Македонија
До петок болницата „8 Септември“ ќе добие нов директор, Танер Хасан можен директор на Клиниката за ендокринологија
Министерот за здравство Арбен Таравари сè уште не открива кој ќе биде назначен за директор на Градската општа болница „8 Септември“. Одговарајќи на новинарско прашање, тој денес најави дека до крајот на неделата ќе го направи изборот.
„Немаме дефинитивно решение кој ќе биде нов директор на ‘8 Септември’, до петок ќе кажеме“, рече министерот Таравари.
Тој потврди дека ендокринологот Танер Хасан е можно да стане директор, но не на „8 Септември“, каде што работи сега, туку на Клиниката за ендокринологија, но и тоа решение сè уште не е дефинитивно.
Медицинските директори што досега се покажале како професионалци Таравари рече дека може да ги задржи, но ревизии ќе се направат во сите клиники и во сите болници.
Актуелниот директор на „8 Септември“, Христијан Костов, беше назначен во 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

