Македонија
Доделени решенија за финансиска поддршка за спортисти од општина Илинден
Во просториите на Дом на култура „Илинден“, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски додели Решенија за
еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на Општина Илинден.
Георгиевски истакна дека продолжува поддршката за спортистите од општината и во иднина, а целта е да се наградат тие кои оствариле големи успеси во делот на спортот, како и да се стимулираат останатите за постигнување големи победи на спортските натпревари.
„Оваа мерка содржи повеќе категории, а износот кој го доделува Општината како финансиска поддршка изнесува, за прва
категорија во висина до 130.000,00 денари, втора категорија во висина до 120.000,00 денари, трета категорија во висина до 90.000,00 денари, четврта категорија во висина до 60.000,00 денари и петта категорија во висина до 30.000,00 денари, додека за младинските категории 50% од предвидените суми.
Грижата и поддршката на индивидуалните и клубските спортисти ќе биде секогаш приоритет на Општина Илинден, истата ќе продолжи и во наредниот период со доделување на финансиска поддршка. Општина Илинден покрај поддршката на спортистите од овој вид на субвенционирање, преку Програмата за спорт финансиски ги поддржува и спортските клубовите на нејзина територија.
Исто така вложува во обезбедување на одлични и најсовремени услови во спортската инфраструктура со реконструкција на постоечките и изградба на нови терени, овозможување на бесплатно користење на спортските објекти, како и поддршка на многу спортски настани кои се одржуваат во општината но и надвор од неа“, е истакното од страна на општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост до 50 метри поради појава на магла има на планиските премини Ѓавато и Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Дел од неколку општини во Скопје без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од с.Сопиште, околина кај маркет Давидов, дел од Теферич, према Сопиште.(општина Сопиште)
· во периодот од 08.50 до 16.00 часот, корисниците од с.Мирковци, с.Горно Оризари, с.Глуво, с.Бразда. ( општина Чучер Сандево )
· во периодот од 08.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од Радишани (Радишански пат лево).( општина Бутел)
· во периодот од 08.30 до 13.30 часот, полициска станица ,,Бит Пазар, корисниците на ул. Војдан Чернодрински, ул. Алберт Станиќ, дел од ул. Исмаил Кадире, ОУ Јашар Бег- Скупи. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 13.45 часот, корисниците од
ул.4 с.Горно Соње.(општина Сопиште)
· во периодот од 11.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од ул.Леринска.(општина Карпош)
· во периодот од 10.00 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул. 81, 87 во с. Волково. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Скопје наутро со појава на магла и ниска облачност, а преку денот променливо облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
До петок ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура. Во сабота кон крајот на денот и во недела ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.