Контакт

Македонија

Димитров и Рот учествуваа на дебата на тема „Македонија на патот кон ЕУ“

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, заедно со државниот министер за Европа на германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, учествуваа на дебата на тема „Македонија на патот кон ЕУ“, со фокус на придобивките од ЕУ-членството во унапредувањето на заштитата на животната средина, промоцијата на политики на одржлив развој и поттикнување на граѓанскиот екоактивизам.

На дебатата учествуваа невладини организации и активисти што работат во релевантната област, како и градоначалникот на Охрид, Јован Стојановски, и заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули.

Во разговорот со претставниците од невладините организации, министрите Димитров и Рот беа согласни дека членството во ЕУ и креирањето и имплементирањето стратегија за заштита на животната средина се суштински поврзани и напредокот во процесот на европска интеграција е правопропорционален со напредокот во напорите за заштита на животната средина.

Пред дебатата двајцата министри имаа можност да го разгледаат Охрид и да посетат неколку локации од исклучително културно значење за Република Македонија. Гостинот подетаљно се запозна со традиционалниот начин на создавање на охридските бисери, како и со деликатниот филигрански занает.

Македонија

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Објавено пред

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”, „Вратете го, го сакаме”, демонстрати на протест пред Владата побараа одговорност од Владата за бегството на Никола Груевски.

Демонстратите се организираа на социјалните мрежи, каде го закажаа протестот за пред Влада во 6 часот. „Реки народ на улици за да го пуштат” коментираат присутните.

Паролите по протестот, како што посочија,  ќе бидат предадени во Владата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да се бара од премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Одговорноста за начинот на движење, методите и бегството на Груевски треба да се бара во власта, поточно во Заев и Спасовски. Иако притисокот, поточно прогонот што го прави власта е политички мотивиран и е евидентен и многу јасен, самиот потег на бегство не го оправдувам, и тоа не е опција, особено што други лица и нивните семејства ќе ги трпат последиците од таквата постапка“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Лидерот на опозицијата во својот статус додава дека политичкиот прогон и терор станува основен метод на дејствување на оваа власт. Имаме киднапирана држава, вели Мицкоски, каде граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, зголемени даноци, одземено достоинство, промена на име, идентитет.

„Ова се вистинските теми кои ја разголуваат неспособноста на власта која се дефокусира со други теми и прашања, како што е последните случувања врзани со случајот Груевски“, стои во неговиот фејсбук-статус.

Прикажи повеќе...

Македонија

Џафери-Мускат: Треба заеднички да се работи на зајакнување на економската и трговската соработка

Објавено пред

Денешната средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со премиерот на Република Малта, Јозеф Мускат, кој е во прва официјална посета на Република Македонија, помина во пријателска и конструктивна атмосфера и на истата беа разменети повеќе информации и мислења околу идната соработка на двете земји, како на политички така и на економски план.

Претседателот на Собранието изрази надеж дека средбите на високо ниво меѓу двете страни во наредниот период ќе се интензивираат и тоа ќе претставува можност за продлабочување на севкупната соработка на сите полиња.

Џафери нагласил дека Република Македонија со Република Малта нема отворени прашања на политички план и односите се коректни и пријателски, но во иднина треба заеднички да се работи на зајакнување на економската и трговска соработка, затоа што постојат сите предуслови и потенцијал за тоа, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Џафери, како што соопштија од неговиот кабинет, изрази благодарност за досегашната поддршка од страна на Малта за нашите евроинтеграциски процеси и истакна дека за нас е добредојдена помошта и искуството што може да го добиеме од Република Малта.

Од Кабинетот на Џафери информираат дека претседателот го информирал гостинот за силната определба на нашата држава за развивање соработка и добрососедски односи со сите земји во нашето опкружување и во таа насока изрази надеж дека најдоцна до средината на јануари 2019 година ќе се завршат собраниските процедури околу уставните амандмани и со тоа ќе се заокружи и овој процес на отворање на вратите кон НАТО и ЕУ.

„Претседателот на Владата на Малта, Јозеф Мускат, изрази задоволство од топлиот и пријателски прием на кој наиде во Република Македонија и изрази надеж дека добрите и пријателски односи ќе продолжат да се развиваат и во иднина. Исто така, премиерот на Малта искажа спремност на неговата земја да даде поддршка на Република Македонија на планот на интегрирање во ЕУ и тоа со конкретни програми и планови, доколку тоа биде побарано од нив, како на технички така и на административен план“, стои во соопштението.

На крајот на средбата, претседателот Џафери искористил можност  уште еднаш да упати преку својот гостин покана до претседателот на парламентот на Малта да ја посети Република Македонија и воедно ги повика парламентарците на двете земји да ја интензивираат и зајакнат нивната комуникација и соработка. Двајцата соговорници се согласија дека ќе дадат максимален придонес за продлабочување на идната соработка на секој план.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија56 минути

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија3 часа

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија3 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија3 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија5 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија5 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија6 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија7 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија7 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија7 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет8 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија9 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија9 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија10 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија21 час

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија23 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија23 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија1 ден

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија1 ден

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Досие