Контакт

Македонија

Дополнителни 37 мислења за амнестија ќе го затрупаат кривичен за одлучување

Објавено пред

37 мислења за барањата за амнестија денеска ќе бидат испратени до кривичниот суд во Скопје, потврдија од скопското обвинителство за „Макфакс“. По вчерашниот колегиум во Основното јавно обвинителство – Скопје, се очекува мислењата во текот на денот да бидат експедирани до кривичниот суд во Скопје. Станува збор за предмети што му претходеа на судењето за настаните од 27 април во кое се обвинети 33 лица и за кои има пресуди.

Во судот за крвавиот четврток беа досудени условни казни за учество во толпа. Основниот суд Скопје 1 изрече уште неколку пресуди за упад и насилничко однесување во Собранието, а во овие предмети влегува и пресудата за обидот за убиство на Зијадин Села.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски и уште 7 други обвинети вчера добија амнестија од судот. Во текот на денот се очекуваат нови одлуки.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Волк е животното кое вчера беше заловено во скопска населба: потврдија од ЗОО Скопје

Објавено пред

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец, потврдија од ЗОО Скопје.

„Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите го потврдија“.

Животното, велат од таму, не е чипирано, измерено е дека тежи околу 25 килограми, а од страна на стручните служби била земена и крв за биохемиска анализа и дополнителни испитувања.

„Волкот е млад, но неухранет и недоволно развиен за својата возраст.
Во ЗОО Скопје денес излегоа и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои исто така се уверени дека станува збор за волк ( Canis lupus)
Дополнително, контактирани се и експерти и институции од повеќе европски центри и резервати за волци, со цел да се добие и меѓународна потврда и стручно мислење“.

Надлежните со апел до јавноста да не се шират шпекулации и дезинформаци, туку сите заедно повеќе да работиме на едукација дека диви животни не се чуваат како домашни миленичиња на ланец.

„Скопје ЗОО ќе продолжи внимателно да ги следи здравствената состојба и однесувањето на животното и ќе ја информира јавноста за сите понатамошни информации“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци, предупредува МВР

Објавено пред

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи информира дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk.

Измамата, како што појаснуваат од МВР, се врши на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесете вашата регистарска табличка од вашето возило и потоа ве носи на нов прозорец каде ви е регистриран прекршок и ви бараат наплата од 1500 денари за истиот.

„Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа претставуваат цел на злоупотреба.
Исто така Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи со цел да не наседнуваат на измами од ваков тип.
За полесно препознавање на вистинската порака, граѓаните во делот на испраќач на пораката треба да биде MVR-SC (во превод MVR Safe Country)“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.


ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Волк е животното кое вчера беше заловено во скопска населба: потврдија од ЗОО Скопје

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во...

Македонија23 минути

Зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци, предупредува МВР

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации...

Македонија31 минута

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен...

Македонија49 минути

Министерство за култура: Исплатени се средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година

Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот...

Македонија59 минути

Мицкоски вчера првпат му се јавил на државниот јавен обвинител: Савески за одлуката за мазутот дознал по нејзиното донесување

Државниот јавен обвинител Ненад Савески вчера првпат телефонски разговарал со премиерот Христијан Мицкоски. Според информацијата од обвинителството, во разговорот не...

Македонија1 час

Филков за запирање на истрагата за мазутотoт: Очекувам целосна транспарентност од ОЈО ГОКК и одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена одлуката

Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем,...

Култура2 часа

Распишан меѓународниот конкурс за необјавена песна на 9. издание на „Антево слово“ 2026

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchiao“), во соработка со...

Свет2 часа

Украински дронови ја парализираа клучната руска рафинерија во Перм

Руската рафинерија за нафта во Перм, во сопственост на „Лукоил“, целосно ја прекина преработката по серија напади со украински беспилотни...

Македонија3 часа

Мицкоски шокиран оти запре истрагата за Ковачевски и Капушевски: Очекувам дека случајот ќе биде вратен на повторно разгледување

Премиерот Христијан Мицкоски очекува случајот за набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“ во кој се осомничени поранешниот директор на ЕСМ,...