Македонија
ДОМ: Енергетска револуција наместо балканска крчма
Министерскиот состанок за енергетика на балканските земји, со присуство и на еврокомесарот Хан е потсетување дека на овој регион му треба енергетска револуција наместо балканска крчма, сметаат од ДОМ.
„ЕУ ни отвори можност за 50 милиони евра за проекти од обновливи енергии и енергетска ефикасност, во функција на почиста животна средина. Ни понуди пат кон здрав и квалитетен живот, со европски стандарди преку Програмата за регионална енергетска ефикасност и Фондот за зелен раст. Ефекти би биле смалување на потрошувачката и увозот на енергија, како и на емисијата на штетни гасови“, велат во партиското соопштение.
Владата треба сериозно да ја сфати енергетската трансформација и преминот од загадувачки технологии на јаглен, кон чисти зелени технологии, а ова е патот кон зелена економија, напредна, евтина и чиста. Но мора да постои Влада која ќе ги прифати модерните текови, ќе го стави ова во приоритети и ќе потроши 10-15% од вредноста на вакви проекти, за да ги искористи овие фондови, посочуваат од ДОМ.
„Македонија треба што поскоро да го заокружи изборниот процес со формирање Влада која ќе се зафати со реформски проекти, меѓу кои и за енергетска трансформација на земјата“, се додава во соопштението./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Вознемирувачко видео) Седум кученца живи фрлени во контејнер во Кочани
Вработените во КЈП „Водовод“ во Кочани, задолжени за собирање и складирање на отпадот при нивната редовна работа, во контејнер за отпадоци пронајдоа вреќа со седум мали живи кутриња, фрлени на нехуман начин заедно до другото ѓубре.
Од претпријатието нагласија дека секојдневно се соочуваат со отпад за кој не се задолжени да го собираат, како градежен шут, електронски и медицински отпад, но овој случај ги надминал сите граници.
Оваа случка стана вирална и предизвикува бројни негативни коментари на социјалните мрежи.
Македонија
СДСМ: Мора да им одговорност за починатото бебе на Детската клиника
Со голема загриженост ги следиме информациите за трагичната смрт на 14 месечното новороденче на Клиниката за детски болести и она што се случува Министерството за здравство и сите надлежни институции итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се утврдат причините за овој трагичен настан за кој мора да има одговорност. Потврдените информации дека бебето било одбиено да биде хоспитализирано се крајно загрижувачки. Ова е втор трагичен случај за една недела во здравствените установи, велат од СДСМ.
СДСМ бара подлабока анализа и целосна транспарентност во процесот на утврдување на одговорноста. Јавноста заслужува да знае каде се направени пропустите.
„Во изминатите 7 години, со вистинска грижа и соодветни мерки СДСМ успеа да ја намали неколкукратно смртноста кај новороденчињата. Во 2016 година смртноста била високи 25 отсто, во 2021 е намалена на 8,9 отсто а во 2023 година околу 5%. Бројките постепено опаѓаат низ годините што укажува на унапредување на здравствената заштита на мајките и новороденчињата. Неонаталната смртност СДСМ ја намали за 5 пати, во 2015 година изнесувала 6.8%о а во 2022 година е намалена на само 1,4%о. Во 2015 година во времето на ДПМНЕ перинаталната смртност изнесувала 12.8%о а во 2022 година е намалена на 6.9%о. СДСМ набави морени инкубатори, кои недостасуваа, како и повеќе современи апарати, опрема, микроскопи, системи за деминерализација, респираторни машини, подвижни протокомери за кислород и инвестираше во развој на соодветен стручен кадар. Оттука, крајно загрижувачки е тоа што се случува сега и надлежните мора да преземат соодветни мерки да не се дозволи зголемување на смртноста на новоредничањата повторно. Здравјето на мајките и новороденчињата мора да биде императив за секој здравствен систем“, посочуваат од СДСМ.
Македонија
ЦУК: Во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување
Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено – во Скопје бил запален градежен отпад на ул.
„Његошева“ во Општина Карпош, и во во Село Рдауша каде што имало запалено ѓубре, соопшти ЦУК.
ЈКП „Шар“ од Тетово информира поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата засега е целосно затворен.
Градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а екипи на ЈКП „Шар” се на терен за брзо решавање на проблемот.
Ограничување на водата во градскиот водовод ќе има од 13,00 до 15,00 часот и во период од 01,00 до 04,00 часот.
Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар, пак, е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.