Контакт

Македонија

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо користење во ЈУ Национален парк Маврово и за вработен во Министерството за шумарство и земјоделство за пустошење заштитена шума во Националниот парк Маврово.

На овој начин пријавените стекнале противправна имотна корист од извршената нелегална сеча сѐ до продажба на дрвната маса на претходно договорени купувачи на штета на ЈУ Национален парк Маврово во износ од 3.005.625 денари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х. И. (40) од Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, Г. А. (44) од с. Ниќифорово, раководител на одделението за одржливо користење во ЈУ Национален парк Маврово и за А. Б. (54) од Гостивар, вработен во Министерството за шумарство и земјоделство, за сторени две кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластувањето и за несовесно работење во службата на штета на ЈУ Национален парк Маврово.

Во текот на март и април 2025 година првопријавениот ги пречекорил своите службени овластувања, така што со третопријавениот усно договорил вршење нелегална сеча на техничко дрво – ела во ЈУ Национален парк Маврово на местото наречено Брана, а за вонреден инспекциски надзор за наведената сеча бил задолжен второпријавениот. Првопријавениот најпрвин испратил барање до Државен инспекторат за шумарство и ловство, упатено до третопријавениот, во кое побарал да биде извршена сеча на наведената локација за наводно оштетени стебла од дрво  – ела, оштетени од атмосферски влијанија. Првопријавениот со повреда на законските прописи и со пропуштање должен надзор врз второпријавениот овозможил да се изврши пустошење на заштитената шума во Националниот парк Маврово, без претходно се објави оглас за сечата за таа да биде јавна и транспарентна.

Од страна на третопријавениот е наведено да се изврши ознака и сеча, а според извршеното мерење, вкупната дрвна маса од сите три оддели требало да изнесува 403 м3 ела и 55 м3 бука, што не соодветствува со реалната и со фактичката состојба подоцна утврдена на самото место.

Второпријавениот со повреда на законските прописи овозможил да се врши пустошење заштитена шума во Националниот парк Маврово и во согласност со спецификација од Шумската полиција Гостивар сечата е извршена само во одделот 67а, каде што исечени се вкупно 858.75 м3 повеќе кубици од предвиденото. Третопријавениот на 10.3.2025 година изготвил записник за извршен инспекциски надзор и решение, во кои внел лажни и невистинити податоци.

 

Најново

Македонија5 минути

Времето утре: претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните...

Забава18 минути

Како да се грижите за косата по 50-тата година? Овие трикови ѝ ги враќаат мекоста и сјајот

Косата се менува со возраста, исто како и кожата. Рутината за нега што некогаш била доволна, можеби повеќе нема да...

Македонија27 минути

Министерството за правда за бегството на Ива Михаилова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,...

Европа29 минути

Лавров: Нема повторно да наседнеме; Зеленски не заслужи оддишка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува прекин на непријателствата и оти...

Спорт32 минути

Осасуна го смени тренерот и веднаш назначи нов

Осасуна во понеделник се раздели од тренерот Луис Мигел Рамис по осум натпревари на клупата и го замени со Јагоб...

Европа34 минути

Зеленски побара 60 дена; Кремљ понуди само еден

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска...

Свет38 минути

Ако некој е доволно луд да нè нападне, ќе го уништиме, порача Врховниот командант на НАТО во Европа

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, на Безбедносниот форум во Варшава предупреди дека...

Спорт39 минути

Барселона нема намера да го продава Олмо

Баерн Минхен е заинтересиран за Дани Олмо, но Барселона нема намера да се откаже од шпанскиот репрезентативец. Според каталонскиот весник...

Забава46 минути

(Фото/Видео) Скарлет Јохансон покажа како се носи црвен фустан

Скарлет Јохансон се појави на црвениот тепих и ги воодушеви сите присутни со својот моден избор. Таа носеше комбинација што...