Македонија
Димитров на ручек со министрите од Брдо-Бриони: Да си помагаме за да одиме напред

На маргините на денешниот самит на Процесот Брдо-Бриони, на кој оваа година домаќин е Република Македонија, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, приреди работен ручек за присутните министри за надворешни работи од земјите учеснички во Процесот и претставници на специјалниот гостин, претседателот на Европски совет, Доналд Туск. На ручекот учествуваа и претставници од британското МНР како домаќини на претстојниот самит на берлинскиот процес, кој оваа година се одржува во Лондон.
„Колку повеќе зборуваме со еден глас и си помагаме едни на други во регионот, толку побргу ќе одиме сите напред. Натпреварот во реформи, во тоа што има значење за нашите граѓани денес и утре, е единствениот политички натпревар што му треба на Балканот“, истакна Димитров.
Продолжувајќи понатаму, тој ги претстави очекувањата на Македонија за постигнување напредок во пристапниот процес и задоволство што Европската комисија ги препознава досега постигнатите реформски резултати и добиената препорака за почеток на пристапните преговори. Конечно, министерот се осврна и на идните активности на Владата во поглед на реформската агенда, но и во поглед на унапредување на добрососедските односи.
Дискусиите за време на работниот ручек беа фокусирани на новиот момент создаден во нашиот регион, очекувањата од претстојниот период и предизвиците во пресрет на стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, објавените извештаи за земјите од страна на Европската комисија, како и претстојните значајни самити – самитот во Софија на 17 мај и самитот во Лондон на 9 и 10 јули. Беа разменети и ставови за иднината на регионалната соработка, за регионалната и европската стабилност и безбедност, како и за економскиот раст и напредок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Со СДСМ се договоривме за изборниот законик, а потоа ни се јавија да ни кажат дека тоа не важи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека пред да замине за Париз, имале низа средби со СДСМ на кои се договорале околу измените за изборниот законик. Пред посетата во Франција, вели Мицкоски, практично завршила последната рунда на преговори каде што биле договорени заедничко соопштение и текст, а само две работи не биле јасни.
„Ние заземавме став на барање на преговарачкиот тим на СДСМ – еве вие договорете се во партија, како ќе договорите за било кое од тие две работи, ние ќе прифатиме. Потоа ни се јавија и ни кажаа дека сепак тоа што ние сме го договориле, не сме го договориле. Не можеле да го прифатат бидејќи тоа било премалку политички за нив“, вели Мицкоски.
Според Мицкоски, на средбите било договорено дека сега нема време за измени оти се ближат парламентарните избори и остануваат уште неколку недели до техничката влада, а по завршувањето на изборите треба да се седне и да се преговара за измена на Изборниот модел.
„Како втора точка да се разговара и да се отворат преговори за примена на преференциалниот модел којшто патем речено никој не го пробал, еве функционира во Косово и гледате дека еден месец ги броеја гласовите, каде што имаше три пати повеќе неважечки ливчиња. Но, велиме ајде еве да го видиме преференциалниот модел како би функционирал на следните локални избори од аспект на советничките листи. Имаше два заклучока, и им рековме еве изберете, консултирајте се вие во партија, како ќе каже Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, бидејќи друг преговара., и кажете ми каков тој заклучок ќе биде. Потоа, ни се јавија и ни рекоа – ова е премалку за нас, се откажуваме. Заеднички го договоривме, заеднички се сложивме, еве ајде да видиме. Но, тоа не е прв пат, така беше и за законот за јавно обвинителство, така е и сега, немаат стратегија, конфузни се, збунети се внатре, она што навистина можам да го кажам е разочарување. И потоа го гледам кажува зошто сме поднеле толку амандмани. Па кој менува Изборен закон на три месеци пред избори. Кажете ми еднаш во која нормална демократска земја која што претендира да биде земја членка на ЕУ се случуваат такви работи“, рече Мицкоски.
Македонија
Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: „Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување“

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е дел од неговиот кабинет, поради настанот неделава кога Димитровски репетирал пушка кон негов сосед.
Запрашан за ова, Мицкоски денеска рече дека не бил тука кога се случил тој настан, но ги следел случувањата во медиумите.
„Томислав не е мој стратешки соработник, тој е дел од кабинетот, од луѓето во мојот кабинет и одговорен е за релации со земјите од Балканот. Слушнав за настанот, разговарав и со него и она кое што можам да го кажам е дека на следната седница на Извршниот Комитет ќе предложам негово разрешување, бидејќи таков тип на однесување, веќе во неколку наврати кажав, е недозволено по било која цена“, рече Мицкоски.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вели дека правдата не треба ние да ја земаме во свои раце, бидејќи има органи во државата кои што треба да го направат тоа.
„Доколку некој се чувствува нападнат, навреден комотно може да се јави и да побара заштита од Министерството за внатрешни работи. Така што, и покрај тоа што станува за човек кој што го познавам од детството, човек кој што навистина има квалитети, и човечки но и дипломатски, но, ова кое што се случило е без никакво оправдување и веќе на следната седница на Извршниот Комитет, ќе побарам од Извршниот Комитет негово разрешување од таму каде што се наоѓа во моментов“, додаде Мицкоски.
Македонија
Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала „Борис Трајковски“.
„Денес во Скопје, сите патишта воделе во оваа сала, а само еден пат води од салата кон нашата цел, за која не постојат алтернативи. Ете затоа велиме на прав пат“, рече Заев, обраќајќи им се на присутните со „другарки и другари“.
„Северна Македонија е на јасен чист пат заедно со најсилните сојузи во светот. Од оваа најголема и најбалгодарна цел, нема отстапување. На следние избори Северна Македонија ќе избира меѓу напредокот и уназадувањето. Направивме многу, а имане уште многу да кажеме и да направиме“, рече Заев.
„Нема скршнување од патот на победата. Поставените темели се силни. Ако на моменти ни се чини дека напредокот ни се остварува бавно, тоа е затоа што е реален. Победата бара посветеност и дисциплина. Ќе победиме затоа што успеавме и успеваме. Ќе победиме зашто е друго е враќање назад кон старите проблеми, кавги и дома и со соседите“, потенцираше лидерот на партијата.
Тој им кажа дека очекува секој член на СДСМ, да почитува и промовира меѓу другарките и другарите во партијата, три принципи за сигурна победа на партијата, а меѓу другото, постојано да зборуваат за успесите и за економијата на прво место.
„Може ли 2,5 да биде повеќе и поодбро од 11? Може. За 2,5 години напрвивме повеќе за домашната економија од пустошот кој го напраивја во измиантите 11 години. Граѓаните почнаа да ги чувствуваат придобвиките“, говореше Заев пред присутните кои постојано му аплаудираа. Заев во химничен тон од говорницата рече дека се зголемени платите, пензиите, социјалната помош, која, како што кажа е зголемена за 300%.
„Неврботеноста во третиот квартал во 2019 се рекордни 17,1%.Никогаш повеќе вработени луѓе немало во државата. Отвораме повеќе нови фабрики. За 2 години, Владата потпиша 34 нови дговори за странски инвестиции“, кажа Заев и потенцира дека економските политики на власта се одлични.
„По два бардаци вода да им дадеш да чуваат ќе ги украдаат и ќе избегаат во Будимпшета“, кажа лидерот на пртијата пред присутните. Еееј, слободата ја вративме, демократијата ја вративме“, рече лидерот на партијата.
Заев кажа дека второто правило е дека треба сопартијците постојано да повторуваат и да потсетуваат што направило ВМРО-ДПМНЕ. „Не смееме да дозволиме да се заборави режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска никој не сака да се повтори режим. Постојано да потсетуваме на злоделата на ВМРО-ДПМНЕ. Режим, никогаш повеќе“, рече Заев.
Тој кажа дека меѓи стотиците споменици не се нашол ниту еден споменик на Борис Трајковски, кој го носи името на салата каде што се одржуваше настанот. Заев рече дека има споменик за Ќосето, но немало за Трајковски.
„Нема компромис со криминалот. На тие што прават криминал се знае каде им е местото. Пукваме бомби. Ги ставивме животите за правната држава. Нема судија обвинител и судија кој ќе го запре овој процес. Нема шанси. Еден дел од судството и обвинителството останаа последната тврдина на заробената држава. Овие сваровски судски центри на моќ останаа последни упоришта на режимот“, рече Заев пред присутните.
„Уште еднаш ја повикувам ДКСК да започне проверка на имотот на судиите и обвинителите, УЈП, централен регистар, Катастар,… Може уште овој месец да ги отпочант процесите за проверка на имот“, рече Заев. Тој го повикува и Судскиот Совет да направи проверки за застарувањето на предметите и да ја провери професионалноста на судиите.
„Да ни кажат кој тоа влијае врз судиите. Да ни каже зошто десетици предмети се чувале и останале во фиока на бившиот претседател на Врховнот суд“. Тој ја повика и Европската комисија да го стартува инструментот за проверка и мониторинг во правосудството. „Прочистување во судството започнуав сега веднаш, одма. Правда може да носат само праведни судии, а не кочничари на правдата. Последниот бастион на заробената држава ќе падне. Мора да бидеме подговтвени и да се заагаме во тоа во што верувме“, говореше Заев.
Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ владеењето на правото го собрало во едно тефтерче и ако се вратат на власт ќе биде уште поошо.
Владејачката партија веќе најави нови настани кои ќе се темелат на клучните столбови на програмата. Кон средината на следниот месец партијата ќе излезе со финалната изборна програма.
Месецов завршува и кампањата „Од врата до врата“. Од партијата се пофалија дека 6000 партиски активисти посетиле приближно 70 илјади семејства
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија5 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде