Контакт

Македонија

Доделени наградите „13 Ноември“

Објавено пред

Во Националната опера и балет, синоќа, по повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалникот Петре Шилегов свечено им ги додели наградите на годинешните добитници, нашите сограѓани, кои со својот труд и творештвото дале свој придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок.

Од областа на науката наградата ја доби проф. д-р Христина Спасевска – професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје за остварувања во науката, техниката и стопанството од областа обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Од областа на хуманитарната активност наградата ѝ беше врачена на д-р Жикица Ѓорѓиевски, по професија стоматолог, за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик.

Д-р Дита Старова-Ќерими, директорка на Националната галерија, ја доби наградата од областа на културата за посебен придонес во културата и севкупниот развој и афирмација на град Скопје.

Наградата од областа на уметноста ја добија Фросина Зафировска, кустос советник во пензија, за значајни достигнувања во областа на музејската дејност, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот и Бисера Чадловска, диригент, за континуирано успешно творештво во областа на музичката уметност.

Од областа на публицистиката наградата ја добија Ерина Богоева, фотограф, за изработка и издавање на монографијата со фотографии „Скопје – архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ и Александар Трајковски, музички педагог, истражувач и публицист за значаен придонес во областа на културата, уметноста и литературата со објавувањето на книгата „Музиката во македонскиот игран филм од Фросина до Лазар“.

Од областа на спортот наградата му беше врачена на карате-клубот „Работнички“ од Скопје за 50 години постоење и постигнати врвни спортски резултати на домашен и меѓународен план.

За истата област награда доби и Алили Бесир за освоено прво место на Европското првенство во борење за кадети.

Награда им беше врачена и на учениците Ана Марија Атанасовска и Стефан Стојковиќ од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “ за постигнати резултати во воннаставни активности и за успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот.

Во рамките на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на Скопје во фоајето на Националната опера и балет беше отворена и изложба на ликовните дела што беа насликани на меѓународната ликовна колонија „Скопје 2019“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Објавено пред

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата заменичка Славјанка Петровска додавајќи дека ситуацијата е менаџирана, но последиците не се санирани. Петровска потенцира дека неопходна била анализа на телеграмите пред да бидат испратени за спроведување. За неа е спорно и дали воопшто Чулев може без основ и со една наредба да укинува низа наредби од својот претходник.

„Успеавме непријатната ситуација да ја менаџираме, односно граѓаните да се чувствуваат мирни и безбедни. Но, тоа не значи дека е разрешена дилемата за тоа што со последиците од таквата негова одлука, која е предмет на договорање и усогласување и овие денови, односно отворено е прашање. За ваквото однесување, кое го сметам за несовесно, треба да се добие правна разрешница. МВР не може да функционира на база на адхок-телеграми што се издаваат преку ноќ, постојат акти и закони што уредуваат како треба Министерството да функционира“, вели Петровска.

Опозицијата треба да ги анализира преземените чекори на Чулев како негови предлагачи за технички министер, смета Петровска. Таа вели оти нема дилема дека доколку постои злоупотреба во МВР, одговорност треба да има. Но, пред тоа, според неа, таа одговорност треба да се докаже. На прашањето дали МВР може да се претвори во политичка партија, заменичката во МВР вели: „Апсолутно не. Тоа ќе биде погубно, пред сè, за Министерството, па и за граѓаните“.

„Секое обвинување можете јавно да го искажете, ама тој што обвинува треба да го докаже. Тука станува збор за изјавата за поврзаноста на криминогени структури со раководството на МВР за кое кажав дека, ако постојат докази, треба да се почне соодветна постапка. За моите тврдења дека се загрозува безбедноста, јас кажав и тоа ќе го докажам во судска постапка“, додава Петровска.

Заменичката на Чулев смета дека техничкиот министер треба да го даде предлогот за решавањето на проблемот со испразнатите места во МВР бидејќи поради него настанал и проблемот. Прашана дали верува во професионалноста на министерот Чулев, таа вели: „Имаме време до изборите тоа да го докажеме и двајцата, не сакам прерано да давам квалификации“.

„Ние сме предложени од политички партии. Наше е да не дозволиме партиските влијанија да се преточат во МВР. Гаранција за завршување на отворените случаи и во овој период е јасната поставеност во Министерството, односно законите што ја утврдуваат хиерархијата за управување на полицијата. БЈБ исто така постапува. Од моја страна сигурно нема да има никакви влијанија, очекувам и се надевам дека и министерот нема да има никакви директни влијанија за решавање на овие случаи. Чулев има свој беграунд во безбедносно-разузнавачкиот систем. Се надевам дека Чулев ќе се обиде да се одлепи од политичките влијанија исто како и јас“, вели дополнителката заменик-минситерка.

Во списокот со возила што Чулев преку телеграма ги барал назад имало и автомобили што ги користеле во одделот за организиран криминал, а се неопходни. Петровска вели дека тоа е причината за нејзината реакција и посочи: „Не смее да се дозволи ваков превид“.

За именувањето началник во СВР Скопје, министерката Петровска вели дека останува на ставот оти лице што во минатото било дел, односно вршело влијание на изборниот процес и притисоци врз гласачи – не треба и не може да биде дел од тимот што треба да спроведе фер и демократски избори.

„Со вакво именување, тие што предлагаат вакви лица праќаат порака до граѓаните. Одговорноста ја носиме и со тоа какви кадри предлагаме“, посочи Петровска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Џафери на средба со Ивановска: Борбата против корупцијата мора да продолжи

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска имаше средба со претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во име на Државната комисија за спречување на корупцијата, претседателката Билјана Ивановска на Џафери му ја предаде Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси (2020 – 2024) со акциски план за нејзино спроведување.

За Националната стратегија, како што информира претседателот Џафери, парламентарниот состав ќе расправа веднаш штом за тоа бидат исполнети предвидените услови со Деловникот.

„Претседателот Џафери ги охрабри членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата да продолжат со бескомпромисната борба против корупцијата. Тоа, нагласи тој, е предуслов за создавање успешна, демократска и правна држава“, соопштија од собраниската прес-служба.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерството за правда: Очекуваме опозицијата да го поддржи законот за Јавното обвинителство

Објавено пред

Во текот на минатата година, обидувајќи се да обезбедиме двотретинско мнозинство, испративме три предлози за законот за Јавното обвинителство. Последната верзија беше пуштена во декември минатата година и таа ќе биде тема на разговор со опозицијата, од која очекуваме да ги земе предвид интересите на граѓаните, а не нечии лични интереси, велат од Министерството за правда.

Од таму велат дека суштината на сите три предлози била имплементација на меѓународни стандарди за ефикасна борба против криминалот и корупцијата и создавање правни основи за продолжување на сите почнати постапки пред Јавното обвинителство, вклучувајќи ги и постапките пред СЈО.

„Последната, трета верзија, беше пуштена во декември минатата година и таа ќе биде тема на разговор со опозицијата. Во собраниска процедура сè уште е втората верзија на законот, на која опозицијата поднесе амандмани, и таа ќе биде повлечена кога ќе бидат обезбедени осумдесет гласа за усвојување нов текст на законот за Јавното обвинителство. Во третата верзија е акцептирана новонастанатата ситуација со трансферот на предметите на СЈО и се обезбедува континуитет на обвинителите и сите почнати постапки“, велат од Минстерството.

Според предлогот, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ќе ги преземе надлежностите на СЈО, а обвинителите на СЈО кои ги застапувале предметите ќе продолжат да ги водат.

Во рок од 30 дена од гласањето на законот, ќе се прошири бројот на обвинители во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и ќе биде распишан оглас на кој ќе може да конкурираат сите обвинители што ги исполнуваат условите.

Материјалите од незаконското прислушување, кои не се предадени како докази во судовите, ќе се чуваат во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. По истекот на три години од правосилното завршување на постапките, материјалите ќе бидат уништени во согласност со законот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Економија1 час

(Видео) Манчевски: Вработени го напуштаат државниот сектор поради повисоките плати кај приватниците

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ја уверува јавноста дека не сака некои луѓе да останат без работа...

Интервју/Дебата2 часа

(Видео) Шкријељ : Мизрахи да не биде изненадена, во Демир Капија затекнавме корисници врзани за радијатор

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години...

Македонија5 часа

Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Ѓорче Петров

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Од банката велат дека вработените и сите клиенти...

Регион5 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ6 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет6 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија7 часа

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија7 часа

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет8 часа

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион8 часа

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет9 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет9 часа

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион9 часа

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет22 часа

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија1 ден

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа1 ден

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ1 ден

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Македонија1 ден

Шкријељ: Нема да дозволиме граѓаните поради предизборни препукувања да останат без нивните права

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска на прес-конференција во Владата повика на конструктивност и соработка со...

Топ1 ден

Шестмина повредени во сообраќајна несреќа кај Велес

Една жена е потешко повредена додека петмина други полесно во сообраќајната несреќа што се случи изутинава околу 8 часот на...

Досие