Македонија
ДИК ги објави конечните резултати од вториот изборен круг
Според информациите од Државната изборна комисија, во вториот круг од локалните избори избрани се градоначалници во 35 општини, во 9 има приговори, а во Дебар вториот круг ќе се одржи на 14 ноември.
Александар Даштевски, претседателот на ДИК, информира дека со изгласување на предлог-заклучокот за известување за конечност на резултатите од гласањето за избор на градоначалници на општините и градоначалник на град Скопје, по одржаниот втор круг на гласање на 31 октомври, градоначалници се избрани во 35 општини, а во девет има поднесено приговори.
Градоначалници се избрани во:
Арачиново – Ридван Ибраими од ДУИ
Битола – Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ
Боговиње – Бесник Емши од ДУИ
Василево – Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ
Вевчани – Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ
Врапчиште – Исен Шабани од Алијансата и Алтернативата
Гевгелија – Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ
Гостивар – Арбен Таравари од Алијансата и Алтернативата
Дебарца – Зоран Ногачески од ВМРО-ДПМНЕ
Демир – Капија Лазар Петров од СДСМ
Демир – Хисар Никола Најдовски од ВМРО-ДПМНЕ
Долнени – Урим Ибески од ДУИ
Зелениково – Коста Маневски од ВМРО-ДПМНЕ
Карпош – Стевчо Јакимовски од ГРОМ
Кичево – Фатмир Дехари од ДУИ
Кратово – Тодорче Николовски од ВМРО-ДПМНЕ
Куманово – Максим Димитриевски – независен
Лозово – Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ
Македонска Каменица – Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ
Македонски Брод – Жарко Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ
Ново Село – Ѓорге Божинов од ВМРО-ДПМНЕ
Охрид – Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ
Пехчево – Александар Китански од ВМРО-ДПМНЕ
Радовиш – Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ
Ранковце – Борче Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ
Ресен – Јован Тозиевски од ВМРО-ДПМНЕ
Росоман – Стојан Николов од СДСМ
Струга – Рамиз Мерко од ДУИ
Теарце – Нухи Незири од ДУИ
Тетово – Билал Касами од Беса
Центар – Герасимовски од СДСМ
Чаир – Висар Ганиу од ДУИ
Чашка – Горан Стојановски од СДСМ
Чучер – Сандево – Сашко Комненовиќ од СДСМ
Град Скопје – Данела Арсовска – група избирачи
Како што информира Даштевски на денешната прес-конференција, приговори за гласање по листи на кандидати за градоначалници до ДИК има за општините Кочани, Старо Нагоричане, Конче, Шуто Оризари, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Студеничани, Желино, Брвеница.
Комисијата ја потврди конечноста на резултатите за избор на градоначалник во општина Дебар по одржаното гласање на 31 октомври по спроведената постапка за прегласување на првиот изборен круг.
Вториот изборен круг ќе се одржи на 14 ноември 2021 година и ќе се гласа за Хекуран Дука од ДУИ и за Беким Поцеста од Алијансата и Алтернативата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
Стевчо има повеќе квадрати во една општина свои отколку гласови
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.