Контакт

Македонија

Договорена бугарска парламентарна поддршка за Македонија

Објавено пред

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, за време на официјалната посета на Софија имаше пријателска и отворена средба со членовите на Комисијата за европски прашања и контрола над европските фондови, предводена од Кристијан Вигенин. На средбата беа разменети идеи, мислења и најдобри пракси и уште еднаш беше потврдено дека интеграцијата и напредокот на земјите од Западен Балкан се во фокусот на приоритетите на Република Бугарија.

Пратениците од Комисијата на Народното собрание на Република Бугарија ја искажаа својата готовност со конкретни чекори да отпочнат соработка со својата партнерска Комисија за европски прашања во Собранието на Република Македонија и да ѝ помогнат во градењето на институционалната рамка пред отпочнувањето на процесот на преговори за членство во Европската Унија, врз основа на научени лекции од Република Бугарија.

Груби во рамките на официјалната посета на Република Бугарија се сретна и со Групата за пријателство Бугарија-Македонија во Народното собрание на Република Бугарија, на чие чело се наоѓа г. Борис Ванѓелов.

На средбата беше заклучено дека испраќањето јасни сигнали на добра соработка меѓу двете држави  ќе покаже дека нашата стратешка цел е да споделуваме заеднички вредности во НАТО и Европската Унија.  Тие беа согласни дека конструктивната соработка со опозицијата и градењето консензус за клучните прашања останува неопходна за успешен евроинтегративен процес и градење одржлива иднина за земјата.

Груби оствари средба и со потпретседателот на Народното собрание на Република Бугарија, г. Емил Христов, и г-ѓа Џема Грозданова, претседател на Комисијата за надворешна политика. На состанокот преовладуваше ставот дека треба да се градат нови мостови на пријателство и соработка на сите нивоа меѓу двете држави и меѓу двата парламента, како и дека активностите треба да бележат на интензитет и да се динамизираат во иднина.

Македонија

Одржан состанок за изработка на стратегија за паметна специјализација за истражување и иновации

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со заменик претседателот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за образование и наука Арбер Адеми, беа домаќини на високата делегација од Генералниот директорат на Здружениот истражувачки центар на Европската Комисија (DG JRC).

Владата н согласно потпишаниот документ во Трст во 2017 година, од страна на премиерите на Западен Балкан, во јануари 2018 година донесе одлука за започнување на процесот за изработка на „Стратегија за паметна специјализација за истражување и иновации за Република Северна Македонија“.

Со оваа одлука, Владата, поддржувајќи го концептот на ЕУ за Паметна специјализација, се приклучи кон иницијативата на Европската Унија за иден економски развој и трансформација на регионите базиран на домашни истражувачки и иновативни потенцијали, знаење и технолошки развој, како главни двигатели на конкурентноста на регионална и глобална сцена.

Стратегијата за паметна специјализација е главен услов за користење на европските фондови, како и задолжителен предуслов за користење на структурните фондови.

Во основата на паметната специјализација е детектирање на клучни области, активности и технологии во кои земјата остварува компаративни предности, а за кои истражувањето и иновациите се клучен фактор за зајакнување на економијата и конкурентноста на глобалниот пазар. Во таа насока, работна група и експертски тим во соработка со странски експерт, изработија мапирање на економските, научните и иновативни потенцијали на земјата, кој финансиски го подржаа ЕУ и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Стратегијата за паметна специјализација преку дефинирање на областите и секторите ќе овозможи насочено вложување од страна на државата, науката (истражување и развој) и бизнисот, како и развивање на капацитети и потенцијали за создавање повисока додадена вредност, иновации, проширување на пазарот-интернационализација, вмрежување, развој на бренд и препознатливост.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерството за администрација и ОБСЕ потпишаа меморандум за соработка

Објавено пред

Министерството за информатичко општество и администрација со поддршка на ОБСЕ, организираа конференција на тема: „Стратегија за реформа на јавната администрација за 2018-2022 – идни предизвици“.

На конференцијата се обратија министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

Манчевски подвлече дека главните цели на овој документ се ефикасна и дигитализирана јавна администрација, при што се осврна на  активностите за имплементација на мерките од Акцискиот план.

„Во однос на дигитализацијата реализиравме неколку стратешки приоритети кои се основата за масовна дигитализација на услугите и внатрешните процеси во администрацијата. Веќе го имаме Централниот регистар на население, а следната недела во употреба ќе го пуштиме и Националениот портал за е-услуги. Ги донесовме сите потребни законски акти за воведување на електронскиот идентитет на граѓаните. Од 1-ви јануари во употреба го пуштаме новиот ДМС. Во фаза на евалуација е и новиот ИПА проект за дигитализација на клучните регистри во државата, како  и развој на нови 120 е-услуги. Пред крајот на годината ќе ја промовираме и во јавност големата надградба на ЕНЕР“, истакна Манчевски.

