Контакт

Македонија

Димитров-Аселборн: Ни претстои клучен период за одлука и јасна перспектива

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во Скопје се сретна со министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн, кој престојува во работна посета на земјава.

Главниот фокус во разговорите беше ставен на европските перспективи на Северна Македонија и очекувањата од претстојниот Совет на ЕУ. Димитров го запозна Аселборн со суштествените и одржливите реформи во клучните области идентификувани од страна на Советот на ЕУ во своите заклучоци од јуни 2018 година, а препознаени и потврдени во привремениот извештај од Европската комисија на 2 март 2020 год.

„Ни претстои клучен период за одлука и јасна перспектива. Една латинска поговорка вели Fortes fortuna adiuvat- среќата им служи на храбрите. Поминавме период во кој презедовме храбри чекори и донесовме храбри одлуки. Имаме нова предлог-методологија за пристапни преговори, ажуриран извештај од Европската комисија што недвосмислено и јасно го препознава напредокот и ја потврдува препораката за почеток на преговорите. На ред е ЕУ да возврати со одлучен чекор во насока на заеднички успех со нашите пријатели од Европа. Благодарни сме за принципиелната, недвосмислена и конзистентна поддршка од Луксембург, и особено за мудроста и искрените напори на мојот драг колега Аселборн за постигнување на европскиот консензус“, рече Димитров.

Од страна на гостинот беше поздравена силната посветеност на Владата на Северна Македонија за спроведување на реформската агенда, неопходна за забрзување на европската интеграција на земјата. Притоа го истакна донесувањето на Законот за Јавно обвинителство, како уште еден јасен сигнал за посветеноста на земјата кон европските вредности. Тој ја реафирмираше силната поддршка на Големото Војводство Луксембург за донесување одлука за отпочнување на преговорите со нашата земја во најскоро време.

Двајцата министри уште еднаш констатираа дека Северна Македонија и Луксембург негуваат блиски и отворени билатерални односи со задоволителна динамика на политички дијалог, но со потреба за интензивирање на економско-трговската соработка преку привлекување странски инвестиции. Дополнително, беа разменети мислења и околу актуелните случувања со мигрантите на границите на ЕУ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Жителите на Сарај ги предаваат старите печки на дрва и нафта

Објавено пред

Во општина Сарај почна големата еколошка акција на Град Скопје и Владата за предавање старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето. Жителите на општината Сарај кои аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери во Град Скопје денеска имаат можност да ги предадат своите стари печки на дрва, нафта и други нееколошки енергенси, во дворот на средното училиште „Сарај“. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот, а ќе продолжи и утре. Пунктот за предавање печки во средното училиште „Сарај’ денеска го посетија Градоначалникот Шилегов и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.

„Денеска се наоѓаме во општината Сарај, на една од локациите каде граѓаните ги доставуваат старите и нееколошки печки кои веќе ги замениле со енергетски ефикасните инвертер клими. Само од оваа општина пристигнати се околу 160 апликации, што значи ќе имаме 160 оџаци помалку кои ќе го загадуваат воздухот. До привременото запирање на повикот во Град Скопје се пристигнати околу 4.060 апликации. Правиме пресек на процесот на субвенционирање и заради транспарентност на реализацијата на повикот и заради подобро информирање на граѓаните за суштината на овој повик и очекуваните резултати“, рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Шилегов напомена дека во наредните две години согласно условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, во однос на тоа да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.

Прикажи повеќе...

Македонија

Скопјани пијат вода со непроменет и висок квалитет повеќе од 60 години

Објавено пред

Хемиската лабораторија која функционира во рамки на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, е секогаш во служба на граѓаните. Имено сите испитувања се изведуваат во согласнот со одредените правила, норми и регулативи во Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење,се наведува во соопштението.

На годишно ниво се изведуваат хемиски анализи на над 10.000 примероци на вода за пиење земени од над 50 места распределени долж водоснабдителниот систем на град Скопје, во должина од повеќе од 100км.

„Врз основа на резултатите кои се добиваат, утврдено е дека граѓаните на град Скопје, повеќе од 60 години пијат технички исправна вода за пиење со висок квалитет, што всушност претставува благодет и дар од природата кој го добиваме од изворот Рашче“, истакна Билјана Петровска, раководител на хемиска лабораторија за питки води, во рамки на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Нелоски: 11.8 милиони за советник на СДСМ во Град Скопје преку Фондот за иновации

Објавено пред

„Фондот за иновации продолжува да иновира нови начини за испумпување на пари од државниот буџет за сметка на фирми блиски до власта. Фирмата „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ од Скопје во сопственост на советникот во Град Скопје од СДСМ Бојан Ивановиќ и бизнис партнер на Јани Макрадули доби бизнис од 11.800.000 денари од Фондот за иновации“, изјави Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Заев преку Деспотовски дава 11.800.000 денари за агенцијата која ќе треба да организира настани, односно да обезбедува озвучување, папки, пенкала и други пропратни работи за организација на настан.

„Ова е бизнис од 11.800.000 денари, односно околу 200.000 евра кој власта на Заев преку Јован Деспотовски му ги додели на Бојан Ивановиќ, бизнис партнерот на Јани Макрадули во фирмата „Смарт Агенда“ и советник во Град Скопје од страна на СДСМ.Власта се расфрла додека народот нема за леб.

Ова се документите од договорот помеѓу фирмата на Ивановиќ и Фондот за иновации каде директор е Јован Деспотовски од СДСМ. Од истите се гледа дека договорот е склучен на 21.09.2020 година, со рамковна спогодба, без претходно распишан јавен оглас за набавка на бараната услуга.Кои се критериумите по кои била избрана фирмата на Ивановиќ?! Дали неговото партнерство во друг бизнис со Јани Макрадули е фактор за избор на фирмата за оваа голема зделка?! Или пак фактот што истиот е советник во Град Скопје и близок до Петре Шилегов?! Фондот за иновации и Јован Деспотовски мора да одговорат како и зошто е избрана и фаворизирана фирмата на Ивановиќ?! Како токму бизнис партнерот на Јани Макрадули и советник на СДСМ во Градот Скопје е лицето со чија фирма Фондот за иновации склучил договор за организирање на настани од 11.800.000 денари во четири очи?!.

Да, 11.800.000 денари за настани, и тоа во моментот кога во државата имаме 40.000 деца кои не можат да ја следат наставата затоа што немаат компјутер или пак таблет. Кога имаме над 100.000 луѓе кои живеат со 50 денари на ден. Кога 40.000 луѓе се без работа поради коронавирусот. Кога пензионери од руралните делови на државата не можат да ја добијат нивната пензија во домот затоа што Заев пропадна банка.Ова е расипништвото на власта на дело. Од џебот на граѓаните, на сметка на фирмите и функционерите на власта и нивните пријатели“,додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ42 минути

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ1 час

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија2 часа

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет3 часа

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет4 часа

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија5 часа

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа5 часа

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет6 часа

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ15 часа

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија15 часа

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа17 часа

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија18 часа

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија21 час

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија22 часа

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа23 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија1 ден

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија1 ден

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет1 ден

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија1 ден

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија1 ден

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Досие