Контакт

Македонија

ДПМНЕ лаже и манипулира, протестите не се прашање на партија, туку на правда, велат од СДСМ

Објавено пред

Додека граѓаните се во болка, додека едно семејство ја губи својата ќерка, ВМРО-ДПМНЕ оди по својата стара матрица – гази по трагедија за да се одбрани политички. Ова е партијата што нема граници, нема срам и нема морал, оценуваат од СДСМ.

„Наместо да најдат решение за проблемите, тие шират лаги, спинуваат и бараат виновници во СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека СДСМ не е криво што Васов добил телефон во Шутка. СДСМ не го стави неговиот татко на висока воена позиција под заштита на оваа власт. СДСМ не ја избра судијката Алексовска Стојановска, ВМРО-ДПМНЕ ја избра од тефтерчето на Гордана Јанкуловска“, додаваат од опозициската партија.

Денес, како што велат, наместо да покажат минимум човечност и да застанат на страната на правдата, тие повторно лажат и манипулираат.

„Ги политизираат протестите, сакаат да го скршат отпорот на граѓаните, сакаат да ги замолчат луѓето што бараат правда.

ВМРО-ДПМНЕ можеби мисли дека ако доволно долго ја повторува својата лага, таа ќе стане вистина. Но, граѓаните нема да дозволат оваа трагедија да се претвори во уште една политичка манипулација. Ова не е прашање на партија, ова е прашање на правда“, порачуваат од СДСМ.

„Им порачуваме да престанат да ја гушат правдата и револтот. Така докажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ штити криминалци и гази по човечки судбини само за да ја зачува својата моќ“, додаваат од СДСМ.

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Олимпијакос од -28 до триумф во Валенсија, Црвена звезда со звукот на сирената победи во Вилербан

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата. Нестварен натпревар одиграа овие два...

Спорт4 часа

(Видео) Интер и Баерн се изрезилија во Лигата на шампионите

Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж...

Спорт4 часа

(Видео) Атлетико го победи Манчестер Јунајтед, Барселона со блиц-криг славеше во Истанбул, Виљарела по пресврт го победи Наполи

Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“....

Свет5 часа

Вадефул: Украина не ја започна војната, Русија мора да го направи првиот потег

Русија мора да биде првата што ќе „направи потег“ и ќе покаже дека е подготвена да преговара за ограничен прекин...

Свет5 часа

Захарова: Киев се обидува да ги дестабилизира пазарите на енергија и храна

Режимот во Киев намерно се обидува да го дестабилизира пазарот на енергија и храна со напаѓање на танкери, изјави Марија...

Свет5 часа

Кралот на Шпанија: Суверенитетот и територијалниот интегритет над Сеута не се предмет на преговори

Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, енклава на северот од Африка, се несомнени и не се предмет на...

Забава6 часа

Се заљубуваат, па бегаат: хороскопски знаци кои се повлекуваат токму кога некој им станува важен

Според астрологијата, овие четири знаци знаат да се повлечат токму кога ќе почнат да чувствуваат нешто сериозно. Кореспонденцијата трае до...

Забава6 часа

Мајкл Даглас открива што му го спасило бракот со Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас објасни дека тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс морале да се променат за да го спасат својот брак...

Спорт6 часа

Историски триумф на Сабах во Лигата на шампионите, Спортинг победи во Ленс

Фудбалерите на Сабах ја забележаа својата прва победа во Лигата на шампионите, вечерва ја победија ја Славија Прага во Баку...