Контакт

Македонија

ДИК утре ќе достави мислење за рокови за изборите

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски се сретна со членовите на Државната изборна комисија, по вчерашната одржана лидерска средба во кабинетот на претседателот, на која се разговараше за одржувањето на предвремените избори.

Пендаровски ги запозна членовите на ДИК со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес.

На средбата беше договорено ДИК во текот на утрешниот ден да го достави своето мислење до кабинетот на претседателот.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме најмногу заразени и починати во регионот, а најмалку тестирања

Објавено пред

Неспособноста на оваа влада излезе на виделина со справување со пандемијата на корона вирусот за последниве седум дена во Република Македонија каде што билансот на заразени е најголем, а најмалку направени тестови и за жал најмногу починати во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Процент на новозаболени во однос на тестирани случаи во последните 7 дена: Македонија – 4,73%, Бугарија – 2,52%, Србија – 1,62%, Хрватска – 0,21%, Грција – 0,14%, Црна Гора – 0%. Најголем процент на заразени. Повеќе од Србија, Бугарија, Грција и Хрватска вкупно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според извештаите на заразени на 1 милион жители во регионот, како што пренесуваат од опозициската партија, за последните 7 дена ситуацијата е следна:  Македонија – 91, Бугарија – 31, Србија -85, Хрватска – 4, Грција- 4, Црна Гора – 0, Албанија – 33. Македонија има и најмногу заболени лица од корона вирус во регионот. Повеќе заболени на 1 милион жители од Грција, Бугарија, Албанија и Хрватска заедно. Во Македонија има најмногу починати лица на 1 милион жители во последните 7 дена споредбено со земјите на Балканот: Македонија – 8, Бугарија – 2, Србија – 2, Хрватска – 1, Грција – 1, Црна Гора – 0, Албанија – 1, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Две лица не ја почитувале мерката за самоизолација

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, и евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 461 прекршок.

Прикажи повеќе...

Македонија

Судењето за организаторите на 27-ми април продолжува на 2 јуни

Објавено пред

По барање на одбраната, судењето за организаторите за настаните на 27-ми април се одлага, информираат од Кривичниот суд.

„Заради интерес на медиумите кои го следат судењето за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан организирање на настаните од 27 – ми април во Собранието на Р.С.М. ја информираме јавноста дека по барање на одбраната која истовремено е повикана на јавна седница во Апелациониот суд – Скопје, расправата во Кривичниот суд се одлага. Судењето ќе продолжи на 2 јуни во 10:00 часот за што се известени и странките во постапката“, велат од Кривичниот суд преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање на свадби и родендени

Со одлука на Владата од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија2 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија2 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион2 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија16 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа17 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа20 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион20 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија21 час

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија22 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија22 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија22 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија22 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет1 ден

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет1 ден

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија1 ден

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија1 ден

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија1 ден

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава1 ден

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Досие