Македонија
Димитров претседаваше со 6. состанок на секторскиот Мониторинг-комитет за транспорт и животна средина
Денеска се одржа шестиот по ред Мониторинг-комитет за секторот транспорт, животна средина и климатска акција, со којшто претседаваше заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, на кој беше разгледана состојбата во исполнувањето на програмите во конкретните сектори и користењето на ИПА-средствата.
Вицепремиерот Димитров посочи дека предизвиците и научените лекции од програмирањето на ИПА II се вградени во подготовката за ИПА III, каде зрелоста на проектите беше основен критериум. Тој нагласи дека и покрај подобрувањето на капацитетите на ИПА-структурите одговорни за управување со проектите во овие области, во претстојниот период ќе мора значително да се зголемат динамиката и ефикасноста во контрактирањето и имплементацијата.
„Животната средина и климатската акција, како и областа транспорт добиваат сè поголема важност во контекст на европската интеграција како точки на соработка и стратешко партнерство на ЕУ со регионот. Инвестициската и реформската агенда се потпираат на овие области, проектите кои се реализираат и директно влијаат врз националниот и регионалниот развој. СЕП ќе продолжи да ја координира интерсекторската и меѓуинституционалната соработка за да ја искористиме оваа огромна шанса преку ЕУ-фондовите да ги обезбедиме европските стандарди за нашите граѓани“, рече Димитров.
На состанокот се обрати и ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир, како и надлежните министри и претставници на институциите кои се директно вклучени во спроведување на секторските програми и беа усвоени заклучоци и преземени обврски со цел натамошно спроведување на инвестициските проекти поддржани со ЕУ-фондови и техничката помош за усогласување со европските стандарди во областа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ученикот кој беше прободен во училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели Стефковски
Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Нападот го извршил поранешен ученик, а повредениот е ученик во деветто одделение.
„Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен ученик кој минатата година го завршил своето образование во ова училиште, дошол и повредил ученик од деветто одделение. Во разговор со членови на семејството на повредениот ученик информиран сум дека детето е во добра здравствена состојба и се наоѓа на болничко лекување“, објави Стефковски.
Лицето кое го извршило нападот е уапсено. Според информации во јавноста, нападот се случил во основното училиште „25 Мај“. Од МВР известија дека 15 годишник вчера со остар предмет влегол во училиштето и повредил ученик.
Стефковски го осуди нападот и вели дека насилството не може да се оправда со ништо.
„Општина Гази Баба, останува во постојана координација со надлежните институции кои превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, вели градоначалникот.
Македонија
Во завршна фаза е изградбата на боксерската сала во Битола
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола.
Центарот за спорт и спортски активности е еден од шеснаесетте проекти финансирани од Владата на Македонија преку Министерството за спорт со вкупна вредност од над 43 милиони денари.
Надвор во завршна фаза е довршувањето на фасадата на објектот, а во внатрешноста на објектот се довршува подот.
Објектот е на два ката со површина од околу 930 метри квадратни. Има сала за тренинг со боксерски ринг и фитнес справи. Објектот има и соблекувални машки и женски со сопствени тоалети и бањи и тоалет за лица со посебни потреби. На источната страна се просториите за спортско качувачки клуб идентични како на боксерскиот клуб, со сала за тренинг и соблекувални.
Околината на објектот ќе биде партерно уредена и ќе има паркинг.
„Ова ќе биде место за тренинг и подготовка на битолските и македонските боксери. Битола има своја боксерска историја, а во сегашноста и свои шампиони, кои ќе добијат современи и модерни услови за нивните предизвици“, велат од Општината.
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“.
Таа им се заблагодари за долгогодишниот придонес на македонската дијаспора во Канада во јакнењето на економските, образовните, научните и културните врски со матичната држава, како и во промоцијата на македонските интереси и потенцијали на меѓународен план.
Беше истакната важноста на иницијативите како „Македонија 2025“, коишто придонесуваат за поврзување на домашната бизнис-заедница со успешни професионалци и инвеститори од дијаспората, поттикнувајќи претприемништво, иновации и економски развој.
Претседателката детално ги запозна со внатрешните и надворешните политички приоритети на државата, со посебен осврт на евроинтеграциските процеси. Тие, пак, ја предочија можноста за интензивирање на канадско-македонските односи на највисоко ниво.
Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на севкупната соработка и меѓународната афирмација на државата.
