...

Забава20 минути

Пет земји ја бојкотираат Евровизија оваа година

Почна 70. издание на Eurovision Song Contest 2026, кое оваа година се одржува во Виена, Австрија, во салата Wiener Stadthalle....

Македонија32 минути

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање

Времето утре ќе биде променливо облачно, а претежно во западните делови од земјата ќе има повремен дожд. Локално се очекуваат...

Свет1 час

Трамп: Иранците рекоа дека ќе добиеме нуклеарен прав

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен дека Иран ќе престане да збогатува ураниум и ќе се откаже од...

Свет1 час

Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега

Американската војна во Иран досега чинела 29 милијарди американски долари, изјави денес висок функционер на Пентагон, што е зголемување од...

Македонија2 часа

Ученикот кој беше прободен во училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели Стефковски

Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот...

Економија2 часа

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди,...

Македонија2 часа

Во завршна фаза е изградбата на боксерската сала во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола. Центарот за спорт...

Македонија2 часа

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и...