Контакт

Македонија

Димитров в среда ќе се сретне со Коѕијас и Нимиц во Виена

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, в среда (25 април) во Виена во попладневните часови ќе имаат средба со медијаторот на ОН за спорот за името, Метју Нимиц. објавија попладнево од македонското МНР.

Изминатите неколку дена грчките медиуми шпекулираа за нова тајна средба во Виена помеѓу министрите за надворешни работи на Грција и Македонија. Според тамошните медиуми, средбата е иницирана од изјавата на Коѕијас за грчкото „Радио 247“ дека е прекратко времето за Македонија до јуни да влезе во НАТО.

На последната средба на Коѕијас и Димитров во Охрид беше соопштено дека следната нивна средба ќе биде на 3 и 4 мај во Солун, а потоа и на 11 и 12 мај.

По средбата во Охрид, македонскиот министер за надворешни работи, Димитров, изјави дека првпат со својот колега Коѕијас разговарал за временската рамка во преговорите и начинот на имплементирање на евентуалното решение. Напредокот во преговорите го потврдија и двајцата министри, но исто така истакнаа дека остануваат најтешките прашања во решавањето на спорот за името.

Претходно, МНР информира дека Димитров утре ќе има обраќање на априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Спасовски во Букурешт на средби за зајакнување на соработката во борбата против криминалот

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес во Букурешт, во рамки на еднодневната работна посета на Романија, се сретна со министерката за внатрешни работи на оваа земја, Кармен Даниела Дан.

Во фокусот на разговорот меѓу двајцата министри беше соработка меѓу двете земји особено од аспект на продлабочување на соработката во делот на борбата против организираниот криминал, тероризмот, миграциите, компјутерскиот криминал размена на полициски искуства на оперативно ниво, како и соработката во делот со едукација и размена на кадри меѓу нашиот Центар за обука на полициски кадри и нивната Полициска академија по европски стандарди и методи кои ќе бидат од заеднички интерес на двете институции.

Двајцата министри се согласни за потребата од назначување на контакт точки за директна соработка со што ќе се овозможи размена на брзи и точни информации од полициското работење.Исто така на средбата стана збор и за безбедносните приоритети во рамки на актуелното романско претседавање со Европската Унија.

Покрај ова, министерот Спасовски се сретна и со генералниот директор на СЕЛЕК (Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа),Снежана Малеева, чие што седиште е токму во Букурешт,Романија. На оваа средба министерот Спасовски беше информиран за досегашните активности на СЕЛЕК Центарот во низа области од борбата против криминалот која што кординирано со партиципација на полициите од земјите на регионот на ЈИЕ се реализира во изминативе години, во коишто активен чинител е и нашата полиција, како и околу приоритетите за натамошно интензивирање на меѓуполициската соработка во рамките на СЕЛЕК и неговата соработка партнерите – Интерпол, САД, како и Исталијанската полиција со кои што оваа значајна асоцијација има партнерски договори за заемна соработка и оперативни активности.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Едмонд Адеми: Прогресивна и интегрирана Европа е заедничка цел

Објавено пред

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, денеска оствари работна средба со претседателот на Групата за македонско-француско пријателство во Националното собрание на Франција, Бертран Сор, и пратеничката Лилиан Танги, која е и член на Комисијата за надворешни работи при Националното собрание. На средбата присуствуваше и амбасадорката на Република Северна Македонија во Франција, г-ѓа Јадранка Чаушевска, и директорот на агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов.

Во фокусот на разговорите беа можностите за унапредувањето на положбата на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Франција, како и за актуелните политички цели на Владата на Северна Македонија и Франција. Посебен акцент беше ставен на ЕУ и НАТО-интеграција на нашата држава и важноста на поддршката на Франција во овој процес.

Во тој контекст, министерот ги запозна соговорниците со последните постигнувања на Владата во насока на изградба на праведно и инклузивно општество, засновано врз владеењето на правото и демократските вредности. Посебно се осврна на надворешнополитичките приоритети, споделувајќи ја нашата посветеност и решителност за постигнување решавачки исчекор во процесот на НАТО и ЕУ-интеграција, преку финализирање и затворање на процесот за спроведување на конечната спогодба со Грција.

Министерот Адеми притоа ги потврди добрите билатерални односи со Франација ѝ упати благодарност за досегашната поддршка и изрази очекување дека истата ќе продолжи во насока на донесување одлука во јуни за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Воедно министерот посебно се заблагодари за досегашните заложби на пратениците од Групата за македонско-француско пријателство во Националното собрание на Франција за нивната континуирана и активна поддршка во насока на унапредување на меѓусебните билатерални односи и европската интеграција на земјата.

Од страна на соговорниците беше реафирмирана нивната подготвеност да ги афирмираат активностите во насока на збогатување на добрите односи помеѓу двете држави и воедно беше поздравен досегашниот напредок на РСМ. Во насока на европските интеграции, ја истакнаа поддршката на француската влада и изразија уверување дека ќе продолжи позитивниот реформски тренд и имплементацијата на донесените реформи.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Центар официјално ќе одбие стотина барања за градење по одлуката на Уставен суд

Објавено пред

Во исчекување на објавата на одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот за градење во период од 30 дена, Општина Центар ќе ги затвори како одбиени сите досега поведени постапки за одобренија за градење. Официјално затворени ќе бидат и барањата што физички биле поднесени во Општината и барањата поднесени по електронски пат.

Овој чекор Општината го презема за да не се случи автоматски по барањата што биле поднесени електронски и по евентуално укинување на мораториумот по одлуката на Уставен суд, да биде почната постапката за добивање одобрение.

„На сите што ќе аплицираат, а влегуваат во категоријата забрана за издавање одобренија за градење, односно почнување постапка, им следува одговор од наша страна од секторот за урбанизам дека не може да почнат постапка бидејќи е донесена одлука од Советот на Општина Центар, кој воедно ги носи плановите, дека тие планови не може да се извршуваат. Сите постапки ќе бидат затворени како одбиени. Во моментот кога ќе заврши мораториумот од наша страна, без разлика дали ќе донесеме нов или ќе преземеме други правни лекови, тогаш ќе може повторно да продолжат со тие постапки. Има над стотина без разлика дали станува збор за доградба, за нова градба, градба што на каков било начин влегува во фазата за неиздавање одобренија“, вели градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Тој се изјасни дека нема да прифати укинување на мораториумот за градење во Центар оти е во интерес на граѓаните и најави нови правни мерки со кои ќе биде стопирано градењето по одлуката на Уставен суд. Кои се мерките, ќе објави откако судот ќе ја каже одлуката што беше донесена во средата минатата недела, но сè уште не е објавена на веб-страницата на судот, ниту во „Службен весник“.

„Не е во прашање дали се тајна или не, тоа е подготовка во зависност од тоа каква одлука ќе биде објавена, мораме и неа да ја разгледаме и врз основа тоа да го преземеме тој чекор што сме го спремиле“, рече градоначалникот Богдановиќ.

Претседателката на Советот на Општина Центар, Јана Белчева-Андреевска, и по одлуката на Уставен суд, очекува поддршка за мораториумот во Центар како единствен начин да прекине хаосот во урбанизмот.

„Кога ние би имале малку поголема поддршка сега и од централната власт и тоа да биде една одлука што можеби како домино ефект ќе успее да тригерира и други институции да си ја завршат работата и да не дозволат да се пренесуваат овие грешки што тука сме ги утврдиле во други општини или во други региони на Македонија, ќе биде многу добро. Од друга страна, ми се чини дека ние со одлуката правиме и еден чекор кон она што и меѓународната заедница го бара од нашата држава – да завладее правото, да се врати достоинството на живеење на луѓето, институциите да не се прогласуваат ненадлежни, туку одговорноста што ја имаат да ја фатат во свои раце и да се борат против корупцијата бидејќи оваа одлука, точно за да ги спречи сите тие незаконски донесувани одлуки или неквалитетно донесувани одлуки за граѓаните, е крајната цел за да го вратиме достоинството на секој човек и мислам дека за тоа треба да добиеме поддршка и од централната власт“, вели претседателката Белчева.

Поради нереагирањето на институциите, Белчева-Андреевска вели дека државата ни е сè уште заробена и апелира институциите да почнат да го штитат јавниот интерес наспроти интересот на поединци. Во такви услови претседателката вели дека Советот на Центар е подготвен да бара алтернативни начини како да го продолжат процесот на квалитативна евалуација на деталните урбанистички планови за да се изработат нови со поправени грешки, да се намали ризикот за граѓаните и да се донесе ново уредување на просторот по мерка на човекот.

