Контакт

Македонија

Доколку не добиеме датум, на сцена ќе стапат регресивни сили, му порача Заев на Сасоли

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев во рамките на неговата агенда во Брисел вечерва се сретна со претседателот на Европскиот парламент, Давид Мариа Сасоли.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата присуствувале и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

За време на разговорот Заев нагласил дека сè уште е оптимист дека одлуката за старт на преговорите сепак ќе биде донесена на самитот на претседатели и шефови на влади на земјите членки на ЕУ во текот на утрешниот ден.

„Поинаков исход освен старт на преговори за Северна Македонија, како признание за остварените реформи и за сериозните политички одлуки на земјата, како исполнување на препораките на ЕУ, ќе биде поттик за регресивните сили во земјата и обесхрабрувачки сигнал за другите земји во регионот во однос на нивните евроинтеграциски процеси“, посочил македонскиот премиер.

Претседателот на Европскиот парламент го потврдил речиси консензуалното одобрување на европратениците за преговори со Северна Македонија и потврдил дека земјата е успешна приказна за Европската Унија.

Сасоли нагласил дека со овие пораки тој и утре ќе се обрати во Европскиот совет и ќе побара да биде исполнето ветувањето за позитивна одлука за старт за преговори на Северна Македонија.

Македонија

Царовска во Анкара: ТИКА продолжува со инвестиции во образованието во Македонија

Објавено пред

Турската агенција за соработка и координација ТИКА ќе продолжи да ги поддржува заложбите на Владата за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, инвестирајќи во повеќе негови сегменти, со особен фокус на инфраструктурните проекти. Ова беше потврдено на денешната средба на министерката за образование и наука, Мила Царовска, со претседателот на ТИКА, Серкан Кајалар, која се одржа во главниот град на Турција, каде што делегација од МОН во која покрај министерката  и заменик-министерот Арафат Шабани е во неколкудневна посета.

„Особено ни е драго што ТИКА секогаш ги препознава и долги години ги поддржува напорите на државата за развој на образованието и што како претседателство потврдувате дека таа поддршка не само што нема да запре, туку и ќе се интензивира. За нас тоа е многу важно во овој период во кој во тек е имплементирање на реформите предвидени со неколкугодишниот план на МОН и на Владата“, рече Царовска за време на средбата, заблагодарувајќи се на агенцијата за сите досегашни инвестиции кои се плод на одличното партнерство помеѓу двете земји.

Претседателот на турската агенција за соработка и координација Кајалар рече дека Северна Македонија е многу значајна земја за Турција и затоа продолжуваат да го поддржуваат развојот на сите општествени сегменти, вложувајќи во одржливи проекти особено во образованието, здравството и инфраструктурата. Тој ги поздрави напорите на државата за унапредување на квалитетот на образованието, а особено се осврна на јакнењето на капацитетите на наставниот кадар, како клучна алка во системот од која најмногу зависи создавањето на добри генерации на ученици.

ТИКА во Северна Македонија е активна 15 години и досега има реализирано десетици инвестиции во изградба на нови или реконструкција на постојни училишни објекти во повеќе општини во државата со граѓани од различна етничка припадност.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Објавено пред

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“.

„Од нив 4.680 се преку директен договор што нашата земја го има со овој производител на вакцини против Ковид-19. Според договорт, ‘Фајзер’  секој понеделник во нашата земја испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени за цел месец. Останатите 4.680 дози вакцини на ‘Фајзер’ се добиени преку трилатерални договори во рамките на програмата ‘Тим Јуроп’ (Team Europe)“, соопшти министерството.

Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, што ја координира Австрија, во нашата земја во месец мај треба да пристигнат вкупно 19.890 дози вакцини. Вчерашната пратка е втора по ред, а помошта за Македонија која ја обезбедува ЕУ се вкупно 119.213 вакцини.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим.

Како што е предвидено, Радев најпрво ќе допатува во Скопје каде што ќе се сретне со Пендаровски, а потоа заедно со бугарски авион ќе заминат за Рим.

„Двете делегации ќе отпатуваат заедно во Италијанската Република. На 27 мај претседателите Пендаровски и Радев ќе положат цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре“, соопшти кабинетот на Пендаровски.

Во базиликата, во IX век, папата Адријан Втори ги благослови азбуката и книгите напишани од светите браќа Кирил и Методиј.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Македонија1 час

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет2 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет2 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет2 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет2 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион15 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија16 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија16 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа16 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија19 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија22 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет23 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија23 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет23 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет1 ден

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа1 ден

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет1 ден

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет1 ден

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет1 ден

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Досие