Контакт

Македонија

Димитров: Немаме луксуз да испуштаме можности, треба да излеземе победници на 15 октомври

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше на панел-дискусија во Скопје насловена „Западен Балкан: Напуштање на ривалството и несигурноста“, која се одржуваше во рамките на конференцијата Самит на Западен Балкан – „Зацврстување на моментумот за европска интеграција”, а во организација на магазинот „Економист“. На панелот, покрај Димитров, учествуваа и други високи претставници од регионот, НАТО и ЕУ, како и амбасадори и други претставници од дипломатскиот кор и академската заедница.

Министерот Никола Димитров во своето обраќање ја искористи приликата да аргументира за неопходноста од носење позитивна одлука за почеток на пристапни преговори за членство на земјава во Европската Унија во наредните седмици на Советот на ЕУ, како и да го афирмира нашето членство во северноатлантската организација – што треба и формално да се материјализира во наредните месеци, по комплетирањето на техничките процедури во земјите членки.

„Пораката што ќе ни биде пратена нам е и порака до регионот, доколку ЕУ е сериозна и стои позади тоа што го кажува, со политичка волја да го направи тоа што всушност го кажува. Влогот е исто така висок и за ЕУ ​​затоа што доколку не постои кредибилитет на овој процес, тогаш немаат влијание. Немаме луксуз да испуштаме можности и ако ова го направиме како што треба, ќе излеземе победници и ние, и регионот, и нашите соседи и Европската Унија на 15 октомври“, изјави Димитров.

Тој изрази задоволство што влијателниот„ Економист“ одлучи да организира конференција на високо ниво во земјава, токму во пресрет на одлуката на Советот на ЕУ, како и во период кога политиката на проширување на НАТО, преку членството на нашата држава во алијансата, испорачува опиплив придонес во контекст на градење стабилен и безбеден регион: „Мислам дека не можеше конференцијата да се одржи во подобро време, би сакал да му се заблагодарам на тимот во Атина што работи за ‘Економист’ за организирање на овој настан денес, точно 14 дена пред нашето ‘рандеву’ со историјата во Луксембург. Со мислите ќе бидеме таму во иста просторија каде што ќе се одвиваат дискусиите“.

На трибината посветена на политичко-безбедносната соработка во регионот на Западен Балкан, Димитров истакна дека перспективите за европска и евро-атлантска интеграција претставуваат главна поткрепа за негување на заедничка стратешка визија во регионот и за култивирање на заедничките стратешки цели, како и мотив за градење  безбедна регионална околина преку инклузивен пристап. Дополни дека природата и димензијата на предизвиците со кои се соочуваме денес ја надминуваат националната сфера и наметнуваат потреба од зголемена транснационална соработка.

„Во НАТО главно станува збор за стабилноста и безбедноста, но мислам дека силата на една земја не лежи само во тоа колку е силна нејзината војска, туку и во тоа колку е моќна и просперитетна нејзината економија, колку пријатели имаме и колку од тие пријатели се доволно блиски за да бидат со нас кога ни се потребни. Силата лежи и во тоа колку се цврсти нашите институции и тука настапува европскиот процес. Некои од вредностите меѓу двете институции се преклопуваат и кога му се обраќаме на народот, на граѓаните им велиме дека НАТО е структурната потпора на нашата куќа и покривот над нашите глави, а пристапниот процес во ЕУ е алатка, ‘шема’ за тоа што треба да го направиме за да реновираме дома. Да се ​​исчисти куќата и да се реновира. И ова е процес што се надеваме дека ќе можеме да го забрзаме на 15 октомври“, додаде тој.

Македонија

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Објавено пред

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019 година, на Фејсбук страната од училиштето се појави фотографија на која стотици ученици, во придружба на настаниците и останатиот персонал од училиштето, стојат под турско знамe и упатуваат војнички поздрав за поддршка на турското воено движење, што несомнено алудира на турската воена офанзива во Сирија.

„Организирањето на ваквиот настан и иницирањето на ваквото постапување на учениците од страна на наставниот кадар и директорот на училиштето претставуваат директна повреда на чл. 11 од Законот за основното образование, кој експлицитно забранува секаков вид на политичко организирање и дејствување во основното образование. Воедно, чл. 172 од истиот Закон предвидува изрекување на глоба во износ од 1.600 евра во денарска противвредност ако се организира политичко и верско организирање и дејствување и се истакнуваат партиски и верски обележја во основното образование, односно ако се изврши повреда на чл. 11.

И со Законот за заштита на деца експлицитно се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, а во член 12 став 6 од овој закон е утврдено дека: ,, Државата и институциите на системот се должни да ги преземат сите потребни мерки за да ги обезбедат правата на детето и за спречување на сите облици на дискриминација и злоупотреба без оглед на местото каде што се извршени овие дејствија, тежината, интензитетот и нивното времетраење’’, се вели во соопштението.

Хелсиншкиот комитет за овој случај ќе ги извести Државниот просветен инспекторат и Народниот правобранител и ќе ги преземе сите потребни постапки за утврдување на посочените повреди на законите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради уличен дефект без вода Топанско Поле, Чаир, Скопје Север, Бутел и Гази Баба

Објавено пред

Поради уличен дефект ф-150мм на ул.Душан Тасковиќ 35, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на високата зона од населбите Железара и Автокоманда. Поради потребата за санирање на дефектот, потребно е да се исклучат пумпите во П.С. Гази Баба.

Поради тоа прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите: Топанско Поле, Чаир, Скопје Север, Бутел и Гази Баба до санирање на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Објавено пред

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност за предлогот за започнува пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.

Ципрас на социјалните мрежи порача дека одлуката за отфрлање на почетокот на преговорите со Северна Македонија е порака за слабост и пораз на европскиот проект.

„Некогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Брисел“, напиша поранешниот грчки премиер на Твитер, додавајќи: „На нашите народи им должиме да продолжиме да се бориме за иднината и единството на Европа“.

Минатата година Ципрас и Заев потпишаа историски договор за решавање на повеќе деценискиот меѓудржавен спор за името на Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Европа6 часа

(Видео) Десетици илјади демонстранти на улиците во Барселона, студентите се судрија со полицијата

Десетици илјади поддржувачи на независноста на Каталонија протестираат во центарот на Барселона против пресудите на нивните водачи, барајќи отцепување од...

Македонија7 часа

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност...

Култура7 часа

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија7 часа

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија8 часа

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија9 часа

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Европа10 часа

Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија...

Македонија10 часа

Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Македонија11 час

Конте: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија е историска грешка

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската Унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и...

Македонија11 час

(Видео) Пендаровски свика лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

По одлуката на Советот на Европската Унија да не даде датум за почеток на преговорите за членство на нашата држава...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија11 час

Хан: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија, туку на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека одговорноста за одлуката да не им се додели датум за преговори на Северна...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа власт, навлезена...

Македонија12 часа

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите...

Европа14 часа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ15 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Свет16 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет16 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа17 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет1 ден

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Досие