Контакт

Македонија

Димитров: Унгарската помош е демонстрација на европската солидарност

Објавено пред

Единствено преку солидарност, координирани напори, соработка и размена на добри практики и знаење, ќе излеземе од овој тунел, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој денеска оствари средба со неговиот унгарски колега, Петер Сијарто, во рамки на неговата посета во земјава.

Главен фокус на средбата беше ставен на конкретната поддршка која Унгарија ја упатува на Северна Македонија во контекст на борбата со справување со пандемијата, како и севкупниот европски одговор при справување со овој тежок глобален предизвик и ублажување на последиците.

Истовремено беа разгледани и европските перспективи на Северна Македонија особено по позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување пристапни преговори.

„Ја цениме денешната конкретна помош од Унгарија за справување со пандемијата, која е вистинска демонстрација на европска солидарност. Благодарни сме и за конзистентната поддршка на нашиот ЕУ и НАТО пат. Голема беше честа што неодамна ја имав да ја претставувам Северна Македонија за првпат како полноправна членка на НАТО, на состанокот на Северно-атлантскиот Совет во формат на министри за надворешни работи, заедно како сојузници со останатите земји членки меѓу кои и Унгарија“, рече Димитров.

Од страна на гостинот беше поздравено зачленувањето на Северна Македонија и позитивната одлука за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ.

Двајцата министри се договорија меѓусебно да соработуваат во напорите за репатријација на унгарските и македонските државјани затекнати во странство.

Македонија

Онколошкиот оддел на Клиниката за детски болести ќе се реновира

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави обнова на онколошкиот оддел на Клиниката за детски болести.

Околу 125 илјади евра ќе се инвестираат во обнова на одделот каде што се лекуваат децата со малигни заболувања со цел да се подобри престојот на дечињата и нивните родители.

Проектот е предвидено целосно да биде завршен до крајот на годината и ќе опфати обнова на сите соби за пациентите и за потребните интервенции. На одделението има осум соби, а во планот е предвидена и изградба на две соби за изолација на пациентите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Милошоски: Власта уплатила речиси 8 милиони долари на фантом-фирмата од Хонгконг за двојно поскапи вакцини

Објавено пред

Иако од таму негираа, сепак Министерството за здравство уплатило речиси 8 милиони долари на фантом-фирма од Хонгконг која вакцините на Македонија требало да ѝ ги продаде под двојна цена од набавната, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Милошоски вели дека како резултат на трчањето по провизии од страна на министерот и лошиот менаџмент, Македонија, за жал, се наоѓа на високото трето или четврто место по бројот на смртност по глава на жител на милион жители во Европа.

„За жал, тоа е резултат на слабиот менаџмент на Министерството за здравство и она што пред неколку дека го добивме како информација се потврдува дека додека другите соседни земји трчаа по вакцини, министерот за здравство и премиерот трчаа по провизии и документот кој го поседува ВМРО-ДПМНЕ дека Министерството за здравство иако негираше сепак уплатиле речиси 8 милиони долари на фантом фирмата во Хонкконг, којашто требало вакцините да ги продаде на Македонија за двојно повисока цена од цената за која ќе ги набави“, потенцира Милошоски.

Тој додаде дека ако не трчале по провизии и вакцинацијата почнела уште во месец јануари, наместо 5 месеци подоцна, барем 500 животи на наши сограѓани ќе беа спасени со подобра здравствена организација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Милошоски: Царовска да ги послуша родителите, квалитетно образование мора да има

Објавено пред

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната посета во општина Свети Николе во однос на дигитализацијата на учебниците истакна дека аргументите на родителите се посилни од аргументите на министерката Царовска и затоа препораката до министерката Царовска е да ги послуша родителите коишто имаат целосно право да се грижат за квалитетно образование за нивните деца. Според него, образованието мора да се грижи да има реална физичка настава за учениците што поскоро.

„Од она што го гледаме во јавноста нашето мислење е дека аргументите на родителите се посилни од аргументите на министерката Царовска и затоа нашата препорака е министерката Царовска да ги послуша родителите коишто имаат целосно право да се грижат за квалитетно образование за нивните деца и овој закон треба да има јавна расправа и да се слушне стручната јавност родителите и наставниците, а не да биде политички проект на министерката Царовска затоа што постојат шпекулации дека ова го прави од лукративни причини веројатно поврзани со некоја фирма којашто е хрватска фирма и со којашто можеби имаат некакви однапред утврдени планови за некои материјални интереси поврзани со процесот на дигитализација, но нашето мислење е дека книгата треба да остане конвенционалниот метод што ќе доминира во образованието на учениците и дека образованието мора да се грижи да има реална физичка настава за учениците што поскоро“, истакна Милошоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија2 часа

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, побаравме зголемување на групите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, се сретна со претставнички на мајките коишто се на породилно отсуство. На...

Македонија3 часа

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија3 часа

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет4 часа

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион4 часа

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет4 часа

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет4 часа

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Македонија6 часа

Полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот

Од денеска полицискиот час ќе почнува од 23 часот, а угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот, одлучи...

Регион18 часа

Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Република Северна Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека тој е еден од...

Свет18 часа

Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцините против коронавирусот

Минатата година во трката за развој на вакцина против Ковид-19 компанијата „Фајзер“ донесе голема одлука. За разлика од конкурентите, кои...

Свет18 часа

(Видео) Масакр во Бразил: тинејџер со мачета влегол во градинка и убил три деца и учителка

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес во бразилската држава Санта Катарина....

Македонија19 часа

Од Австрија пристигна првата количина вакцини од „Фајзер“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија. „Денеска, од...

Македонија21 час

Регистрирани 67 новозаболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопе...

Европа23 часа

Шефот на СЗО за Европа: Гледаме светлина на крајот од тунелот

Шефот на канцеларијата на СЗО во Европа, Ханс Клуге, изјави во Сараево дека е претпазлив оптимист и верува дека светот...

Македонија24 часа

Поднесено обвинение против Оливер Дерковски за набавката на софтверот за изборите

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, и...

Економија1 ден

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Свет1 ден

Светски научници: Нема да се постигне имунитет на стадо, вирусот брзо мутира

Меѓу научниците постои растечко верување дека имунитетот на стадото кога станува збор за коронавирус нема да се постигне во блиска...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати од коронавирус

Во периодот од 26 април до 2 мај е регистриран намален број на новозаболени и починати од коронавирус во Македонија...

Македонија1 ден

Во Македонија досега се вакцинирани повеќе од 76.000 луѓе

Во Македонија досега се вакцинирани 76.937 граѓани, а две дози примиле 15.334 луѓе, соопшти Институтот за јавно здравје. Вакцинацијата во...

Досие