Македонија
Димитров: Интерпелацијата за мојата работа е конструирана на лажни вести

Интерпелацијата за мојата работа е збир од лажни вести и обид за излез од внатрепартискиот хаос преку иницијатива за рушење на Владата и тоа за позиции и одлуки на други држави или меѓународни организации, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, во своето прво обраќање од собраниската говорница по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
„Едвај чекате лоши вести, а кога ги нема, ги измислувате. Малку ви беа демантите од Луксембург, си рековте дајте да ги мобилизираме и Данска и Холандија, со алузија дека дискретно го поддржувале ветото на Софија. За одлуките на трети држави виновна е македонската Влада, но ако случајно има добра вест од надвор, заслужни сте биле вие. Па и тоа како да не беше доволно за пасионираните колекционери на деманти на вашите зборови, најдовте начин како и Словачка и Чешка да ве прозиваат дека вие ама баш никако не сте придонеле за нивната одлука да застанат на страната на европските принципи. Небаре демантите од земјите членки ви се ордени што ги закачувате во белата палата, а не документиран резил од кој секој би се срамел. Ако не ја сфатите сериозноста во која се доведувате и вие како личности, партијата, но и земјата, ќе останете само она што и бевте – лажни патриоти, кои за да дојдат на власт, би застапувале и антимакедонски ставови, кои впрочем можеби секако и ги имате“, рече Димитров.
Тој потенцира дека интерпелацијата е полна со апсурди, како, на пример, обвинувањето дека не испорачал преговори по цена на одбрана на македонскиот јазик за да може пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница и од јавните настапи да го обвинат за предавство на националните интереси.
„И, сега, кој кого манипулира? Јас, кој доследно ги презентирам наодите од ЕУ, секогаш до детали прецизен за квалификациите и за одлуките и заклучоците, и за оценките на извештаите, акцентирајќи ги и областите што треба да ги унапредуваме, или вие со очигледно елементарно непознавање на процесите, но со неизмерна желба за лоши вести за земјава и – еве уште едно признание за вас – со беспрекорна умешност да бидете први во лажното известување на јавноста за некаков си имагинативен пораз за кој ги каните на заедничка прослава. Ние ги земаме жешките костени в раце, вие се радувате на секоја можна изгореница“, нагласи заменик-претседателот на Владата, Димитров.
Димитров ги повика пратениците на опозицијата да не прават од клучното прашање за иднината на земјата дневнополитички перформанси и одговорно да се вклучат во овие процеси поддржувајќи ги принципиелните позиции на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради протестот за „Монструм“ изменет режим на линиите на ЈСП

Силно полициско обезбедување е распоредено околу скопските судови, непосредно пред почетокот на протестот за изречените казни во случајот „Монструм“ за петкратното убиство на Смилковското Езеро.
Поради најавен протест блокирани се и повеќе сообраќајници во главниот град, па ЈСП информира дека голем дел од автобуските линии ќе имаат изменет режим на сообраќање.
По изменети траси ќе возат:
ЛИНИИИ 2 и 2А (Сарај – Автокоманда/Железара)
Автобусите ќе се движат по траса по булевар „Партизански одреди“ до Соборен храм, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ (Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал и ќе продолжуваат по својата редовна траса.
ЛИНИИИ 2 и 2А (Автокоманда/Железара – Сарај)
Автобусите ќе се движат по траса по булевар „Александар Македонски“ до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, Југо дрво, Зелен пазар, Рекорд Соборен храм и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 8 (Влае – Љуботенски пат)
Автобусите ќе се движат по траса по булевар „Илинден“ до пред Влада на РСМ, потоа преку булевар „Климент Охридски“, преку Рекорд, Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ ( Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал, булевар „Никола Карев“, населба Железара, ќе продолжуваат на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, старо кино Бутел и продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 8 (Љуботенски пат – Влае)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до старо кино Бутел, населба Железара, ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“ до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, потоа преку Југодрво, Рекорд, ќе продолжуваат на булевар „Климент Охридски“ покрај Соборен храм на булевар „Илинден“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 9 (Клинички центар – Скопје Север)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Југодрво, потоа преку „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал, булевар „Никола Карев“, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, улица „Кемал Сејфула“, стадион Чаир, СУГС „Цветан Димов“ и ќе продолжуваат до СУГС „Арсени Јовков“
ЛИНИЈА 9 (Скопје Север – Клинички центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до СУГС „Цветан Димов“, потоа по улица „Кемал Сејфула“ покрај стадион Чаир, улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“ до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, преку псотојка НБРСМ 1, Југодрво и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИТЕ 11, 11а, 64, 64А
Автобусите ќе се движат по редовната траса ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ (Дрво декор), „Веро Џамбо“ до Транспортен центар
ЛИНИИТЕ 11, 11а, 64 и 64А
Автобусите од Транспортен центар, преку постојка НБРСМ 1, ќе продолжуваат кон Југодрво, па преку Рекорд, Соборен храм ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 12 (Сарај – Саем)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Зелен пазар кон „Веро Џамбо“, па по улица „Беласица“ до Саем
ЛИНИЈА 15А (Карпош 4 – Ново Лисиче)
Автобусите ќе се движат по редовната траса по булевар „Илинден“ до пред Влада на РСМ, потоа преку булевар „Климент Охридски“, потоа преку Рекорд, Зелен пазар ќе продолжуваат по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање
ЛИНИЈА 16 (Пржино – Железара)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Градска болница, па од кај Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 16 (Железара – Пржино)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, Југодрво и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 17 (улица „Островска“ – Музеј на современа уметност)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом и тука ќе завршува
ЛИНИЈА 17 (Музеј на современа уметност – улица „Островска“)
Почетна постојка ќе биде кај Работнички дом, па по улица „Кеј 13 Ноември“, „Веро Џамбо“ ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИ 18 и 118 (Визбегово – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовна траса до ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ ( Дрво декор), Веро Џамбо до Транспортен центар
ЛИНИИ 18 и 118 (Транспортен центар – Визбегово)
Автобусите ќе се движат од Транспортен центар, постојка НБРСМ 1, потоа преку Југодрво, Рекорд, до Соборен Храм и ќе продолжуваат по редовната траса
ЛИНИЈА 18 а (Транспортен центар – Визбегово)
Автобусите ќе се движат од Транспортен центар, по улица „Беласица“ кон Континентал, по булевар „Никола Карев“, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, улица „Кемал Сејфула“, стадион Чаир, СУГС „Цветан Димов“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 18 а (Визбегово – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до СУГС „Цветан Димов“, по улица „Кемал Сејфула“ покрај стадион Чаир, улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар
ЛИНИЈА 19 (Карпош 4 – Шуто Оризари)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до ТЦ „Буњаковец““, потоа преку Рекорд, Зелен пазар, „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал, па по булевар „Никола Карев“, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 19 (Шуто Оризари – Карпош 4)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Поликлиника Чаир , населба Железара, ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда, до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, Југодрво, Зелен пазар , Рекорд, Соборен Храм и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 20 (Транспортен центар – Шуто Оризари)
Автобусите ќе се движат од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ кон Континентал, булевар „Никола Карев“, населба Железара, ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, улица „Кемал Сејфула“, стадион Чаир, СУГС „Цветан Димов“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
ЛИНИЈА 32 (Љубин – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември) ( Дрво декор), „Веро Џамбо“ до Транспортен центар
ЛИНИЈА 32 (Транспортен центар – Љубин)
Автобусите од Транспортен центар, преку постојка НБРСМ 1, преку Југодрво, Рекорд, до Соборен Храм и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 35 (Ново Лисиче – Скопје Север)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Транспортен центар, па по улица „Беласица“ кон Континентал, по булевар „Никола Карев“, преку Железара, улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир и ќе продолжуваат по својата редовна траса
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање
ЛИНИЈА 43 (Дом на печат – Јужноморавски бригади)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ ( Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 43 (Јужноморавски бригади – Дом на печат)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, Југодрво, Зелен пазар и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса
Линија 45 (Транспортен центар – Ченто)
Автобусите од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ кон Континентал, ќе се движат по булевар „Никола Карев“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 45 (Ченто – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар
ЛИНИИ 47, 61, 71 и 81 (Љубанци, Побожје, Бањани, Блаце – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Бутел старо кино, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар
ЛИНИИ 47, 61, 71 и 81 (Транспортенц центар – Љубанци, Побожје, Бањани, Блаце)
Автобусите од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ ќе се движат кон Континентал, преку булевар „Никола Карев“, населба Железара, па ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 47А (Транспортен центар – Љуботен)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до старо кино Бутел, населба Железара, па ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда, до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар
ЛИНИЈА 47А (Љуботен – Транспортен центар)
Автобусите од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ ќе сообраќаат кон Континентал, па по булевар „Никола Карев“, населба Железара ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 50 (Хиподром – Клинички центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, Југодрво, Зелен пазар и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 50 (Клинички центар – Хиподром)
Автобсуите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом, па по улица „Кеј 13 Ноември“ ( Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИ 57 и 59 (Козле, Карпош 3 – Радишани, Кучевичка бара)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ ( Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал, булевар „Никола Карев“, населба Железара, ќе продолжуваат на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, старо кино Бутел и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИ 57 и 59 (Радишани, Кучевичка Бара – Козле, Карпош 3)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до старо кино Бутел, населба Железара, ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда, до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, Југодрво, Зелен пазар и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИТЕ 52, 53, 54, 55, 55а, 55в, 62, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 65в, 66, 66а и 68
Автобусите од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ ќе се движат кон Континентал, па преку булевар „Никола Карев“ ќе се приклучуваат на својата редовна траса
Во обратна насока ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“, па по улица „Беласица“ ќе продолжуваат кон Транспортен центар
НАПОМЕНА:
Во случај да биде затворена улица „11 Октомври“, сите линии кои сообраќаат кон Карпош, ќе бидат пренасочени по улица „Кирил и Методиј“ преку Рамстор, а во обратна насока по улица „Железничка“ кон Транспортен центар
Македонија
Засилено полициско обезбедување пред протестот за случајот „Монструм“

Над 30 оклопни возила на полицијата, полицајци со панцири и припадници на другите единици при министерството за внатрешни работи се распоредени пред судовите во Скопје.
Освен нив, на терен има и повеќе амбулантни и противпожарни возила.
Сите екипи се распоредени согласно безбедносната проценка на МВР, а непосредно пред почетокот на протестот за одмерените казни на осудените во случајот за петкратното убиство на Смилковското Езеро.
Поради протестот, испразнета е зградата на Апелациониот суд, односно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Македонија
Шврговски: Казната за Мијалков е драконска, а притворот е противзаконски

Сашо Мијалков може да помине само 60 дена во притвор во затворот во Шутка, бидејќи истиот е побаран со обвинителен предлог. Обвинителката Ленче Ристоска кажа дека тоа го предвидува Кривичниот законик. Адвокатот Љупчо Шврговски, кој е застапник на Мијалков, вели дека притворот е донесен спротивно на законот. За казната, Шврговски смета дека е драконска.
„И сами слушнавте. Сметам дека е драконска казната. Нема да најдете ни една пресуда каде има максимална казна за секое дело. Во однос на одлуката на судот за ефективниот притвор, сметаме дека е спротивна на закон. Не постои можност да се даде во бегство. Максимално може да биде 60 дена во притвор, освен ако Апелација одлучи пред истекот на тие 60 дена”, рече Шврговски.
Обвинителката Ристоска, спротивно на адвокатот, вели дека треба да се размисли за менување на законите со цел притворот да биде и подолг.
„Согласно кривичните дела кои му се ставаа на товар и тоа што можеше да биде исполнето како битие на кривичните дела, согласно Кривичниот законик, се води скратена кривична постапка по обвинителен предлог, каде роковите за притвор се навистина кратки. Поради тоа по објава на пресудата максималната должина на притворот е до 60 дена. Сметам дека овој случај треба да поттикне дебата во правната јавност за во ситуации кога имаме во скратена постапка повеќе кривични дела – да се размисли дали можеби комулацијата на казните треба да се третира како основ за определување на подолг притвор”, рече Ристоска.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер