Контакт

Македонија

Димитров во Берлин на средба со советникот за надворешна политика на претседателот Штајнмаер

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денес во Берлин ја почна дводневната работна посета на Германија со средбата со Томас Багер, советник за надворешна политика на претседателот Франк Штајнмаер.

dobivaj vesti na viber

Димитров информира за приоритетите на новата Влада, чиј фокус е ставен на реформите од европската агенда, нагласувајќи ја посветеноста кон квалитативна трансформација на општеството согласно стандардите и вредностите на ЕУ.

„Нашата примарна цел преку спроведување на реформите е да изградиме модерна европска демократија, која ќе гарантира силни институции и економски напредок во интерес на македонските граѓани“, рече Димитров.

Соговорниците се согласија дека усвојувањето на преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција токму за време на германското претседателство со ЕУ е заеднички интерес.

Македонија

Жестоко препукување на директорот на ЈСП и советник на ВМРО-ДПМНЕ за автобуските линии

Објавено пред

Жестоко препукување помеѓу новиот в.д. директор на ЈСП Александар Стојкоски кој е кадар на градоначалничката Данела Арсовска и советници од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

На Советот на Град Скопје се зборуваше за ставање во функција на нови автобуски линии по барање на граѓаните. В.Д. директорот на ЈСП Стојкоски реагираше дека има неисплатливост и бараше советниците да им објаснат на граѓаните кога истите ќе бидат укинати. А советникот Филип Јаневски од ВМРО-ДПМНЕ му врати: „Нема да ја укинете линијата ако ние тоа не го дозволиме. Значи Господ да ви се јави на сон и да ви каже да ја укинете прво ќе дојдете тука да прашате, дали 23 советници ќе одлучат.

„Имаше иницијатива за број 2 да иде до Ченто. Ќе добиете изработен елаборат колку е загуба на еден автобус. И вие само поднесувате иницијативи а не прашувате дали тоа е исплатливо или не, не оставате ЈСП да преговара“, рече Александар Стојкоски, в.д. директор на ЈСП.

Советникот Филип Јаневски му кажа дека и воведната линија 2Б на ЈСП, не може да се види по градските улици.

„Сите овде, членови на Советот сме избрани од граѓаните. Директорите се именувани функциониери. Настапот на директорот од оваа говорница е: ‘поднесувате иницијативи…’, па извинете ако поднесуваме иницијативи. Да си одиме дома ако не? Што се однесува на иницијативата за продолжување на 2-ка до Ченто, на 31 август на седницата имавте можност да излезете и да кажете дали е исплатлива, дали не е, дали може да се изведе или не. Вие не земавте збор. 37 советници гласаа ‘за’ и ја донеле најдобрата одлука. Одлуките на Советот се обврзувачки за сите. Во иницијативата стои дека треба да доставите предлог одлука во рок од 30 дена, за продолжување на 2-ка, а не за воведување на нова линија 2б, која помпезно ја најавивте. 24 поминаа откако наводно ја воведовте таа линија, јас не сум сретнал човек кој видел како изгледа тој автобус. Јас го чекав и сабајлево, го нема, не постои. Не го виделе ниту во Чаир ниту во Ченто. Вие не сте задолжен за тоа дали е исплатливо или не, туку да спроведете“, Јанески.

В.Д. директорот на ЈСП, посочи дека нема исплатливост, па тоа е причината поради што по кратко време се укинуваат линии, но и дестинациите на кои се обраќаат сега автобусите – ќе бидат скратени.

„Во Шуто оризари гравитираат дневно 21 автобус, имаме по 3400 валидации. Дали е тоа доволно за да биде оваа линија рентабилна? Вие како советници го договаравте договорот со приватните превозници. Фрапантни се анализите кои ги правиме, а тоа е дека во ниту еден приватен автобус нема фискален апарат. Со тоа е нанесена штета на ЈСП. Во врска со предлогот кој го поддржувам за подобрување на градскиот превоз во Шуто Оризари, ние со градоначалникот разговаравме и кажавме на кој начин тоа ќе го решиме. Вие кажете ни, дали ние треба да купиме нови возила за да опслужиме Шуто Оризари или ќе може градоначалникот да премести 50 кабли за да добие поквалитетен превоз. Како што сме постапиле со 2б, како што барате и за 19А да оди до Клинички центар, ќе ве молам кога ќе излеземе со анализа дека е таа неисплатлива, ќе ве молам вие да им објасните на граѓаните зошто ќе биде укината“, рече в.д. директорот на ЈСП.

Советникот Малиша Станковиќ од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во изборната програма на Арсовска е најавено дека автобусите ќе бидат достапни за сите.

„Во програмата беше најавено бесплатен превоз во ЈСП и во втората точка беше дека ќе се направи достапност до сите места на ЈСП за граѓаните. Не знам зошто директорот бара да правиме анализа за рентабилност за линијата 19 и 2. Не знам зошто имаме одредена реакција. Па нели ќе ја реализираме програмата? За неа сме гласале и сме се бореле, за неа сме се бореле, се надевам иницијативата ќе биде поддржана од сите“, кажа Станковиќ.

Советникот Јанески му укажа на в.д. директорот на ЈСП дека самоволието кај него е евидентно.

„Се навлегува надвор од ингеренциите на директорите на јавните претпријатија. Како кажа: ‘Кога ќе видите дека нема рентабилност објаснете им на граѓаните зошто ќе ја укинеме линијата’. Нема да ја укинете линијата ако ние тоа не го дозволиме. Значи Господ да ви се јави на сон и да ви каже да ја укинете прво ќе дојдете тука да прашате, дали 23 советници ќе одлучат. Затоа што нас е легитимитетот и одговорноста. Не може самоволие да демонстрирате. Повлечете поука од пред 2-3 недели кога наводно самоволие резултираше со разрешување. Кај вас е директно и јасно самоволието“, рече Јанески.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заменичката на Арсовска поднесе оставка, Град Скопје реагира дека ја ставила партијата пред скопјани

Објавено пред

Заменик-градоначалничката на Град Скопје, Бујаре Абази, која дојде од редовите на Алијансата за Албанците, поднесе оставка од функцијата.

dobivaj vesti na viber

Абази образложи дека не сака да биде во коалиција со Демократската унија за интеграција, откако Арсовка вчера назначи петмина директори на градските јавни претпријатија, од кои двајца се од таканаречената „Огнена група“ на ДУИ.

„Целата јавност вчера беше сведок како Арсовска им даваше власт на структури кои со години им нанесуваат тешка штета на Албанците воопшто, и на скопјани особено. Поради овие причини и тие наведени на почетокот, сакам да ја информирам јавноста дека денеска поднесувам оставка од функцијата заменик-градоначалник на Град Скопје и дека актуелното раководство нема да ја има нашата поддршка“, рече Абази.

По оставката на Абази, од Град Скопје реагираа дека таа била назначена како личност која треба да ги застапува интересите на граѓаните, но одлучила партијата да ја стави пред интересот на градот и скопјани.

„Департизацијата во институциите мора да биде постулат врз кој ќе се градат професионални јавни институции, а секој кој партиските интереси ги става над јавниот интерес, јасно е дека не може да функционира во насока на соодветно застапување на скопјани“, наведе Град Скопје во реакцијата.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Андоновска до Арсовска: Честито коалиција со ДУИ, но чесно ќе беше ова да го направевте пред изборите

Објавено пред

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Марија Андоновска на денешната седница на Град Скопје потенцираше дека од градоначалничката Данела Арсовска не добиле ниту еден одговор на поставените советнички прашања.

dobivaj vesti na viber

„ За жал, не добивме ниту еден одговор на поставените советнички прашања, тие советнички прашање не ги прашуваме за нас лично, тие советнички прашање ги поставуваме за оние кај што чукавме по врати, сега тие доаѓаат прашуваат и ние мора да им одговориме. Што да им одговорам, дека сте имале попаметна работа, сте менувале во канцеларијата на генералниот секретар ролетни, тоа да им го кажам па не сте имале време да одговорите, тие работи ви се поважни, камери сте ределе, врати сте ставале нови, ама не сте имале да одговорите. Ве молам претседателе да ги добиеме одговорите на нашите советнички прашања бидејќи ние сме должни да им одговориме на граѓаните“, рече Андоновска.

Таа во текот на своето обраќање ја честиташе новата коалиција помеѓу градоначалничката Арсовска и ДУИ и воедно укажа дека ако ова се случило пред изборите граѓаните немало да ѝ ја дадат поддршката на Арсовска. Андовска исто така побара од Арсовска ако тоа е исправно да си даде оставка и да излезе на избори со овие коалициски партнери.

„Воедно сакам да ја честитам еве вака јавно новата коалиција помеѓу градоначалничката и ДУИ, сигурна сум дека ако ова се случеше пред изборите, граѓаните немаше да дадат поддршка. Ако вие сметате дека ова е исправно, повелете тука дајте си оставка и излезете на избори со овие коалициони партнери“, кажа советничката.

Андоновска потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржи програмата „За модерно Скопје“, но на денешната седница има 16 точки, а нема ниту една точка од таа програма на дневниот ред.

„Ние ја поддржавме програмата ‘За модерно Скопје’, денеска на оваа седница со 16 точки нема ниту една точка од таа програма за која што ја поддржаа и граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, за жал, додаде Андоновска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Жестоко препукување на директорот на ЈСП и советник на ВМРО-ДПМНЕ за автобуските линии

Жестоко препукување помеѓу новиот в.д. директор на ЈСП Александар Стојкоски кој е кадар на градоначалничката Данела Арсовска и советници од...

Македонија11 минута

Заменичката на Арсовска поднесе оставка, Град Скопје реагира дека ја ставила партијата пред скопјани

Заменик-градоначалничката на Град Скопје, Бујаре Абази, која дојде од редовите на Алијансата за Албанците, поднесе оставка од функцијата. Абази образложи...

Македонија1 час

Ковачки до Ковачевски: Македонија не се сака со затворени очи, не се брани под јорган

Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ бара да се провери дали премиерот Димитар Ковачевски има деловна способност. Остана на ставот дека...

Македонија2 часа

Ковачевски до Ковачки: Не бев во војска поради абдоменален проблем, ти си кодош и дезертер

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека имал абдоменални проблеми и дека поради тоа не служел војска во 2000 година. Тој смета...

Македонија2 часа

Македонија ќе добие 4 милиони долари од продажбата на вилата на СФРЈ во Њујорк

Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година, продадена е за 50 милиони долари во готовина,...

Македонија3 часа

Анкета: Општинските инспектори се жалат на недостиг на опрема и кадар за определени области

НВО Инфоцентарот заедно со партнерските организации Спектар од Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга, во јуни годинава,...

Регион3 часа

Апсења во Подгорица – со години работеле за руската разузнавачка служба

Неколку црногорски државјани се уапсени во Подгорица под сомнение дека работеле за руската разузнавачка служба, дознава „Вијести“ од повеќе извори....

Свет3 часа

Трамп: Се смееја на моите предупредувања, ама веќе не се смеат

Саботажата што ги оштети гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 може да доведе до ескалација или дури и...

Европа3 часа

Дали Путин би ризикувал да ги искористи своите подморници во предизвикување експлозии на „Северен тек“?

Три крајбрежни линии на рускиот гасовод Северен тек, кој ја снабдува Германија, претрпеа „невидена“ штета во понеделникот, што резултираше со...

Свет4 часа

Шведска пронајде четврто истекување на гасоводот Северен тек

Шведската крајбрежна стража наводно открила четврто истекување гас на гасоводот Северен тек. Крајбрежната стража соопшти дека го лоцирала истекувањето откако...

Европа5 часа

Ердоган: Го познавам Путин, кога нешто ќе замисли, го прави тоа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, опишувајќи ги рускиот претседател Владимир Путин и плановите на Русија по референдумот за ослободените територии,...

Економија5 часа

МТСП: Во тек е етапната исплата на септемвриските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на 29.9.2022 година (четврток) почнува етапната исплата на пензиите за септември, кои...

Европа5 часа

Володин: Забрането е Русите да бегаат од мобилизација

Вјачеслав Володин, претседателот на руската Дума, на Телеграм објави дека Русите не треба да бегаат од Русија во обид да...

Економија5 часа

СДСМ: Мерки на Владата и за помали сметки на струја во училиштата

„Економско енергетскиот совет на Владата на синоќешната седница донесе одлуки кои гарантираат непречено снабдување со електрична енергија и енергенси за...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Ковачевски има психофизички проблем кој му предизвикал трајна неспособност, може да носи погрешни одлуки

„Дезертерот Ковачевски кукавички бега од одговори и одговорност. Тој треба да каже едноставно дали лажел за да избегне служење воен...

Регион6 часа

(Видео) Поплава во Риека, загина маж во автомобил

Силно невреме вчера ја зафати Риека и предизвика огромни поплави. Сообраќајот во делови од градот, вклучително и поголемиот дел од...

Свет6 часа

Бајден: Не злоупотребувајте го ураганот за да ја зголемите цената на нафтата

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика нафтените компании да не ги зголемуваат цените на горивата злоупотребувајќи го ураганот Ијан, кој...

Економија16 часа

(Видео) Вонредна прес-конференција на Ковачевски: Парно ќе има, училиштата ќе бидат на регулираниот пазар

Економско-енергетскиот совет донел одлука дека на 15 октомври почнува грејната сезона во Скопје и парно ќе има бидејќи е почната...

Македонија22 часа

Објавени имињата на новите директори на јавните претпријатија во Скопје

Назначени новите в.д. директори на јавните претпријатија во Скопје. Со ЈП „Лајка“ назначена е да раководи Радмила Пешева, а со...

Економија22 часа

Андонов: Ако не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризите

Доколку не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризите, при...