Зборувајќи за Стратегијата и Акцискиот план за реформа на јавната админситрација, министерот се осврна на досегашните реализирани активности, но и потребата од ревизија на дел од мерките.

На скоро две години од усвојувањето на Стратегијата и Акцискиот план, можеме да кажеме дека 76 активности веќе се имплементирани, а 34 се во завршна фаза. Во % ова значи дека 57% предвидени за првата година и половина се реализирани или се реализираат согласно предвидената временска рамка, а 5,6% се реализирани подоцна од предвидениот краен рок“, информираше министерот Манчевски.

Како што рече тој, овие податоци покажуваат дека и покрај посветеноста на МИОА и засегнатите институции, потребно е да се направи ревизија на Акцискиот план, во однос на предвидените активности. Треба да се потенцира дека оваа ревизија не ги става под знак прашалник општите и посебните цели. Тие остануваат исти затоа што беа дефинирани многу претпазливо, и во потполност соодветствуваат на тоа што треба со имплементација на Стратегијата да се постигне. Измените се однесуваат само на динамиката на реализација на активностите.

На конференцијата се обрати и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, кој рече:
„Реформaта на јавната администрација во Северна Македонија, како една од главните приоритети на Владата, треба да резултира со професионални, деполитизирани и вредни административни службеници кои ќе настојуваат да ги задоволат потребите на сите нејзини граѓани, без оглед на нивната позадина. Во овој поглед, јас сум горд на помошта што нашата мисија им ја обезбеди на властите, особено на Министерството за информатичко општество и администрација, што ни овозможи денеска да разговараме за достигнувањата, како и за претстојните предизвици на јавната администрација“.

Во рамки на конференцијата беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МИОА и ОБСЕ, за продолжување на партнерството и соработката во рамки на реформата на јавната администрација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дескоска во Стразбур: Случајот „Ел Масри“ затворен – сите обврски се исполнети

Објавено пред

Министерката за правда, Рената Дескоска денеска учествува на сесија на Комитетот на министри кој го надгледува извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Напорите на Владата и на Министерството за правда во спречувањето тортура и несоодветен третман како и спречување на нивната неказнивост, беа признати од Комитетот со затворање на надзорот врз случајот „Ел-Масри“, и спуштање на нивото на надзор во случајот „Хајрулаху“.

Во случаите „Ел Масри“ и „Хајрулаху“, Судот во Стразбур утврди, меѓу другите и повреда на членот 3 од Конвенцјијата.

Во својот говор, министерката Дескоска ја нагласи посветеноста на Северна Македонија за почитување на човековите права, владеењето на правото и градење на демократијата.

„Со исполнување на сите обврски во случајот „Ел-Масри“ , испративме порака до сите европски држави дека нема толеранција за тортура и дека особено е значајно да се почитуваат правата -дури и во деликатни ситуации кога постои закана за тероризам или за безбедноста. Владата воспостави надворешни контролни механизми во согласност со пресудите на Европскиот суд за човекови права во случаите ‘Ел – Масри’ и ‘Хајрулаху’“,  истакна Дескоска.

Надзорната структура е воспоставена преку Посебното одделение за истраги на лица со полициски овластувања, како и надзор од Народниот правобранител и граѓанското општество. На крајот на дебатата, Комитетот донесе финална резолуција за затворање на случајот „Ел- Масри“ и спуштање на надзорот над имплементација над случајот „Хајрулаху“, за чие целосно затворање се потребни измени во Кривичниот законик.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура3 часа

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион4 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет4 часа

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија4 часа

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет4 часа

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт5 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа5 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет5 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет5 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион6 часа

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија16 часа

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија19 часа

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија20 часа

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Македонија22 часа

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13. „Апелациониот...

Европа23 часа

(Видео) Трамп се налути поради озборувањето, го нарече Трудо дволичен и го напушти НАТО-самитот

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја откажа прес-конференцијата и го напушти самитот на НАТО во Лондон. Непосредно пред тоа,  за...

Македонија23 часа

Уставните судии не ја прифатија иницијативата на Чавков за амнестијата

Со шест наспрема три, уставните судии одлучија да не ја прифатат иницијативата на екссиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој го...

Македонија24 часа

(Видео) Вилма Русковска: Не очекував повисока казна

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели дека е задоволна од пресудата за Зоран Милески –...

Македонија1 ден

Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор

Tретообвинетиот за случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец е осуден на 3 години затвор откако тој вчера призна вина за случајот и...

Досие