Уставниот суд минатата недела прифати да расправа за иницијативата на Стопанската комора на Македонија и на Стопанската комора на северозападна Македонија за испитување на уставноста на мораториумот за градење во Центар, кој сметаат дека му носи голема штета на градежниот бизнис. Судот одлучи, додека се донесе конечна одлука во рок од 30 дена, да се укине мораториумот на 29 детални урбанистички планови.

Граѓаните оваа одлука ја нарекоа скандалозна оти ги штити бизнис-интересите наместо јавниот интерес.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

(Видео) Центар официјално ќе одбие стотина барања за градење по одлуката на Уставен суд

Во исчекување на објавата на одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот за градење во период од 30 дена,...

Топ2 часа

20-те закони што Иванов ги врати во Собранието пратениците повторно ќе ги гласаат

Претседателот Ѓорге Иванов до Собранието врати уште пет закони, со што вкупниот број укази на закони што шефот на државата...

Македонија3 часа

(Видео) УЈП сè уште го истражува имотот на верските заедници

Сè уште не е завршена постапката што ја отвори Управата за јавни приходи за имотот, парите и даноците на верските...

Македонија3 часа

Мијалков: Контактите и имотот во странство ги имав и досега, не помислувам да бегам

Мојот имот во странство, престој во Чешка и наводните мои контакти ги имав и порано и сега. Под истите околности...

Македонија4 часа

ИВЗ: Нема компромис за џамијата во Охрид, ние ќе градиме

Реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата на 32-метарското минаре за Исламската верска заедница е завршена работа. Градежните работи...

Македонија4 часа

(Видео) Најбогатиот Македонец заработил 3,5 милиони евра

Најбогатиот Македонец во 2017 е скопјанец, кој остварил 212 милиони денари, пријавени како бруто-приход. Зад него следува друг скопјенец, кој остварил приближно...

Македонија6 часа

„Фејсбук“: Избришани над 2.000 лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија за кои навела дека...

Топ8 часа

Автомобил удри во шестгодишно дете од Кумановско

Вчера, во селото Опае, општина Липково, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (24) од село Лопате, Кумановско,...

Топ8 часа

Обвинителството гони две лица и инспектор поради сечење трска во Струга

Основното јавно обвинителство од Струга поведе постапка против две лица и инспектор од Министерството за животна средина поради сечење на...

Економија8 часа

Акционерите од „Топлификација“: Поради лажниот стечај, оштетени сме за повеќе од 34 милиони евра

Акционерите од „Топлификација“ испратија отворено писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, и други институции во државата. Во писмото тие информираат...

Македонија10 часа

Aпелација ќе одлучува за притворот на Сашо Мијалков

Апелациониот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор, која му...

Македонија23 часа

Спасовски за инцидентот во Марино: Секој ќе одговара за направеното, нема кој да влијае врз истрагата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го осуди насилството во дискотеката во Марино каде со нож беше избоден полицаец и...

Свет23 часа

Трамп ја призна Голанската Висорамнина како територија на Израел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша декрет со кој официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, која Израел ја...

Македонија1 ден

Министерството за правда ги чека амандманите од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавното обвинителство

Министерството за правда ги очекува амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за Јавното обвинителство. Од Министерството се надеваат на...

Топ1 ден

Каменуван воз на влезот во Тетово

Вчера на железничката станица на влезот од Тетово непознато лице го каменувало патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје –...

Македонија1 ден

(Видео) Децата без родители до Царовска: Државата, наместо да ни биде мајка, таа нè брка надвор

До кога децата без родители ќе завршуваат на улица, а ќе се удирате в гради дека има закони и дека...

Топ1 ден

Мицкоски се сретна со пратениците исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во Собранието, се сретна со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и...

Македонија1 ден

(Видео) Власта со Беса и Алијансата ќе обезбедува мнозинство за СЈО

Фадил Зендели од Беса денеска информира дека биле повикани на работна средба за СЈО, но до власта порача дека тие...

Македонија1 ден

14,5 илјади евра отштета за клевета и навреда бара Фрчкоски од Стојан Андов

Во решението на скопскиот Граѓански суд за привремената мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и...

Свет1 ден

(Видео) Шпанскиот крал заглави во авионот за време на посетата на Аргентина

Посетата на добра волја на Аргентина од страна на шпанскиот кралот Фелипе Шести имаше урнебесен почеток кога кралот и неговата сопруга, кралицата...

Досие