Македонија
Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна програма. Ковачевски периодов ја претставува својата програма пред раководствата на општинските организации, форумите на жени, членовите на Централниот одбор и пратениците од сите скопски општини.
Фокусот на програмата на Ковачевски е врз внатрешното реформирање на партиските процеси, кои би резултирале со поголема инклузивност на членовите на партијата кон директно оценување на работата на раководството и финално до зацврстување на релациите и соработката Влада – локална самоуправа – партија.
Ковачевски на средбата ја истакна реформата на месните одбори, кои во иднина треба да прераснат во појдовна точка на зголемување на функционалноста на партијата.
„Функционирањето на месните одбори комплетно ќе се ревидира, при што основите за функционалноста на партијата мора да почнуваат токму од овие локални, но суштински јадра на партијата. Нашите членови ќе мора да нè евалуираат нас како раководство и ние да постапуваме“, изјави Ковачевски.
Дополнително, Ковачевски додаде дека како дел од својата програма предвидува и ревидирање на партиските комисии. Според него, токму комисиите се клучни да се активираат како тела во креирањето и евалуирањето на политиките на партијата. Тој додава дека позицијата на партијата мора да се зацврсти до таква мерка што СДСМ ќе претставува столб во креирањето на политиките на државата.
Димитар Ковачевски ја поднесе својата кандидатура за иден претседател на Социјалдемократскиот сојуз преку својата програма со наслов „Заедно, одговорно и посветено“, која се темели на три столба: социјалдемократска визија, економски раст и фер шасна и јасен систем со одговорности. На денот на поднесување на својата кандидатура тој истакна дека секој глас од партијата треба да биде слушнат, а на вчерашната средба Ковачевски и потврди дека интерните консултации во партијата се потребни на секое ниво – што може да се забележи како силна компонента во програмата на Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Температурите во среда и четврток ќе паднат под нулата

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата.
Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и Тетово, – 2 во Скопје, Струмица и Кочани, -1 во Демир Капија и Штип, додека 0 степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува -4 степени во Крива Паланка, – 3 во Битола, -2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а -1 во Скопје и Прилеп.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.
Македонија
Лукаревска со новоизбраните претседатели на партиските комисии: Ветеното го исполнуваме, растат платите и пензиите

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска одржа работен состанок со новоизбраните претседатели на партиските комисии.
На средбата се разговараше за актуелни теми, процесот на комплетирање на составите на комисиите, динамиката на следните активности, како и степенот на реализација на Програмата од изборите во 2020 година по соодветни области.
„Комисиите се важен дел од функционирањето на партијата, особено во креирањето на мерките и политиките за Програмите на СДСМ. Огромен дел од клучните ветувања во Програмата за парламентарните избори во 2020 се веќе реализирани или се во фаза на реализација. Година и половина пред предвиденото минималната плата надмина 20.000 денари, а просечната стигна на 34.000 денари, истовремено го зголемивме и лимитот за поврат на Мој ДДВ на 2.100 денари по тромесечје. Тоа е доказ дека нашите комисии се капацитетни, дека знаат да направат сериозни процени и навистина да креираат остварливи решенија во интерес на граѓаните и државата“ порача Лукаревска.
Пред присутните Лукаревска најави дека во периодот што следи ќе започнат различни активности околу подготовка на новата програма, затоа што како што истакна таа, навременоста и инклузивниот процес се клучот за создавање одржливи решенија.
Македонија
Директорот на ДУИ во Државни патишта за косење трева склучил договор од 2 милиони евра, реагира Николоски и укажува на корупција

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски го обвини директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ, Ејуп Рустеми дека склучил договор за тендер за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во вредност од над 2 милиони евра.
„Ова е еклатантен пример за криминал и корупција кој што се случуваат во Македонија“, напиша Николовски на својот профил каде го прикажа и договорот за тендерот.