Контакт

Македонија

Досега попишани над 1,7 милион граѓани, рокот истекува утревечер

Објавено пред

Според Државниот завод за статистика, до синоќа, до 20 часот, попишани се 1.768.710 граѓани, 548.694 домаќинства и 795.494 стана. Во однос на дијаспората, до изутрината се самопопишале 201.247 наши иселеници, информира портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

„Апелираме до сите оние граѓани што од кои било причини досега не успеале да остварат контакт со попишувачите, но и до оние граѓани што во овие два дена нема да бидат дома, да ја остварат својата законска обврска на пунктовите за попишување во своите општини. Пописот е операција од витално значење за државата за да може да се прават стратегии за развој. Оттаму, учеството во пописот е можност за секој граѓанин сам да придонесе во креирање на сопствената и заедничката иднина“, рече тој.

На новинарско прашање за тоа дали ќе биде потребно дополнително време за пописот, Арсовски посочи дека на вчерашната владина седница не се разговарало за ова и дека сите капацитети се насочени кон тоа да биде завршена операцијата во законскиот рок, односно до утревечер.

„Секако, последниот збор ќе го има Државниот завод за статистика. Информациите од таму се дека на неполни два дена до завршувањето на теренското попишување на целата територија на државата се прават финални проверки за евентуално пропуштени граѓани и веќе се затвораат пописните кругови во Скопје, каде што има најголема концентрација на население, сите расположливи капацитети на попишувачите се на терен и ги посетуваат домаќинствата што досега не биле посетени. Оваа активност ќе се спроведува до самиот крај на пописот, тоа е утре, четврток, до 20 часот“, посочи Арсовски.

Македонија

(Видео) Шахпаска од рудникот САСА: Работиме на измени во законското решение со кое рударите со вкупен стаж од 40 години ќе одат во пензија

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска беше во посета на Рудникот за олово и цинк – САСА во Македонска Каменица. По средбата со генералниот директор Скот Јелланд и дел од раководството на САСА, се сретна и со рударите кои работат во внатрешноста на рудникот. Посетата ја предводеа лица кои се дел од стручната екипа на рудникот САСА.

„Навистина беше исклучително искуството да се биде на работното место, на работните позиции каде што рударите ги извршуваат своите работни задачи. Влеговме на позиции каде што се ископува рудата и го проследивме целиот процес на излез на рудата од рудникот. Министерството за труд и социјална политика, како надлежно од сферата на трудот заедно со Владата на РСМ, води политики кои се насочени кон вреднување на трудот на работниците, а во случајот зборуваме за рударите“, посочи Шахпаска.

Таа ја потенцираше важноста од почитувањето на безбедноста и здравјето при работа, затоа што само генерирање на безбедни работни места, резултираат со мотивирани работници. Истовремено, таа потврди дека условите во рудникот САСА се во согласност со сите пропишани стандарди. Дека безбедноста е на прво место потврдија и менаџментот на рудникот САСА.

Министерката Шахпаска истакна дека со законското решение во 2018 година, старосната граница на рударите беше спуштена од 58 на 50 години, но поради дилеми во толкувањето, Министерството работи на допрецизирање на оваа одредба. Со измените во законот, рударите со вкупен стаж од 40 години ќе одат во пензија.

„Истовремено, како Министерство работиме и на целосно нов Закон за безбедност и здравје при работа, затоа што наша обврска е да ја зајакнеме безбедноста на сите работници, а особено на оние професии кои се квалификувани како ризични“, посочи Шахпаска.

Таа порача дека Министерството за труд и социјална политика продолжува со заложбата за почитувањето на работничките права, безбедноста и заштита на здравјето при работа, а со тоа и контрола на почитување на истите, затоа што секој граѓанин е важен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Герасимовски: В недела барам поддршка од граѓаните за зелен и чист Центар, паркинзи и хумана урбанизација

Објавено пред

В недела одлучуваме во каков Центар сакаме да живееме. Јас сакам Центар да го видам како европска општина со среќни и насмеани граѓани, со поголеми зелени површини, чист со слободни тротоари и хумано градење, им порача на граѓаните Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и коалицијата во денешната изјава со која се завршува кампањата за локалните избори во 2021 година.

Герасимовски рече дека програмата и проектите што ги презентирaл пред граѓаните во изминатиот период се реални и се произлезени од самите граѓани од нивните барањата и предлози.

„Јас и мојот тим долго работиме на вашите потреби и лоцирање на недостатоците во општината, сите ги забележавме и ја креиравме програмата. Јас сум сигурен дека мојата програма е најдоброто за општина Центар. А тоа е така затоа што за проектите нудам конкретни и прецизни решенија, испланирани во рамките на буџетот со временски рок на реализација. Впрочем, локалните избори не се само палета на проекти, туку и нивна исполнителност. Јас за моите проекти го гарантирам токму тоа“, изјави Герасимовски.

Tој ги повика граѓаните да ги разгледаат програмите и да одлучат за гласот в недела бидејќи некои од кандидатите ветуваат проекти што веќе ги презентира централната власт на СДСМ. Некои од проектите што се ветуваат пред граѓаните, според Герасимовски, немаат точна локација, временска рамка, ниту испланирани буџетски средства.

Герасимовски потенцира дека програмата „Најдоброто за Центар“ е реална и тоа е разликата помеѓу неговата и таа на другите кандидати. Притоа тој најави и вклученост на граѓаните при следните градби во општината преку јавна анкета или референдум.

„Ве повикувам да размислите во каков Центар сакате да ни поминува секојдневието. Јас ве повикувам сите масовно да се вклучите во изборниот процес, да изберете иднина за поубав Центар, ве повикувам да го заокружите бројот 12 и да прославиме уште една голема победа за Центар“, заврши Герасимовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Шилегов: Новиот мост „Михајло Апостолски“ е симбол на другарството и слободата

Објавено пред

 

Градоначалникот на Скопје и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов, на последниот ден од изборната кампања од мостот на булеварот АСНОМ испрати порака која ја упати до разумот и до срцата на сите луѓе кои во Скопје го основале својот дом.

Како што кажа тој, новиот мост„Михајло Апостолски“ на булеварот АСНОМ не поврзува само две страни на еден булевар, не поврзува само две населби, три општини, туку овој мост ги поврзува граѓаните на Скопје.

„Мостот ја испраќа пораката дека Скопје веќе не е поделен град. Во Скопје веќе не се делиме, на важни и помалку важни, на наши и нивни, на Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци и други. Овој мост е на сите кои макар еднаш ќе поминат преку него. Од исток кон запад, од север кон југ и обратно“, нагласи тој.

Додаде дека со изградбата на овој мост жителите на Аеродром веќе нема да чекаат по 40 минути на Железничка кога одат или се враќаат од работа.

„По овој мост ќе се движат безбедно и брзо и пешаци и велосипедисти, и јавен градски превоз и автомобили, без застој, без доцнење, без непријатности. Мостот на булевар АСНОМ е симбол на поврзувањето, другарството и слободата! И затоа, неслучајно, донесовме одлука токму овој мост да го носи името на народниот херој, храбриот генерал Михајло Апостолски кој бил еден од најистакнатите членови на Президиумот на АСНОМ, еден од најзаслужните за раѓањето и градењето на македонската држава, за ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор, за пишувањето и негувањето на нашата, скопска и македонска историја. Нека живее вечно споменот на овој голем човек во срцата на скопјани, нека го поврзува градот убав цврсто и силно како неговата борба за слобода и раѓањето на нашата Македонија“, порача Шилегов кој истакна дека на 17 октомври секој глас ќе биде важен за да продолжи напредокот на градот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минута

(Видео) Британски пратеник избоден со нож до смрт додека држел говор во црква

Британски пратеник од Конзервативната партија, сер Дејвид Ејмс денеска беше избоден со нож неколку пати по што почина, објавија британските...

Македонија2 часа

9 починати и 413 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на...

Топ6 часа

Четворица повредени во превртениот автобус во Битола

Четири лица се повредени во несреќата што утрово се сучи во Битола кога се преврте автобус со работници од фабриката...

Македонија8 часа

(Видео) Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава. Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да...

Македонија8 часа

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија8 часа

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија1 ден

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија1 ден

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија1 ден

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија1 ден

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет1 ден

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Свет1 ден

Курц: Не сум робот, туку човек со грешки и мани

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, кој поднесе оставка на функцијата канцелар поради истрагата против него и луѓето...

Регион1 ден

Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот...

Регион1 ден

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот инстаграм-профил под која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои...

Свет1 ден

(Видео) Пожар во зграда на Тајван, 25 загинати и 44 се повредени

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Зградата...

Регион1 ден

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за прележан коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора...

Европа2 дена

(Видео) Маж со лак и стрела извршил напад во Норвешка, има повеќе загинати и повредени

Маж бил уапсен откако повредил неколку луѓе со лак и стрела во Конгсберг, Норвешка, а полицијата во меѓувреме ја евакуирала...

Свет2 дена

СЗО ja запре постапката за итно одобрување на „спутник В“

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека е прекината постапката за итно одобрување на руската вакцина „спутник В“ бидејќи недостасува одредена...

Македонија2 дена

12 починати, регистрирани 412 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.567 тестирања,...

Досие