Македонија
Дождливо и постудено, температурата ќе се искачи до 10 степени

Претпладне ќе биде значително облачно, во утринските и претпладневните часови ќе има повремен слаб дожд, на некои повисоки места и на планините слаб снег, а можна е изолирана појава на замрзнат дожд. Ќе дува умерен по должина на Повардарието засилен северен ветер. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде облачно, во утринските и претпладневните часови ќе има повремен слаб дожд, на околните планини слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Георгиевски: Плукачи колку сакаш, а никој нема храброст да ме покани на јавна дебата

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, деновиве се најде во центарот на вниманието на политичката јавност, поради неговиот план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија.
Неговиот предлог претежно наиде на критики, па долгогодишниот политичар и поранешен премиер денеска повторно упати порака преку социјалните мрежи, барајќи можност своите ставови да ги презенира преку јавна дебата.
„Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата. А со задоволство би прифатил и доктор на науки по историја. Па еве ви кукавици отворена понуда за дуел“, напиша Георгиевски.
Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме…
Posted by Ljubco Georgievski on Понеделник, 01 март 2021
Лидерот на ВМРО-НП викендов изнесе план во 5 чекори за решавање на спорот со Бугарија.
Тој предложи Македонија да даде гаранции дека нема претензии кон Источна Македонија и нема да го помага македонското малцинство во Бугарија.
Понатаму, бугарскиот парламент во декларација да изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година.
Како четврта точка, Георгиевски се залага за промена на стратегијата на историските комисии, а последно тој предлага македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат.
Македонија
Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и понатаму да служи во колективната меморија, како симбол на солидарноста, изјави премиерот Зоран Заев на настанот по повод презентацијата на проектот за реконструкција на салата.
Премиерот Заев, заедно со скопскиот градоначалник Петре Шилегов, го најавија почетокот на реконструкцијата, со промоција на проектот изработен од архитектот Бујар Муча, нагласувајќи дека градежните работи треба да започнат во мај.
„Универзалната сала, во времето кога е изградена, ја пренесе пораката до постземјотресно Скопје дека животот мора да продолжи. Денес, во услови на светска пандемија, кога започнуваме со нејзината обнова, салата повторно ја носи истата порака дека животот мора да продолжи. И уште еднаш солидарноста доаѓа до израз. Архитектот Муча и неговото архитектонско биро ‘Мегарон’, на Град Скопје и на скопјани им го отстапија идејниот проект за реконструкција на Универзална сала како донација. Град Скопје ја прифати донацијата и откако ќе заврши тендерот за изведувачките работи се предвидува почеток на реконструкцијата на 1 мај“, изјави Заев.
Градоначалникот Шилегов искажа голема благодарност во Владата која, како што посочи, одвоила 120 милиони денари средства од Буџетот за реализација на овој проект.
„Универзална сала беше омилена културна институција на многу скопјани, а за многу деца, тоа е местото на првиот концерт или културен настан, а за мене тоа е доволна причина и мотив повторно да ги отвориме нејзините врати за посетителите“, рече Шилегов.
Согласно проектантските насоки, Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма со внатрешна реорганизација на просторот со нови современи материјали за фасада, а самиот објект ќе биде енергетски ефикасен.
Македонија
На инфективните одделенија во државата се лекуваат вкупно 419 лица од Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 419 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Од извештаите на болниците кои пристигнуваат во министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола хоспитализирани се 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип има хоспитализирано 32 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 65 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.
Во ковид центарот во Охрид има 56 пациенти, во Прилеп 75 пациенти, во ковид центарот во Гостивар 6, а во Струга 19 хоспитализирани лица.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 8, Кавадарци 42, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Според министерството за здравство, бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 682 и во ковид центрите има околу 360 празни болнички кревети“, информираат од министерството.
Додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран