Контакт

Македонија

Димитров на работен појадок со резидентните aмбасадори на земји членки на ЕУ

Објавено пред

Денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше на работен појадок со резидентните амбасадори на земји членки на ЕУ, организиран од страна на амбасадорката на Република Хрватска во земјава, Нивес Тигањ, во својство на земја претседавач со Совет на ЕУ.

На состанокот Димитров првично изрази благодарност за заложбите и поддршката што Хрватска ја дава во поглед на европската перспектива на земјите од регионот за време на нивното претседавање, особено во претстојниов клучен период.

Понатаму подетално ги брифираше амбасадорите за актуелните случувања на домашен план, пред сè поврзани со последните активности и резултати на реформски план и донесувањето значајна легислатива во Собранието пред неговото распуштање на 16 февруари 2020.

Притоа, Димитров ја нагласи посветеноста и решеноста демонстрирана од страна на државата и покрај деликатноста на процесите и контекстот по октомврискиот ЕУ-самит да се продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција.

Меѓу другото, на состанокот беа разменети мислења и за актуелните случувања во рамки на регионот и самата ЕУ, за ажурираната методологија за пристапни преговори предложена од страна на Европската комисија, како и за очекуваните вонредни мини извештаи на Европската комисија за последниот напредок на земјата. Од страна на министерот Димитров беше изразена надеж дека овој пат ќе бидат препознаени создадените поволни околности и состојки за заеднички успех на земјата и ЕУ, преку донесување на заслужената одлука за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија.

Македонија

Миење и дезинфекција на улиците во Општина Аеродром

Објавено пред

Општина Аеродром денеска изврши миење на улиците околу поликлиниката „Јане Сандански“, Мичурин и Стар Аеродром, а од утре почнува со дезинфекција на сите улици кои се под нејзина надлежност.

Ова е уште една од низата превентивни мерки што Општина Аеродром ги презема за заштита од коронавирусот.

Град Скопје редовно врши миење и дезинфекција на булеварите што се под негова надлежност.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа е стабилна

Објавено пред

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба поради бројот на заболени од коронавирус, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицијата во изминатово деноноќие нема регистрирано собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Непречено се одвива процесот на извлекување на лицата кои во изминативе 14 дена беа во самоизолација а денеска, од Дебар ќе биде извршен спровод на две лица.

На терен, без проблем се одвиваат активностите кон лицата што се ставени под мерки за самоизолација, здравствен надзор и домашна изолација.

Изминатово деноноќие, во периодот од вчера во 07 часот до 07 часот денеска, едно лице од Дебар не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус.

Извршени се 29 контроли на евидентираните лица со решение за изолација, а спроведени се 107 контроли врз лицата во самоизолација.

Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти.

МВР потсетува дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

„Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 21.00 до 05.00 часот секој ден, како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници“, велат од МВР.

Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од среда заладување и обилни врнежи од дожд и снег

Објавено пред

Под влијание на влажен и студен воздушен бран во среда, 1 април, ќе има врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег, информира УХМР.

На места врнежите ќе имаат обилен карактер, над 25 литри на метар квадратен.

Поради заладувањето и спуштање на дневните температури од 10 до 15 степени врнежи од снег ќе има и во некои пониски места, каде што ќе се формира снежна покривка.

Минималните температури во четврток (02.04) и петок (03.04) на повеќе места ќе бидат под нулата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нухиу: Петмина полициски службеници се заразени со коронавирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус додавајќи дека...

Економија1 час

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот...

Европа2 часа

Фон дер Лаен: ЕУ интензивно ќе им помогне на Италија и Шпанија

Европската Унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија,...

Свет2 часа

Веќе шест дена нема нови заболени од коронавирус во Вухан, се отвораат продавниците и трговските центри

Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа...

Топ3 часа

Полицискиот час не го почитувале 242 лица, приведени се 95

Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 242 лица не ја почитувале...

Свет4 часа

Во светот 716.482 заболени од коронавирус, починале 33.691

Бројот на заболени од коронавирус до синоќа до 22 часот бил 716.482, 33.691 лице починале, а 150.889 луѓе се излекувани....

Свет18 часа

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија22 часа

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Македонија22 часа

Медицинските работници во земјава ќе добијат нова тура на бесплатни маски направени со 3D принтери

По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина, со што ќе се оствари бројката од 6.000...

Македонија22 часа

31-годишниот скопјанец починал по распад на белите дробови, единствен ризик фактор била дебелината

31-годишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен...

Македонија23 часа

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Претходно, на...

Македонија24 часа

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради починатата пациентка од струшко

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај...

Македонија1 ден

Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст

На Клиниката за инфективни болести починале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент...

Македонија1 ден

Хотелот „Макпетрол“ во Маврово станува државен карантин

Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол” во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни...

Македонија1 ден

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Свет1 ден

Во Кина 45 новозаразени од коронавирус, само еден не е од странство

Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство. Според Националната здравствена комисија, уште петмина...

Свет1 ден

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа2 дена

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија2 дена

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Досие