Контакт

Македонија

Доктор Мојсова: Сочувство до семејството, срцето на нивната драга сѐ уште чука и живее

Објавено пред

„Сакам да изразам сочувство на семејството и да им кажам дека срцето на нивната драга чука и дека во суштина сѐ уште живее“, изјави д-р Маја Мојсова, националниот координатор за трансплантација, откако успешно заврши првата трансплантација на срце во земјава.

Донорот на срце е 43 годишна жена која загина во сообраќајна несреќа. Нејзиното семејство, сопругот и двете деца, по нејзината смрт дале согласност таа да биде донор. Тројца пациенти добија нови органи како последица на овој хуман чин – кај 54 годишен пациент беше извршена првата трансплантација на срце, а кај двајца бубрежно болни пациенти на дијализа се врши трансплантација на бубрезите на Клиниката за урологија.

„Теретот на целата оваа координација падна на неколкумина од нас. Сето ова немаше да биде успешно доколку не постоеше ова семејство, кое навистина со голема емоција ги донираше органите. Не дека досега не се вршела трансплантација во нашата земја, но таа секогаш се завршувала со трансплантација на бубрези. За мене ова беше нешто многу емотивно, нешто што долго време го спремаме. Не беше случајно вака изведено, имавме многу состаноци, за да ги синхронизираме листите, протоколите, критериумите, но сепак ребаше да се појави некој кој би донирал. Сега, тројца пациенти добија органи. Горда сум што бев дел од целото ова и сметам дека ова може да ни даде уште поголема волја и надеж дека семејствата кога ќе се соочат со загуба на нивни близок, сепак ќе се одлучат да ги донираат органите и дека многу пациенти ќе имаат шанса да продолжат со лекувањето со нов орган и нова надеж“, изјави Мојсова.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет2 минути

Стабилизиран системот за контрола на летање во САД, но се очекува откажување на уште 5.000 летови

Системот за контрола на воздушниот сообраќај во САД е стабилен по големиот прекин што во петокот ги погоди аеродромите низ...

Црна хроника17 минути

Девет возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, шест возеле без положен возачки испит

Девет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации во државата поради сомнение за безобѕирно управување со...

Свет30 минути

(Видео) Приведени 121 демонстрант на протестите низ Франција, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција привела 121 лице за време на денешните протести во повеќе градови низ земјата, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Свет46 минути

Птичјиот грип повторно ја погоди Холандија: За една недела ќе бидат усмртени 184.000 животни

Птичји грип по третпат оваа недела е потврден на фарма во холандското село Хирден, во покраината Гелдерланд, поради што ќе...

Свет1 час

Зеленски: Путин сака преку „хуманитарна мисија“ да ја преземе контролата врз Костјантинивка и да напредува кон Краматорск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека предлогот за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка, на...

Црна хроника1 час

Пронајдени пиштол и ловечка муниција при претрес во валандовско, уапсен 43-годишник

Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени при претрес во дом во селото Казандол, валандовско, а 43-годишниот сопственик бил лишен од...

Свет2 часа

(Видео) Илјадници Португалци на протести во 32 града поради станбената криза, бараат контрола на кириите и заштита од иселување

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во 32 града низ Португалија, барајќи од владата итни мерки за справување со сè...

Свет2 часа

Трамп, Путин и Си Џинпинг следната недела на историска трилатерална средба во Кина – ќе разговараат за нуклеарното оружје

Трамп, Путин и Си Џинпинг планираат историска трилатерална средба следната недела во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска...

Македонија2 часа

Меџити во Историската чаршија во Бурса: Размената на искуства со еснафите во функција на ревитализацијата на Старата скопска чаршија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, ја посети Историската чаршија во Бурса, каде...