Македонија
Драстично намалени казните во Законот за укажувачи

Со усвојување на Законот за изменување на Законот за заштита на укажувачи, објавен во „Службен весник на РСМ“ бр. 257 од 29.10.2020 година, се извршија измени во прекршочите одредби на Законот за заштита на укажувачи со тоа што глобите за одговорни лица во правни лица и за правните лица се значително намалени. На овој начин законодавецот наместо да покаже заложба за подобрување на примената на овој закон и да обезбеди соодветни ресурси и буџет, ја олеснува неговата непримена и непочитување на начин што ќе го загрози идентитетот на укажувачите и целисходноста на постоењето на овој закон. Наместо намалување на глобите, законодавецот треба да ја искористи законски предвидената можност од Законот за прекршоците, за одредени прекршоци да мора и да може да се изрекуваат и повисоки глоби. Оваа можност треба да се однесува и на одредбите на антикорупциските закони, како што е законот за укажувачи, соопшти Транспаренси интернешнл – Македонија.
„Со намалени глоби се овозможува и понатаму да не функционира системот, бидејќи полесно ќе биде да се платат казните, отколку да се расчисти состојбата, односно да се сносат последиците ако станува збор за незаконити дејства. Законот и досега имаше слаба или незначителна примена за да може да се оцени дали нешто треба да се менува во него. Прво требаше да се настојува сите институции да воспостават систем на пријавување од страна на укажувачи, а потоа да се види како тој систем функционира и дали има потреба од некаква интервенција во законот. Вака уште повеќе само се дерогира неговото значење и потребата од примена”, изјави Слаѓана Тасева, претседател на ТИ Македонија.
При тоа висината на глобите за правните лица е димензионирана во сооднос со големината на трговецот и институцијата од јавниот сектор пресметано според бројот на вработени, при што глобите за некои прекршоци се драстично намалени. Со измените во Законот, исто така, има драстично намалување на глобите и, за овластените лица во правните лица, во приватниот и јавниот сектор, задолжени да ги примат пријавите на укажувачите, да постапат по нив, како и да го заштитат нивниот идентитет, нивните права од работниот однос и нивната безбедност: наместо од 2.000 до 4.000 евра, како досега, со измените глобата треба се движи од 250 до 500 евра.
Предвидените глоби за правните лица се намалени за повеќе од половина. Глобите што беа предвидени за необјавување и правење на достапни за сите вработени на актите за внатрешно пријавување во приватниот и јавниот сектор со законските измени се намалени и се движат од 250 до 2000 евра казна како максимална која важи за големи трговци и институција со повеќе од 50 вработени лица. Пред измените казните се движеа од 2.000 до 4.000 евра без оглед на големината и бројот на вработени во правното лице од јавниот или приватниот сектор. Исто така казните за непочитување на одредбите за заштита на податоците на пријавувачот врз основа на кои може да се открие неговиот идентитетот, глобите за правните лица со законските измени се градирани во однос на големината на правното лице според бројот на вработени, а казните за овластените лица за прием на пријави од укажувачи изнесуваат 500 евра.
„Големината на корупцијата и борбата против неа не зависат од големината на субјектите. Укажувачите како важна алка во борбата против корупцијата се еднакво значајни без оглед на големината и бројот на вработени на институцијата или трговецот каде тие работат или соработуваат. Обврската за заштита на укажувачите треба да важи подеднакво за сите. Нелогични се измените во членот 20 каде се предвидени глоби за непостапување по пријава на укажувач од страна на институциите задолжени за заштитено надворешно пријавување. Глобата за непостапување на овие институции во законскиот рок изнесуваше 6.000 евра. Сега висината на овие глоби е рангирана според големината на субјектот, што навистина не соодветствува со целите на законот каде како субјектите, односно органите задолжени за заштитено надоврешно пријавување се Државната комисија за спречување на корупцијата, Народниот правобранител, Инспекцискиот совет, Министерството за внатрешни работи и до Јавното обвинителство на Република Македонија“, се вели во соопштението.
Глобите, пак, за неподнесување на извештаи до ДКСК од страна на институциите задолжени за прием на пријави од укажувачи од заштитено внатрешно и заштитено надворешно пријавување со измените се движат од 1.000 до 4.000 евра. Пред законските измени оваа глоба изнесуваше 4.000 евра. Со Законот за прекршоци („Службен весник“ бр.96 од 17.05.2019 година) се воведува неколкукратно намалување на висината на глобите преку утврдување на точен распон на висината на прекршочните глоби и усогласување на сите материјални закони во правец на нивно усогласување со предвидената висина на глобите во Законот за прекршоците. Сепак, како што е оставена можност за одредени прекршоци да мора и да може да се изрекуваат и повисоки глоби, би требало таа можност да се однесува и на одредбите на антикорупциските закони, како што е Законот за укажувачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нови 403 заболени и 10 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-165, Куманово-30, Дебар-9, Штип-4, Прилеп-10, Тетово-14, Струга-11, Велес-25, Битола-10, Охрид-19, Кавадарци-22, Гостивар-11, Гевгелија-8, Струмица-13, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-14, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-3, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-4, Неготино-11.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 339 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-106, Куманово-22, Дебар-14, Штип-14, Прилеп-28, Тетово-10, Велес-13, Битола-15, Кавадарци-24, Гостивар-6, Гевгелија-8, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-12, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-13, Валандово-1, Виница-6, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-4, Неготино-11.
Починати се 10 лица – двајца од Скопје (54 и 90), еден од Куманово (73), двајца пациенти од Прилеп (59 и 56), еден од Охрид (72), пациент од ПЕ Гевгелија/Богданци (76), од Струмица (71), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (74) и еден пациент од Кичево (76). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.389, бројката на оздравени пациенти е 69.476, на починати е 2.682, а бројот на активни случаи изнесува 16.231. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 38.330, активни 9.985
• Куманово 4.981, активни 477
• Дебар 704, активни 134
• Штип 3.421, активни 194
• Прилеп 4.440, активни 305
• Тетово 4.939, активни 706
• Струга 2.126, активни 196
• Велес 2.933, активни 392
• Битола 3.162, активни 366
• Охрид 2.633, активни 443
• Кавадарци 2.372, активни 463
• Гостивар 3.515, активни 444
• Гевгелија 1.242, активни 206 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 214 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.456, активни 453
• Крива Паланка 697, активни 94
• Радовиш 668, активни 77
• Крушево 188, активни 35
• Кочани 1.687, активни 155
• Пробиштип 472, активни 34
• Демир Хисар 240, активни 27
• Македонски Брод 236, активни 16
• Пехчево 173, активни 24
• Берово 557, активни 55
• Валандово 323, активни 31
• Виница 474, активни 58
• Делчево 710, активни 230 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 206, активни 14
• Свети Николе 1.061, активни 71
• Кичево 1.645, активни 190
• Ресен 692, активни 125
• Неготино 1.106, активни 231 (176 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.118 теста се преку: ИЈЗ – 531, ЦЈЗ Скопје – 48, „Авицена“ – 263, „Биотек“ – 195, МАНУ – 97, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 120, „Систина“ со PCR-метода – 171, лабораторија „Лаор“ – 103, Судска медицина – 48, ЦЈЗ Битола – 46, Инфективна клиника – 0, ГАК – 0, „Синлаб“ – 21, „Ремедика“ – 16, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ (рапид-тест) – 457, УК Пулмологија со алергологија – 2, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 428.006 тестирања на Ковид-19.
Македонија
(Видео) Милошоски: Пописот треба и мора да се реализира, но не ваков каков што сака да го направи СДСМ

На денешната седница на Собранието се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој зборуваше за законот за попис, методологијата за неговото донесување, како и моментната ситуација со пандемијата на Ковид-19, која директно влијае врз одржувањето на пописот.
Во однос на донесувањето на законот за попис, Милошоски вели дека истиот не само што се пробува да се донесе на сила, туку и законот каков и да се донесе, не е исто што и неговото реализирање. Според Милошоски, пописот е операција која што не треба да се спроведе за само да и пројде редот, туку да има значење и граѓаните да ги знаат точните информации во однос на населението во државата.
„ Република Македонија се уште се соочува со пандемијата од Ковид-19 и тоа е огромна причина да се размисли дали во моментот е потребен попис кој ниту ќе биде релевантен, ниту пак ќе придонесе за прецизирање на одредени податоци“ изјави Милошоски, според кој голем број на земји ги одложиле пописите кои требале да се случат кај нив оваа година, само поради лошите и поразителни бројки на починати и заболени од Ковид-19 вирусот.
„ Не е нормално во време кога навистина се бориме со пандемија, да ризикуваме дополнително со животите на граѓаните. Една Германија, Бугарија и уште низа на земји ги одложија пописите кои беа предвидени за оваа година и ги преместија за во 2022 година. Политичарите кај нас доколку размислуваат зрело, треба да ги направат истите чекори и пописот да не биде избрзан и фингиран, а потоа да се чекаат нови 20 години за нов попис”, додаде Милошоски.
Тој потенцираше дека пописот треба и мора да се реализира, но не сега во овој момент и под вакви услови. Со мало пролонгирање на пописот, ќе се избегнат лоши ситуации во однос на пандемијата и ќе се изработи модеп преку кој пописот ќе го добие своето вистинско значење и неговото реализирање ќе придонесе со нови точни статистички податоци за населението вп државата, заврши Милошоски.
Македонија
(Видео) Петровска: Секоја намера за одложување на пописот е деструктивна и злонамерна

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска од собраниската говорница изрази задоволство што по 19 години, ќе се спроведе попис како исклучително важна статистичка операција нагласувајќи дека тоа не им е само обврска туку и должност на институциите редовно да ја спроведуваат оваа активност.
„Одржувањето на пописот е важно од повеќе аспекти, со него се прибираат податоци, кои подоцна ќе бидат користени од страна на државните институции, но и од страна на приватниот сектор и од меѓународните институции кога се прават планови за развој и унапредување на општествено-економските текови во нашата држава“, истакна од собраниската говорница пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
Таа нагласи дека ние доцниме со одржувањето на пописот и затоа секоја теорија или намера за негово одлагање е за деструктивна и лоша намера, која е спротивна на интересите на граѓаните и на државата.
„Како млад и прогресивен политичар, немам намера тоа да го одобрам, ниту да го поддржам“, рече Петровска додавајќи дека обезбедувањето на податоците, кои се нужно потребни за рамномерен и правилен економски развој, е нешто што е од интерес на државата и граѓаните и токму затоа оваа операција ја сметам за патриотски чин.
„Она што е особено важно за градење на довербата е дека при спроведување на пописот ќе се користат податоци од електронскиот регистар на населението, кој ќе биде поврзан со уредите за попис и податоците ќе бидат споредувани со базите на податоци на другите институции. Значи дека е невозможно да се попишат лица што не постојат“, нагласи Петровска.
Таа појасни дека во законот е предвидено да се користат базите на податоци на Министерството за внатрешни работи, како и од министерствата за информатичко општество и администрација, за образование и наука, за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за водење на матичните книги, Управата за катастар на недвижностите и на Државниот завод за статистика.
„Токму затоа не се оправдани стравувањата дека пописот нема да даде точни податоци“, рече Петровска додавајќи дека базата на податоци на МВР за гранични проверки не е наведена бидејќи во неа, во согласност со Законот за граничната контрола и европските стандарди, сите лица и превозни средства што ја поминуваат нашата државна граница не се евидентираат и ако се користи таа база на податоци, нема да ја имаме точната слика.
„Јас лично немам сомнеж дека пописот ќе биде спроведен по највисоките меѓународни стандарди, дигитализиран и според прописите на Евростат и што е најважно – со овој закон е предвидена можност да се попишат сите државјани на нашата држава за, конечно, да знаеме колку сме и каде сме. Овој закон не фаворизира ниту една етничка заедница и затоа секој обид за такво претставување го ценам како деструктивно и злонамерно“, истакна пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира