Македонија
ДУИ реагира: Во очаен обид за политички опстанок СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ
„Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО – ДПМНЕ. Наместо да се соочи со сопствената криза и да ја преземе одговорноста за својот тежок пораз, таа бара спас со тоа што им сервира на Македонците лажен непријател – Албанците“, рагираат од ДУИ на изјавата на Венко Филипче.
„Но вистината е едноставна: Македонците не ја мразат ДУИ поради некаква измислена корупција – тие ја мразат затоа што ДУИ ги зајакна Албанците и ја смени старата рамнотежа на моќта .
Тие не ја гледаат ДУИ како проблем на криминалот, бидејќи токму македонските партии 30 години ја ограбуваа и уништуваа оваа земја.
Денес, Македонците се манипулирани да веруваат дека Албанците се нивна егзистенцијална закана.
Но кој ја шири оваа идеја?
Денес, македонските партии, предводени од експоненти на ‘српскиот свет’ како Стоилковиќ, го всадуваат кај Македонците стравот дека Албанците им се непријатели.
Но во реалноста, Албанците никогаш не биле и не се егзистенцијална закана за Македонците. Вистинската закана за нив се оние што им ја негираат црквата, јазикот, идентитетот. Тие што сакаат Северна Македонија да остане слаба, изолирана и разединета, се истите што ја внесуваат оваа психологија на страв.
Албанофобијата не е спонтано чувство на Македонците – таа е политички проект, поттикнат и финансиран од странски интереси за Северна Македонија да остане заробена во конфликт и несигурност.
И за жал, македонските партии, наместо да го водат својот народ кон заедничка и сигурна иднина, ја користат оваа нарација за краткорочни политички профити.
Но времето на овие игри истекува. Албанците нема да дозволат да бидат жртвувани за пропаднатите политики на СДСМ, ДПМНЕ или за странски агенди кои работат против Македонија.
Оваа земја нема иднина изградена врз омраза и етнички поделби. Тие што денес сеат раздор, утре ќе останат сами во урнатините на нивната изгорена политика“, се додава во реакцијата на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците Ватли на инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.