Македонија
Димитров – Петричек: Без оглед на одлуките на Советот, Северна Македонија продолжува по патот кон ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, имаше видеосредба со министерот за надворешни работи на Чешка, Томаш Петричек.
„Чешка практично го штити интегритетот на пристапниот процес во ЕУ. Без оглед на одлуките на Советот, Северна Македонија продолжува по патот на приближување кон ЕУ и во претстојниот период од големо значење би била зајакната билатерална соработка во однос на експертиза и техничка помош главно во областа на економското управување, социјалната политика, земјоделството и искористувањето на европските фондови, вклучително и преку инструментите ТАИЕХ и „Твининг“ за јакнење на институционалните капацитети“, истакна Димитров.
Министерот Петричек ја потврди посветеноста на Чешка на евроинтегративниот процес, потврдувајќи го нивниот став дека првата меѓувладина конференеција меѓу Северна Македонија и ЕУ треба да се случи што е можно побргу.
На средбата се разговараше и за билатералната соработка и за можностите за нејзино унапредување.
„Донациите и поддршката од Чешка се од големо значење за Северна Македонија, особено во овој период кога се справуваме со последиците од пандемијата, а покрај тоа, добредојдена е и партнерската поддршка во нашите заложби да ја донесеме ЕУ дома“, истакна Димитров.
„Чешка е спремна да ги понуди своето искуство и експертиза за прашања од доменот на регионалната соработка и добрососедските односи“, порача чешкиот министер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Состанок за новата рамка за одржлив развој меѓу Обединетите Нации и Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи заедно со резидентниот координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџиакго го одржаа првиот заеднички управен комитет за спроведување на новата рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации и националните институции за 2021 година.
На воведното обраќање, министерот Османи ги истакна модалитетите за најсоодветно искористување на поддршката што Република Северна Македонија ја добива од системот на ОН, а во насока на реализирање на развојните приоритети.
„Тоа што сакаме да го постигнеме е промена што е одржлива, видлива за крајните корисници – нашите граѓани, што ќе резултира во подобра правна рамка и поефикасни и одговорни институции”, истакна Османи.
На првиот состанок на Комитетот за 2021 година, беа разгледани националните приоритети во доменот на одржливиот развој, при што беа одобрени клучните документи за спроведување на рамката за соработка со OОН за 2021-2025 година.
Инаку,рамката за соработка за одржлив развој на Обединетите нации со Северна Македонија за периодот 2021-2025 е стратешка програмска рамка за активностите на ООН во нашата земја и претставува збир на активности на агенциите на системот на ООН за поддршка на земјата во адресирање на приоритетите и предизвиците кон постигнување на целите за одржлив развој.
Во својство на членови на Комитетот, на состанокот активно учествуваа и министерот за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, министерот за образование и наука, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
Македонија
Пендаровски се сретна со претставници на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945

Претседателот Стево Пендаровски прими делегација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945, составена од претседателот на Главниот одбор на сојузот, Никола Стојановски и потпретседателот Борко Зафировски.
Делегацијата од Сојузот на борци од НОАВМ го информираше претседателот Пендаровски за актуелните случувања во нивната работа.
Претставниците на Сојузот на борци од НОАВМ, образложувајќи ја моменталната состојба во организацијата, го информираа претседателот Пендаровски за предизвиците во финансиското работење, што претставува проблем за нивно основно функционирање.
Македонија
Шилегов: Скопјани ќе добијат ослободен јавен простор на Кејот 13 Ноември

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов одговарајќи на советничко прашање детално го објасни проектот за уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата „Стив Наумов“.
„ Пред неколку денови веќе започнаа градежните активности за реконструкција на кејот „13 Ноември“, таму е предвидено целосно преуредување на партерот, во оваа фаза се врши отстранување на терасите од страна на локалите коишто таму беа поставени во минатото. Проектот беше претставен на јавноста, веќе нема да има централни таканаречени тераси во средината, тоа ќе биде целосно еден јавен простор којшто ќе служи на граѓаните како шеталиште. Согласно со програмата што ја носи Општина Центар за поставување урбана опрема, веројатно ќе има зголемување на терасите, односно предните тераси на локалите.
Исто така, бидејќи станува збор за секундарна сообраќајница, ќе биде сообраќајно решено движењето на возилата по договорот со „Телеком“, кој за жал ние го имаме наследено, меѓутоа ќе станува збор за движење на сериозно редуциран број на возила, со ново смарт решение коешто со препознавање на патниците ќе се подигнува рампата, па потоа и втората рампа ќе треба да го препознае возилото за да може да влезе на кејот, и тоа во строго определени часови во текот на денот, од еден до еден ипол час, исклучиво наутро кога одат на работа и попладне кога излегуваат од работа, од 8 до 9 и 30 часот наутро и од 14 до 17 и 30 часот. Тоа ќе бидат ограничен број на возила коишто ќе добијат посебни одобренија и ќе бидат внесени во софтверот за да може да се контролира нивното движење“ изјави Шилегов.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер