Контакт

Македонија

Директорот на Студентскиот дом: Струјата беше исклучена поради неплатен долг, но вчера повторно ни беше пуштена

Објавено пред

По обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека студентскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ нема струја во јунска сесија, се огласи директорот на домот, Лулзим Џемаили.

„Сакам само транспарентно да се информира јавноста дека на Домот „Томе Стефановски Сениќ„ на 22.05.2019 во 14 часот и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија заради неплатен долг. Приклучени бевме вчера на ден 25.05.2019 во 19 часот. Демантирам информации дека во Домот уште не е приклучено снабдувањето со електрична енергија“ се вели во реакцијата на директорот Џемаили.

Македонија

ДОМ: Рудник во Иловица треба да се заборави

Објавено пред

ДОМ е континуирано на страната на отпорот против отворање на рудникот Иловица на падините над Струмичко Поле. Тој проект е антиеколошки и ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, велат од партијата. Гледано правно, додаваат од таму, тој замислен рудник има документи со одамна истечени рокови, слично на Казандол.

Според ДОМ, нема ниедна основа институциите да дозволуваат однесување на сопствениците како се да е во најдобар ред, па сега им останале уште археолошките истражувања, па да продолжат со копање огромен базен во планината.

„Рудникот Иловица треба да се заборави и поради тоа што предвидената технологија е во спротивност со измените на Законот за минерални суровини, со кој се забрани употреба на цијаниди и сулфурна киселина во рудници со отворен коп. Оваа одредба важи за сите рудници што треба да аплицираат за концесија. Таков е и Иловица, тој е рудник во најава, без валидни документи и концесија. Пратеничките на ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, го подготвија текстот за Законот за минерални суровини и го поднесоа со група колеги од парламентарното мнозинство токму за да ги спасат граѓаните од отворање 80-ина опасни рудници ширум Македонија. Законот беше усвоен во јануари 2019 година и тој треба да се почитува“, велат од ДОМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Џафери во Кина: Посетата на високо ниво е со цел да ја прошириме економската соработка

Објавено пред

На средба со потпретседателот на Националниот комитет на Народната политичка консултативна конференција, Џанг Чингли, претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој предводи собраниска делегација во официјална посета на Народна Република Кина, истакна дека минатогодишната посета на Џанг на нашата држава и оваа возвратна посета го покажуваат заедничкиот интерес за натамошно унапредување на односите и продлабочување на соработката.

Како што информираат од неговиот кабинет, Џафери истакнал дека ваквите посети на високо ниво и добрите политички односи, носат со себе и голема придобивка за граѓаните, а тоа е проширување на економската соработка.

Тој во текот на разговорите, акцентот го ставил на искористување на можностите за економска соработка и нагласил дека, покрај учеството на кинеските компании во изградба на два автопати во нашата земја и можното учество во изградбата на железничката инфраструктура, кинеските инвеститори би можеле да најдат свој интерес и во слободните економски зони и во инвестирањето во капацитети за обновлива енергија.

Како потврда на ваквата определба, Џафери го посочил активното учество на нашата држава во процесот на соработка 17 + 1 на Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

Потпретседателот Џанг на средбата исткнал дека, зајакнувањето на парламентарните односи дава значаен придонес на добрите билатерални односи, а предлозите за поинтензивна економска соработка ги оценил како полезни за двете држави.

Прикажи повеќе...

Македонија

Третата смена на „Комунална хигиена“ ги исчисти дивите депонии кај МРТ

Објавено пред

Во текот на вчерашната ноќ, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведе активности за чистење на реонот на Македонската радио-телевизија, пасошкото одделение на МВР, потегот кон МКЦ и МАНУ и кејот Димитар Влахов. Дваесет работници од третата смена во целост ги отстранија дивите депонии што континуирано се создаваат во овој дел од градот, а беше извршено и машинско миење со автоцистерна.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира до граѓаните и институциите совесно и одговорно да постапуваат со својот отпад, затоа што без нивната поддршка не може да се сочуваат хигиената и чистотата на нашиот град. Секое исфрлање на отпадот на јавни површини претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува животната околина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Седум земји-членки на ЕУ гласале против отворање преговори со Северна Македонија

Седум земји-членки на Европската Унија гласале против отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија на вчерашниот Совет на министрите...

Свет1 час

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, откако земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Европа1 час

Џонсон вети дека Британија ќе излезе од ЕУ до 31 октомври

Водечкиот кандидат за британски премиер и поранешен министер за надворешни работи, Борис Џонсон, го потврди своето ветување дека ќе ја...

Свет2 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија14 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет15 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ17 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија17 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа19 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија21 час

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија22 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет22 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион22 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија24 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт1 ден

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет1 ден

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија1 ден

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија1 ден

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech1 ден

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Досие