Македонија
ДПА ќе продолжи да ги поддржува уставните измени, рече Тачи на средбата со Палмер

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, денеска, во Скопје, во резиденцијата на американскиот амбасадор Бејли, се сретна со заменикот на помошник-државниот секретар, Метју Палмер.
Како што пренесуваат од службата за информирање на ДПА, на средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација, за имплементацијата на преспанскиот договор, како и за реформскиот процес.
Тачи на средбата истакнал дека ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени што произлегуваат од преспанскиот договор, како и процесот на реформи за целосна интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.
За време на состанокот Палмер ја потврдил целосната поддршка од САД за преспанскиот договор и за агендата што ја води земјата до членството во НАТО и ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР: Сузбиена криминална група инволвирана во трговија со оружје

Во координирана полициска акција сузбиена е криминална група инволвирана во трговија со оружје, соопшти МВР. Групата била составена од лица од Скопје, Тетово и Куманово, а во неколку различни случаи документирани биле продажби на вкупно десет пиштоли.
По судски налог, извршени биле претреси на вкупно 13 локации, пришто се уапсени се Ф.А. (39), Б.А. (34), Н.М. (63), Ф. Ј. (32), А.А. (29), С.Н. (48), Б.М. (25) сите од Скопје и Џ.Р. (36) од Тетово и С.И. (47) од Куманово.
„Од досега преземените оперативно – тактички мерки при спроведеното криминалистичко истражување вкупно пронајдени и одземени се една автоматска пушка, една ловна пушка, 16 пиштоли, муниција од различен калибар, мобилни телефони и СИМ картички“, велат од МВР.
Ф. А. и А. Б. подолг период, во работилница лоцирана во Скопје, со употреба на пригоден алат изработувале огнено оружје пиштол на тој начин што Ф. А. набавувал потребна количина на пиштоли за светлосна и звучна сигнализација, додека А.Б. во својата работилница сигналното оружје го конвертирал во огнено оружје, на начин што ја вадел цевката која што служи за испукување на гасен куршум и на нејзино место вметнувал метална цевка претежно од калибарот 7,65 мм,. Исто така, биле набавувани и други видови на огнено оружје и разни видови на муниција кои ги продавале на заинтересирани лица.
По конвертирањето на оружјето, пронаоѓале заинтересирани лица и го продавале по цена од 250 до 400 евра.
Во акцијата учествувале БЈБ- Единицата за сериозен криминал и тероризам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактвен материјал при Одделот за криминалистичка полиција со поддршка на ОСПО и ОКТИВ, и во координација со ОЈО за ГОКК.
Македонија
(Фото) Црн крст исцртан пред домот на скопски бизнисмен

Утрово пред домот на сопственикот на градежната компанија „Кубус“, Златко Тодоров, е испишан црн крст со неговото име, а истата порака ја има и на фасадите. МВР за „Макфакс“ го потврди случајот.

Фотографија од местото каде е исцртан крстот со името и презимето на бизнисменот
„На 18.02 во 8:30 часот З.Т. пријавил дека на улица Христо Смирненски има натпис на коловозот со испишана заканувачка порака при што истата порака ја има и на фасадите. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“. Минатата недела на неколку локации низ Скопје беа поставени натписи за истиот бизнисмен „Кој го штити Златко Тодоров во обвинителството и судот?“
Од полицијата известија дека во врска со опожарувањето на неговото возило, кое се случи лани, постапува скопското обвинителство. „Во врска со настан од 20.09.2018 година околу 4:00 часот на улица Христо Смирнески кога е опожарено патничко моторно возило Х5, со скопски регистарски ознаки сопственост на лицето К. Т. од Скопје кое го користел неговиот татко З. Т. од Скопје, од страна на увидна екипа од СВР Скопје беше извршен увид и преземени се соодветни мерки и активности. За случајот е известен и јавен обвинител кој во координација со МВР врз основ на прибавените докази дава насоки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Макфакс“.
Бизнисменот Златко Тодоров рече за „Макфакс“ дека овие настани се последица од шестгодишното непостапување на обвинителстовото за кривичните пријави за случајот „Банки“. „Сите овие настани се последица на непостапувањето на обвинителството, по кривичните пријави, кои, по наши сознаија, МВР ги има поднесено во 2013 година и УБК преку БЈБ во 2017 година како и Упрвата за финансиската полиција“, вели Тодоров.
„Непостапувањето по кривичните пријави ги подгрева надежите на сторителите во аферата дека ќе се извлечат со вакви заплашувања и закани по живот. Арамиите се убедуваат дека ќе дојде до ослободување од процесот на кривично гонење. Во врска со натписите, во ‘Кубус’ нема еден купец кој побарал од нас аргументирано да постапиме дека има каков било проблем. Напротив. Склучени се и во тек на склучување има договори. Толку е за вербата што клиентите ја имаат во компанијата од 27 години работа.
Македонија
(Видео) Заев: Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение за нас, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која разговараа за консензуален кандидат за претседател. Според него, опозицискиот кандидат воопшто не е профил за консензуален претседател и е спротивност на концептот едно општество за сите.
Таа во ниту еден сегмент не даде поддршка на тоа што цел свет го поддржува и огромното мнозинство на граѓаните. Македонија направи голем чекор напред, отидовме во исполнување на нашите децениски аспирации. Ние денеска сме земја каде што секоја недела се ратификува протоколот за НАТО, ние сме земја што е преговарач со ЕУ”, таа е надвор од секој концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните“, изјави Заев.
Премиерот не сакаше да открива можни имиња за кои разговарале со Ахмети, но рече дека до крајот на неделата ќе биде познато дали е прифатлив консензуален кандидат, откако ќе се направат внатрепартиски консултации.
За можно неисполнување на цензусот Заев остава на одговорноста на граѓаните. Вели дека во анкетите 78 отсто велат дека ќе излезат во двата круга, но тој сепак смета дека зависи од тоа колку партиите ќе ги мотивираат гласачите во предизборната кампања.
По средбата со Ахмети, Заев најави средби и со Мендух Тачи, Африм Гаши, Биљал Касами и Зијадин Села.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал