Контакт

Македонија

Димитров за оставката на Коѕијас: Ги приближивме земјите и склучивме историски договор

Објавено пред

За една година успеавме да направиме нешто што во претходните 27 години се сметаше за невозможно – ги приближивме нашите две земји и го склучивме историскиот договор од Преспа. Ваков е коментарот на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за оставката што вчера ја поднесе неговиот грчки колега, Никос Коѕијас.

Во коментарот Димитров наведува дека, предводени од премиерите, двајцата успеале по интензивни месеци на комуникација да станат вистински пријатели.

„Во период од една година направивме нешто што во претходните 27 години се сметаше за невозможно – ги приближивме нашите две земји и го склучивме историскиот договор од Преспа, градејќи мост на пријателство и докажувајќи дека и нашиот регион може да решава спорови и да создава иднина. Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици. Од наша страна, ние ќе продолжиме со силна посветеност кон заокружување на ова историско решение, заедно со останатите прогресивни и демократски сили во Скопје и Атина“, наведе Димитров во коментарот за оставката.

Коѕијас вчера ја напушти министерската функција, ден по тензичната седница во владата во Грција, каде тој влезе во конфронтација со министерот за одбрана, Панос Каменос, по повод договорот за името. Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја презеде функцијата министер за надворешни работи за да обезбеди успешно завршување на договорот.

Македонија

Објавена потерницата за Никола Груевски

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи по налог на кривичниот суд распиша потерница по експремиерот Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за предметот „Мерцедес“.

Полициски Алфи насилно влегоа во домот на Груевски, но таму не го најдоа.

Полицијата дојде пред домот на Груевски, откако тој не се јави во затворот во Шото Оризари на отслужување на двегодишната казна затвор на која е осуден за случајот „Тенк”.

Прикажи повеќе...

Македонија

Полициски Алфи влегоа во домот на Груевски

Објавено пред

Полициски Алфи влегоа насилно во станот на експремиерот Никола Груевски, но внатре не најдоа никој. Полицијата дојде пред домот на Груевски, откако тој не се јави во затворот во Шото Оризари на отслужување на двегодишната казна затвор на која е осуден за случајот „Тенк”.

Бидејќи Груевски беше недостапен за судските власти, по налог на кривичниот суд, МВР издаде потерница по поранешниот премиер, кој требаше во петокот да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Тенк“ на СЈО, односно набавката на луксузниот „мерцедес“.

Прикажи повеќе...

Македонија

(ВО ЖИВО): Полиција пред домот на Груевски

Објавено пред

Полицијата дојде пред домот на експремиер Никола Груевски, кој требаше да се јави во затворот во Шото Оризари на отслужување на двегодишната казна затвор на која е осуден за случајот „Тенк”.

Полицијата тропаше на вратата од домот на Груевски, но никој не отвори.

Бидејќи Груевски беше недостапен за судските власти, по налог на кривичниот суд, МВР издаде потерница.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

(ВО ЖИВО): Полиција пред домот на Груевски

Полицијата дојде пред домот на експремиер Никола Груевски, кој требаше да се јави во затворот во Шото Оризари на отслужување...

Македонија1 час

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Македонија3 часа

МВР го бара Груевски со потерница за издржување на затворската казна

Министерството за внатрешни работи по налог на кривичниот суд распиша потерница по поранешниот премиер Никола Груевски, кој требаше во петокот...

Топ3 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија4 часа

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија6 часа

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет6 часа

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Економија7 часа

Бензините поевтинуваат 4 и 4,5 денари

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти...

Европа7 часа

Французинка криела дека има двегодишна ќерка и ја чувала во багажникот од автомобилот

На Французинката Рози Марија де Круз ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради...

Регион10 часа

Мицотакис: Нема да гласаме за ратификација на преспанскиот договор

Претседателот на најголемата опозициска партија во Грција, „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис го повтори партискиот став, дека нема да дадат поддршка...

Македонија11 час

,,Се молиме ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори селото”, сведочат жителите на Селци

Една недела над селото Селци, на падините на планината Стогово, гори шумата, во која има борови и дабови дрва. Во...

Македонија1 ден

(Видео) Од 1 декември нема да дозволиме зависници да доаѓаат во Кисела Вода, жителите се судрија со претставник од Општината

Жителите на Кисела Вода им дадоа рок на властите до крајот на месецов да го дислоцираат Центарот за превенција и...

Македонија1 ден

И последниот амандман доби „зелено светло“ од Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со...

Економија1 ден

Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите...

Македонија1 ден

Партијата на Бачев за Василевски: Охриѓани велат дека е превртлив и е дел од масонски организации

Еден ден по расправијата во Охрид помеѓу лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев и пратеникот Сашо Василевски, од партијата на...

Македонија1 ден

Интервју на Димитров за „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Топката е засега кај нас. Ние веруваме дека Грците ќе го направат она што го ветија. Ова е најдобриот компромис...

Македонија1 ден

Граѓански собир за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

По иницијатива на поголем број на граѓани кои жиевеат во општина Кислеа Вода денеска ќе се одржи граѓански собир на...

Европа1 ден

Австрија откри уште еден случај на шпионажа во корист на Русија

Канцеларијата на австриското државно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против австриски контраразузнавачки агент, кој е...

Топ1 ден

Кривична пријава за стружанец оти одгледувал канабис под пластеници

Стружанецот М.К. (52) од селото Корошишта доби кривична пријава отккао полиција во неговата фарма под пластеници нашла 10 стебла канабис....

Топ1 ден

Возило излетало од патот и се превртело, две лица се повредени

На магистралниот пат Струмица-Радовиш кај село Војславци патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистерски таблици управувано од 21-годишниот Р.С....

Досие