Контакт

Македонија

Димитров до Палмер: Македонските граѓани својата иднина ја гледаат во евро-атлантското семејство

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес имаше средба со заменикот на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на Република Македонија. На средбата беше разговарано за евро-атлантските перспективи на земјата, како и за актуелните политички состојби во Република Македонија и во регионот.

Министерот Димитров упати благодарност за континуираната американска поддршка на евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Тој нагласи дека граѓаните на Република Македонија иднината на својата земја ја гледаат во евро-атлантското семејство и изрази уверување дека успешно ќе го изодиме патот кон заслуженото место во НАТО и Европската Унија.

Димитров и заменикот на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, разговараа за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во парламентот со цел успешна имплементација на договорот со Грција  и зачленување на Република Македонија во алијансата како нејзина 30-та земја членка.

Македонија

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати „Итен 24“ и „Упат без термин“

Објавено пред

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин, со цел, како што велат од Министерството, подобрување на здравствената евиденција и поедноставување на работата на здравствените работници, но пред се заради оптимизација на процесот на упатување на пациентите и побрзо добивање на услугата која им е потребна на пациентите.

Најзначајната новина која се воведува се два нови упати, од кои првиот тип е „Итен 24“, кој ќе се издава доколку лекарот кој врши преглед утврди дека пациентот заради неговата состојба животозагрозувачка итна состојба, е неопходно да биде прегледан од специјалист, односно супспецијалист или да му биде извршена одредена дијагностичка процедура во рок од 24 часа.

Вториот тип на упат се нарекува „Упат без термин“ и се користи во случај кога пациентот има потреба од преглед, поврзан со остварување одредено право и прегледот треба да се изврши во следните седум дена. Овој тип на упат ќе се користи доколку во установата каде што се упатува пациентот не постои слободен термин во следните седум дена за т.н. регуларен преглед.

Имено, упатот без термин нема да се користи за прв преглед, туку за остварување права и обврски на осигурениците од задолжително здравствено осигурување и тоа за: препорака за боледување, препорака за користење хронична терапија, препорака и издавање ортопедски помагала, остварување право на БПО, остварување други права за кои е потребно мислење од специјалист/супспецијалист/ конзилиум на лекари, преглед/аплицирање терапија, која поради здравствената состојба треба да се изврши во рок од 24/48/72 часа.

Во делот на болничко работење се воведува нова мерка, со која отпусното писмо задолжително ќе се издава на денот на испишување на пациентот од болница, а најдоцна во рок од 24 часа. Доколку за пациентот се чека хистопатолошки наод се издава отпусно писмо со работна дијагноза, а по добивање на резултатите и отпусно писмо со конечна дијагноза.

Исто така, интерклиничкиот упат и интерболничкиот упат се спојуваат во еден тип – Упат за трансфер на хоспитализиран пациент.

Управата за електронско здравство, заедно со ФЗОМ во изминатиов период работеше на подготовка на правната регулатива во овој сегмент, во соработка и консултација со јавните здравствените установи и Лекарската комора на Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шутка

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари Ѓоко Котевски по вчерашните вербални и физички напади на ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски.

„Во затворот секој треба да си ја врши работата и да не дозволува ни намерни ни ненамерни инциденти. Секое лице што доаѓа таму лишено од слобода треба да биде безбедно. Со оглед на тоа што Владата го именува директорот на затворот во Шутка очекувам тој во понеделник до Владата да поднесе оставка“, рече премиерот Заев на денешната конференција за борба против корупција.

Премиерот објасни дека се слушнал со директорот Котевски кој му поднел устен извештај за инцидентите. Според директорот, Ристовски прв вербално нападнал друг притвореник, а за кусо време се случил уште еден инцидент. Премерот тврди дека вакви постапки нема да се толерираат без оглед дали истрагата ќе покаже дека нападнатите го испровоцирале инцидентот или не.

Прикажи повеќе...

Македонија

Исмет Гури: Избламирани сме со судењето и нарушен ни е интегритетот

Објавено пред

Во кривичниот суд по четврти пат од почеток почна судењето за предметот на СЈО за уништување изборен материјал во предметот „Титаник 3“. Претседател на судечкиот совет е судијката Марија Клетничка.

Обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими рекоа дека во согласност со Законот за употреба на јазиците бараат обвинението и сите досегашни списи да им бидат преведени на албански јазик.

„Текстуално разбирам за што сум обвинет, а суштински не“, рече Исмет Гури. „Толку сме избламирани со судењето што ни е нарушен интегритетот“, кажа пред судот обвинетиот Исмет Гури.
И двајцата рекоа дека не се чувствуваат виновни.

Судењето почна од почеток откако судијката Оља Ристова побара да биде иземена поради изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и написите во медиумите, со кои, како што беше официјално соопштено, се вршел притисок врз судот во врска со заканите кои му ги упатил адвокатот на Ејуп Алими, Мефаил Исмаили на обвинителот Гаврил Бубевски, како и поради начинот на водењето на предметот.

Претходните одлагања на овој предмет беа поради промена на судечкиот совет. Во „Титаник 3″, за уништување изборен материјал обвинети се координаторот на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури. Првото рочиште се одржа на 16 март 2018 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати „Итен 24“ и „Упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин, со цел, како што велат од...

Македонија6 минути

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шутка

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари Ѓоко Котевски по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија44 минути

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Европа2 часа

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија2 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија2 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија12 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија14 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија15 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија17 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија17 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија18 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ20 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија20 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Крвав четврток20 часа

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во...

Македонија21 час

(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња

По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се...

Досие