Контакт

Македонија

Димитров – Вархеји: Крајно време е да се донесе одлуката за отворање на пристапните преговори

Објавено пред

На првиот ден од работната посета на Брисел, Министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и на Албанија, во организација на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.

Димитров порача дека и покрај неисполнетото ветување на октомврискиот Европски совет, Владата го задржа фокусот на реформската агенда и интензивно работи на убедување на земјите членки дека отворањето на преговорите со Северна Македонија ќе биде заслужен чекор што ќе придонесе за одржување на реформскиот процес внатре во земјата и ќе послужи како охрабрување за останатите земји во регионот. Во однос на методологијата, министерот Димитров потенцираше дека сè што ќе ги направи преговорите подобро структурирани, поефикасни, пофер, посуштински и покредибилни е прифатливо и е од интерес и за Северна Македонија.

„Потребно е заеднички да создадеме контекст од кој на крајот сите ќе излеземе како победници. Исходот од октомврискиот Совет на ЕУ создаде несигурност која е неопходно да се коригира што е можно побрзо. Се согласуваме со унапредување на преговарачкиот процес, но бараме носење на одлуката за почеток на преговорите без натамошно одлагање. Временската рамка е важна и со нетрпение ќе ги очекуваме предлозите на Европската Комисија. Немаме што да изгубиме од повеќе строгост во оценувањето ниту од враќање на „резервната клупа“ кога земјата не покажува резултати. Меѓутоа, ниту најдобрата методологија нема да може да го компензира отсуството на политичка волја. За тоа ни е потребен еднаков терен и јасни правила на игра кои ќе овозможат прифаќање на обврските, но и реално придвижување напред кон членство и конкретни бенефити по патот, доколку обврските задоволително се остваруваат. Северна Македонија со ЕУ реформите и разрешувајќи ги билатералните прашања со соседите веќе го пречекори прагот, тоа сите го признаваат, и очекува набрзо да и’ се овозможи еднакво како и останатите да се докажува на европскиот пат. Нестрпливо очекуваме да го започнеме реформскиот натпревар. Европа без европската перспектива за зачленување на земјите од ЗБ нема да биде комфорно и пристојно место. Време е за лидерство бидејќи влоговите се високи“ истакна Димитров.

Тој имаше прва средба со комесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји на која заеднички беше констатирано дека е крајно време да се донесе одлуката за отворање на пристапните преговори, со што исходот од октомврискот Совет на ЕУ може да се преточи во заеднички успех.

„Зајакнатата и блиска соработка со Европската комисија, како наш најблизок сојузник и партнер, е важен елемент во постигнувањето на оваа цел“ – потенцираше МНР Димитров.

На средбата се разговараше и за следните чекори поврзани со подобрување на пристапниот процес и беше договорена посета на комесарот Вархеји на Северна Македонија во јануари следната година.

Во рамки на посетата на Брисел, Димитров се сретна и со Франсоа Ру, шеф на кабинет на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Димитров ги претстави нашите очекувања за претстојниот период во контекст на одлуката на Европскиот совет и го запозна соговорникот со најновите реформски активности во земјата во клучните области, како и со унапредувањето на добрососедските односи.

За време на работниот престој во Брисел, Димитров предвидено е да има средба со шефот на кабинет на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со претседателот на групата Обнова на Европа, Дачијан Чолос, како и со повеќе европратеници, вклучувајќи ја и групата Пријатели на Северна Македонија во Европскиот Парламент.

Македонија

(Видео) Ѓорѓиевски: За советник во БЈБ поставен човек осомничен за помагање при криумчарење мигранти

Објавено пред

„Криминалот е заштитен знак на СДСМ, а криминалците си помагаат едни на други.Лица поврзани со СДСМ осомничени за тежок криминал, наместо да се соочат со правдата, добиваат награди.Последниот пример е прераспределувањето на поранешниот началник на штипската полиција Љупчо Трајковски на позицијата советник во Бирото ја јавна безбедност. Да потсетиме за Љупчо Трајковски се води судски процес заради помагање при криумчарење на мигранти“, изјави Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, да биде апсурдот уште поголем новоназначениот советник Трајковски сега е дел од Бирото за јавна безбедност кое меѓу другото има надлежност и врз секторот за гранични работи, миграции и криминалистичка полиција.

„Со други зборови ова е како да се постави дилер во Одделот за недозволена трговија со наркотици. Замислете за советник во БЈБ е поставен човек кој, според обвинението наплаќал по 200 евра од возило со мигранти и ги известувал криумчарите на кои места биле полициските патроли. Класична злоупотреба на службената должност и срам за полицијата.

Ова е кадровската политика на Заев, Спасовски и Славјанка Петровска. Полицијата наместо заштитник на граѓаните, се претвори во соучесник во криминалот.Какви совети ќе му дава осомничениот на директорот на БЈБ ? Дали со унапредување на Трајковски му се дава нова можност за криминал? Дали тој треба да остварува контакт со подземјето во пресрет на изборите во корист на СДСМ и Зоран Заев лично?Бараме Директорот на Бирото за јавна безбедност се откаже од услугите и да го разреши Трајковски од позицијата советник. Истовремено мора да има одговорност и за лицата кои не го санкционирале и дистанцирале од позициите во полицијата за да не влијае на доказите и сведоците во случајот кој што се води против него“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

За една недела „пајакот“ кренал 213 непрописно паркирани возила во Скопје

Објавено пред

Во текот на изминатата недела со специјалните возила „пајак“ се подигнати 213 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 36 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 177 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 369 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ го осуди упадот на Трипуновски во подрачната единица на Министерството за земјоделство

Објавено пред

„Со упадот во подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство од страна на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски граѓаните на дело видоа што значи враќање на режимот. Однесувањето на Трипуновски е класично режимско однесување кое потсети на времињата на груевизмот кога ВМРО-ДПМНЕ ја малтретираше и се изживуваше со администрацијата“ соопшти СДСМ.

Според партијата, со неовластеното снимање на вработените во подрачната единица Трипуновски сторил грубо прекршување на Законот за приватност на вработени во јавен или приватен сектор.

„Ништо друго и не може да се очекува од кадар на Груевски, лице против кое се води кривична пријава за злоупотреба на службената должност и човек кој организира протести на лажни земјоделци.Неовластено снимање, упади, заплашување малтретирање и закани кон вработени во администрацијата, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ не е поместена ниту милиметар надвор од насилничката, режимска матрица и затоа се што може да очекува на 12 април е нов убедлив пораз.СДСМ и граѓаните нема да дозволат администрацијата да биде заплашувана, уценувана и понижувана од кого било а најмалку од кадри на Мицкоски и Груевски“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура34 минути

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија2 часа

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија2 часа

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Свет3 часа

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт3 часа

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет3 часа

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет16 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа18 часа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија20 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа22 часа

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет24 часа

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион1 ден

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ1 ден

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет1 ден

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија1 ден

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија1 ден

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет1 ден

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион1 ден

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет1 ден

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Досие