Македонија
ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потпишал за купување едно цвеќе од 9.000 денари
Бурим Латифи освен што ја злоупотребува службената положба и бесрамно лаже, велат од ДУИ.
Неприфатливо е, како што потенцираат, директорот на „МЕПСО“ да се обидува да избегне од одговорноста за ваквиот скандалозен чин, обвинувајќи го претходното раководство.
„Имаме јасни докази дека тој самиот го потпишал договорот.
Ова не е само сериозен чин на злоупотреба на јавните средства – 150 евра за цвеќе е страшен трошок, кој за многу семејства претставува трошок за цел месец – туку и обид да се измами јавното мислење.
Овие луѓе не само што неодговорно трошат од парите на граѓаните, туку лажат за да си ги покријат трагите“, нагласуваат од партијата на Ахмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, за реализација на капиталниот проект за изградба на водовод во Каменик-Стаклара
Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, за реализација на капиталниот проект за изградба на водовод во Каменик-Стаклара, кој жителите го чекаат половина век. Средствата се обезбедуваат од страна на Владата на Република Македонија, која по мерката од 250 милиони евра, сега прави нова голема инвестиција во општините, наменета за управување со води. Заложбите утврдени со Меморандумот потпишан со ЗЕЛС кој сите претходните власти го игнорираа, веќе даваат конкретни резултати, а граѓаните се на прво место, истакна Претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по денешната средба со Премиерот Христијан Мицкоски.
-Кога се работи чесно и посветено за народот, резултатите се гледаат. А за тоа најмногу зборуваат делата. Денес, на средбата со Премиерот Христијан Мицкоски бевме информирани дека се ставаат на располагање нови над 50 милиони евра кои ќе се слеат во општините, а ќе бидат наменети за управување со води.Чест ми е да напоменам дека, после мерката од 250 милиони евра, ова е втората најголема инвестиција во локалните самоуправи благодарение на посветеноста на Владата и меморандумот потпишан со ЗЕЛС кој сите претходните власти го игнорираа.
Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, пари за остварување на долгогодишното барање на мојот народ од Каменик-Стаклара, после 50 години да добијат чиста вода за пиење. Ова исто така ќе значи и дека после завршување на градежните активности, го затвораме поглавјето со подземна инфраструктура и Стаклара конечно, ќе биде последното населено место без соодветно водоснабдување.
Сакам да се заблагодарам на Премиерот Мицкоски и Владата на Република Македонија за нивните заложби за единиците на локалната самоуправа и за нивниот напор за поразвиени општини.Како никогаш во минатото, оваа Влада покажа и докажа дека граѓаните се на прво место.Посебно ме радува фактот што сега навистина постои еднаквост помеѓу општините и што нема апсолутно никакви поделби. Само така, ова наше парче земја ќе стане уште поубаво место за живеење. Продолжуваме!-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Јанев за британски BBC: Македонската полиција ќе продолжи да презема заеднички координирани акции
Првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев на последниот работен ден од четиридневното Генерално собрание на Интерпол што се одржуваше во шкотскиот град Глазгов (Англија) даде интервју за реномираната британска тв куќа BBC а посветено, меѓу другото, и на успешно спроведената меѓународна операција на Интерпол – LIBERTERRA II, во која што на различни нивоа учествуваа стотина држави членки на Интерпол, а фокусирана на борбата и спрчувањето на организираната трговија со луѓе и криумчарење мигранти.
Во интервјуто особено беше истакната улогата на македонската полиција во операцијата, пред се преку воспоставувањето на Европскиот оперативен штаб во МВР во рамки на самата операција, а стана збор и за преземените мерки и активности на национално ниво кои резултираа со успешни реализации на случаи на трговија со луѓе и криумчарење мигранти.
Инаку операцијата LIBERTERRA II привлече огромен интерес во медиумите ширум светот, особено заради сложениот оперативен менаџмент и активностите превземени од полициите на државите учеснички во операцијата, меѓу кои важно место имаше и нашата полиција.
Директорот Јанев нагласи дека македонската полиција ќе продолжи да презема заеднички координирани акции, во борбата против криминалот, сузбивањето на организираните криминални групи, лишување од слобода на сторителите, како и спасување и заштита на жртвите од овие криминални активности.
Всушност не само преку оваа и сличните вакви заеднички меѓународни акции, туку и со самиот факт нагласен во текот на Генералното собрание на Интерпол како признание за македонската полиција за успешната партиципација во операцијата LIBERTERRA II, се потврдува константата заложба на МВР да работи и да допринесе за безбедноста и стабилноста во регионални и глобални рамки, при што нашата полиција навистина се позиционира на меѓународната мапа како сигурен, доверлив, односно кредибилен партнер во заедничките меѓународни напори за сузбивање на сите безбедносни закани.
Македонија
Мицкоски и Меџити на средба со директорот на ЕИБ Бјорн: Владата искрено се залага за зајакнување на општините низ целата држава
Денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со директорот на Европската инвестициска банка, Габриел Бјорн и првиот вицепремиер Изет Меџити одржаа информативна средба со 58 градоначалници, кои беа информирани за финансискиот договор во износ од 50 милиони евра, средства обезбедени преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), а кои ги доделува Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Оваа денешна средба е во насока на зајакнување и подобрување на ефикасноста и координацијата во користењето на средствата наменети за подобрување на водната инфраструктура на општините а средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка, а ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините“ се наведува во владиното соопштение.