Македонија
Директорка на училиште вработила наставник кој немал соодветно образование

Директорка на средно училиште во Демир Хисар вработила лице како наставник иако немало соодветно образование.
Според информациите на МВР, СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(51) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Во текот на јануари 2019 година пријавената, како директор на СОУ „Крсте П. Мисирков“ во Демир Хисар, на оглас за вработување на наставник за стручни предмети од шумарско и дрвопреработувачката струка избрала кандидат кој немал соодветно образование.
По ова, на 1.02.2019 година во Агенцијата за вработување избраниот кандидат го пријавила за работно место кое не било наведено во конкурсот.
Со ова, пријавената му овозможила на Б.Б. да се стекне со противправна имотна корист од 140.977 денари на штета на буџетот на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Неделен возен ред поради Духовден, жичницата ќе работи вообичаено

Поради верскиот празник Духовден, денес (2.6.2023) и в сабота (3.6.2023), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
В недела (4.6.2023) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
В петок (2.6.2023), в сабота (3.6.2023) и в недела (4.6.2023) на линиите 59 (Карпош 3 – Кучевишка Бара – гробишта „Бутел“), 59А (Ново Лисиче – гробишта „Бутел“) и 59Б (Кисела Вода – гробишта „Бутел“) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.
Денес (2.6.2023), билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, а в сабота (3.6.2023) ќе имаат редовно работно време.
Жичницата денес (2.6.2023) ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.
Македонија
Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат листите на чекање.
Тој ги повика неговите колеги, без надомест да покажат хуманост, исто како што беше примерот на кардиохирурзите од Ниш, кои од почетокот на годината во саботите и неделите оперираа пациенти.
„Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица“ изјави Меџити.
Македонија
(Видео) Северина направи гужва на „Рузвелтова“

Поради концертот на хрватската пејачка Северина, вечерва во клубот „Мош“ во Скопје, настана хаос во сообраќајот на улицата „Рузвелтова“
Колона возила и нервозни возачи се движат и по булеварот „Илинден“. Според очевидци, на врата се чекало од 18 часот за влез на концертот на Северина.
Сообраќајот е целосно во застој, а полцијата ги брка сите што застануваат барајќи паркинг место.